Десно одма до пупакот тука го осекам едниот близнак кај него постелката ми е на заден зид,ама сега доста беше појак удар,онака се изненадив и исплашив зошто предходно го осекав како бранови и благи ударчиња.Дали е за паника да отидам на дежурно
Еее чекај чекај. Има до прв да се вртат и да добиваш удари. Па и некои удари и ќе те здоболат. А ударите во бешика се…
Ова до папок ми бесе десно,ама јако го осетов ептен ме изненади викам што се деси.Ако е све нормално кеси трпам знам дека треба и дека е и јако,ал ова изненадно беше и затоа испаничив.
Јас уште немам осетено појак удар, само слаби ударчиња. Најмногу десно го осеќам и најчесто навечер кога ќе легнам или сабајле пред да станам. Преку ден ретко. Прв пат го осетив во 18 недела.
Прв пат 18та недела точно на Велигден Инаку прва бременост мислев дека покасно ќе го осетам накај 20та ама бебуш беше понапреден можеби затоа..
Денес 21+0, постелката ми е на преден ѕид. Мм едвај чека да го осети ама уште слабо го осеќам. Пред некој ден на контрола бев, главата му беше долу, а нозете горе. Ептен вертикално беше поставено, а јас го осеќам најчесто десно подолу, па претпоставувам со рацете мава.
Епа и јас другиов близнак слабо многу го осекам дека постелката кај него ми е на преден зид,заржтоа другиов ептен го осеќам кај него мие на заден зид постелка
Јас сум 19+ со постелка на преден ѕид. Уште ништо немам осетено. Ни пеперутки, ни рипчиња, а камоли удар. Читам во темава од 16та ги осеќате. Нормално ли е?
Нормално е, ќе го осетиш за брзо. До 24та е нормално. После коа ќе те рокне хаха има да се чудиш што беше сеа ова.
Не е за паника. Значи е јако бебе Мене малиот хаос ми правеше во стомакот. Од многу рано го осеќав значи некаде 12 + недела. Веќе пред пораѓај ако веруваш болно беше Која недела си сега?
Јас со второто направив паника , бидејќи од 12+ го осеќам( нормално слабо) и 16+ недела го нема два дена… се јавувам как докторот му викам бебето не го осеќам и тој ми вика 16 недела си многу е рано. Јас не, го осеќам од 12 , сакам да дојдам. Тој ајде дојди, ме вметна да ме види, бебето нормално, заспано И од тогаш веќе не испаничив
Јас изгледа конечно го осетив ова мое дете. Ама па не сум ни 100% сигурна дека е тоа, немам искуство. Од вчера на моменти како да ми жуборка нешто под папок понадесно, како меур/гас. А удар дистинктивен не сум осетила уште. 21+4 сум денес.
Непаметам точно која недела бев ама сигирно пред 21 недела било,си добрив удар и тоа баш јак што шд памет се извадив незмаев што се деси,неочекував од бебинјата зошто неми беше верно беа многу малечки.Ама овие моиве јаки се