Еве 17 недела сум и чуствувам некои движења,се надевам дека е тоа нема кој друг ,ама чекам посилно да биде да се осигурам.
прв пат го почуствував во 17та недела и тоа мислам дека ми беше најсреќниот момент во животот колку само ми беше убавооо...
Јас уште ништо...,17 ипол скоро...,дури и како некоја стагнација чуствувам,загрижена сум малку,на лекар сум за 10 дена...совет и утеха...?
Neodlucna твојата бебушка изгледа си ужива максимално, не ја мисли многу. Повеќето првите движења ги чувствуваат во 20тата недела. Ние кога бевме на ехо, бебето милион пати се сврте, но ете јас ништо не чувствувам и решив веќе да не се потресувам толку
Истото и мене ми се случи....по форумов читам дека кај сите мрднало некаде околу 17-19 недела кај мене мака немаше...па еве веке 4 недели (сега сум 25) мрда како ненормално )))) веке почнав да го осеќам и кога се превртува. Неодлучна не се секирај ке по4не и кај тебе да мрда па ек видиш и ти колку прекрасно чувство е тоа позз
здр...и јас сум еве бремена 22 недела и го сеќавам мрдањето на моето злато... прекрасно чуствооо...дури навечер кога мирувам и го гледам стомакот и се заприметува кога мрда...и мажми виде и кефој беше ....прекрасно чуство...позз
Здраво Јас прв пат почуствував нешто како гасови низ стомакот минатата недела (19 недела) и ми рекоа дека тоа е бебето, сега сум 20 недела и веќе три дена не чуствувам ништо и почнав да се секирам. Може ли да ми кажете дали е тоа нормално, дали некоја од вас и се има случено тоа?
Најнормално. Обично движењата го заспивале бебуш па кога спиеш те прави лом Или цело време си мрда само што не можеш да ги почувствуваш баш сите движења.
И кај мене нема ништо уште,но не се секирам толку,ако приметитие од моите предходни постови,побрзо отидов на лекар ради грижи али ок е,за мрдањето ми рече тоа може и мрда ама како првородка јас не можам уште убаво да осетам,ај валда ке замрда скоро
Почнавме да се дружиме со бебушка. Пред некој ден ги почувствував првите пеперутки во стомакот, интересно чувство Го чувствувам кога сум во полу легната положба, но не секогаш. Еве од пред три дена, дури денес на кратко го осетив. Душа на мама најубава
Според мене многу рано. скоро 15 недела без некој ден. Сите викаа рано е,но кога бевме на преглед и викам е сега мрдна,сега пак а мм гледаше во екранот остана со зачудена блага насмевка. Тоа се должело шѕо бебуш го носам ниско. А сега да сме живи и здрави лом праиме.Какви клоци добивам особено пред спиење и на пладне И најубаво е кога ќе почне да чувствуваш движење онака од еднаш, слатко си се насмевнуваш дека само ти си знаеш зошто
NoellePage се сложувам со тебе, целосно. И јас мислев дека е рано, моментално сум 15н6д , а го чувствувам од 15н3д. На последниот преглед од пред 3 недели бебушка беше по напредно за 8дена, а и доста активно, така да воопшто не ме чуди што почнав да го осеќам. Многу читав, во однос на движењата, да знам што да очекувам, како да препознаам, па по тие податоци сфатив дека е сонцето наше
мешиња дали првите движења на бебчето може да се опишат како нежно пецкање и гребкање во долниот дел на стомакот? пред малку пеглајќи го осетив тоа инаку сум отприлика 16 нед плус 2 дена, не знам дали тоа бебчето ме поздрави?
Баш такви се првите движења на бебето нежни и неопишливи јас првите движења ги осетив некаде 19-20 недела уживај додека не се појаки дури подоцна може ќе ги забележуваш рачињата, ножињата, главчето како се движат низ мешето.
Баш сум среќна ако е така, и знаете што направив одма кога го осетив гребкањето се стрчав кај мм и гледав во него ми рече една пријателка дека при првото движење на бебчето оној што прв ќе го видиш на него ќе личи бебчето не веруам многу во тоа ама па сакам бебчето да е на мм што да правам. Ве поздравувам сите!
и јас првпат го почувствував во 16 недека како нежно галенје како да ти се движи некое рипче во мешето
Feminki moze li nekoja podetalno da gi opise prvite dvizenja na bebusot? JAS SUM 16NEDELA I SE USTE NEMAM POCUVSTVUVANO NESTO STO BI LICELO NA DVIZENJE.
Се чувствуваат нежни и слаби движења како мало гребење ајде така да кажам од внатрешната лева/десна страна зависи каде е бебето , јас ги почувствував движењата некаде на крајот на 19-та недела , нема што да се оптеретуваш со ова , некој чувствува 16-та некој 20-та а може некоја и покасно.. Така да уживај си во бременоста
Jас првпат ја почуствував во 5ти месец,чуството е како некоја жаба да ве допира,како некое глувче да мрднало Eдвај чекав да ми мрдне потоа,само си го гледав стомакот Aма во 8 ми и 9ти месец дури и болно е клоцањето,она навечер пак