нормално е со текот на неделите како радтеќе го осеќаш секогаш хаха еве ние неможеме ни да спиеме веќе ни да одмараме.. тие се најслатки движења
Како што ве читам сите доле ниско сте ги осетиле првиот пат, исто и јас првата бременост. Сега осеќам нешто од левата страна на папокот, значи доста високо. Возможно е? Што друго би било, неколку дена по ред го осеќам, еве го и моментално. На преден ѕид ми е постелката ако значи нешто.
Можно е, јас оваа бременост така почнав високо кај папокот нежно да осеќам, прво кон 15-16 недела, а во 17 бев на преглед и таму гледаше со ехото и баш стапалата беа таму. Докторот ми рече ко ќе почнеш да го осеќаш убаво овде прво ќе е. Сега сум 21 недела и веќе сегде се ударите, долу, горе, странично Со првото ми беше на преден ѕид постелката, почнав кон 20 недела да ги осеќам движењата и исто високо беше до крај.
Јас сум 18+6 го осекам како балончиња да пукаат али се осеќа тоа е, е сега i’m freaking out еден ден осеќам повеќе, некој ден мислам ништо и само ја ставам раката да го осетам зошто и така се осеќаат како бранови ако подржам подолго време и само си викам аман кога ќе почне она скорс
Мамии 22+6 сум некои денови повеќе ја осеќам некои помалку ама тоа знам во ред е. Ама движењата и се нежни такви ли се? На пример знае да се подигне стомакот од мрдањето ама сепак е нежно или рано е уште за такви силни удари или па јас си замислувам кој знае како треба да удира. А стомак кога држам со рака секогаш ја чуствувам како мрда.
Нормално е, јас сум 20та недела па уште немам видено стомак да се помрдне. Го осеќам нежно речиси постојано, ама сеуште не се гледа однадвор
Ајде да си запишам (некои теми како дневник ми се ). Конечно го осетив во 20та,вчера вечерта ептен се превртуваше од добра вода со вкус Викаат вторите порано се осеќаат, кај мене обратно, првото во 18та го осетив.
Девојќии едно прашање сабајле почуствував како некој нежен допир или како нешто да ми крцна дали е можно да е бебчето инаку сум скоро 16 недела прва бременост
Од 14та до 17та не бев сигурна дали е бебе, од 17та почнав да го осеќам ама не секојдневно, а од 21 го осеќам постојано посебно кога лежам. Стопена сум од среќа Само од мм уште се срами
Женски, осетив како некое меурче да ми пукна, како да ме скокотна во стомакот на кратко. 15+1 сум, можно ли е да е бебе?