Моето лично искуство вели ДА - ќерка ми беше мрзелива до немајкаде, среќа во тоа време не налетав на работи од типот „Минимум 10 пати во денот да го осетите како мрда, ако не јавете се на преглед“ и слично, па ја истуркав цела бременост така. Прв пат ја осетив многу касно, после 22 недела беше сигурно, а до крај на прсти можам да избројам пецкања од неа, зошто беше карлично поставена и свртена во мене. Кога се роди, а и сега е, ептен мирничка, така да јас го потврдувам непишаново правило
Изгледа од тоа што пребарував на форумов само Annath blond NoellePage lady05 meU го има рано почувствувано бебето...сосема доволно феминки,за да знам дека сепак постои таква можност.Дека сум осетила добро.
јас 14та недела осетив нежни голицкања мнооогу слатки се ежев цела, баш како пеперутки, а вистински удирања дури и подрипнување на мешето осетив во 17та недела.
^и јас зборам за нешто нежно...уххх незнам како да го опишам на првите две не изреагирав вчера, ама ова сабајле 3 пат исто осеќам....хммм ааа далеку е за оние вистински движења тоа знам
Сноу и јас го осетив рано, онака како да ме чешка нешто, како да ме лази некоја бубачка , ама се мислам дека тоа беше накај 16/17 недела. Сега сум 22, па го осеќам како клоца, само што ударите не се болни ни силни. Мислам дека е рано, сепак си 14 недела, така? Ама пак и можно е, што знам. Јас и докторот го прашав ми кажа дека е рано, дека бебето е мало за да се почуствува.
15та недела на почеток^ ќе видиме.... ама ако и другиве денови истото се повторува....хммм тогаш ќе да е тоа, ако не тогаш ќе го чекаме вистинскиот момент.Баш ќе ви пишам.
Не ти е баш рано, и јас прилично рано го осетив. Тоа е тоа, се разликува од останатите движења, сигурна сум дека си го почувствувала, ама нема секој ден да го чувствуваш исто на почетокот. Ќе има денови кога нема да го чувствуваш ич, се зависи како е поставено. Ама не му се секирај, ќе го чувствуваш повеќе, има време. Мојов ровареше во стомак, сите ми велеа дека ќе биде мирно бебе. Не си свесна колку мрдаше, колку се движеше, само ноќе спиеше, а преку ден активен. А не се промени откако се роди, не беше мирно бебе, темпераментен беше и како мал и сега, воопшто не застанува. Па сега, како ќе ти се погоди
ЕЕеех прв пат го осетив минатата недела на плажа, легнав малку на стомак и тогаш како нешто да ме заскокотка, какко пеперутка да ми помина... хааахх баш слатко! Тогаш бев на почеток од 17 недела... И уште еднаш истата недела кога се разбудив од спиење...оттогаш е мирно...
jas nekade 16 nedela pocnav da go osekam a sega sum 21 nedela i veke go osekam pocesto super nesto za sega
Јас првпат го осетив во 15 недела и тоа асални два удари, како некој фудбал да игра на мали голчиња во мене. А сега мрда доста често, особено навечер кога се шетаме низ маало со мажето, изгледа многу сака прошетки. Ама вчера беше најинтересно. Се утепа клоцајќи додека татко му го галеше стомачето, и после штама речиси цело попладне. Само што татко му стави увце (демек ќе го слуша) си доби асална клоца. И после маж ми цело време се фали дека го осеќало него и затоа мрдало повеќе.
јас сега за прв пат го поЧувствував во 18 недела,како да ми се заглавила некоја пеперутка во стомакот Чувството е прекрасно да знаес дека во тебе постои еден зивот
Покрај оние меурчиња во 16та недела што ви ги имав спомнато, за кои не бев сигурна дека се тоа тоа. Точно на 2ри Август, во 18та недела....убаво ме исклоца мојата цуца. Така да сега дефинитивно знам кога е она.
Кога докторката ме гледаше на ехо како да почувствував некое мрдање,дали тоа беше од притисокот на ехото или не знам но баш во тој момент го гледав на мониторот и бебушко се движеше... Можеби така ми се причини не сум сигурна а инаку знам дека е рано за да почнам да го чувствувам...барем да поминат уште 2-3 недели...
^премногу е рано за да било бебето...барем уште 2/3 недели па понатаму очекувај навистина да го осетиш твоето мало срценце.
Девојки јас мислам дека го сетив бебушко... Првиот пат беше вчера кога си легнав да спијам,раката ми беше на мешко и осетив како нежно движење со врв од прст...така некако почувствував.А денеска додека пиев кафе со мм и се разблажував со чоколадце,повторно почувствував такво нежно движење. Не верувам дека е некое мускулче бидејќи веќе знам какво е чувството да носиш живот во себе.Бас се сеќавам и син ми така рано го почувствував(ме разбуди некое движење,како блага стрија да поминува низ мојот стомак). Да споменам дека на ехо покажува дека неколку дена е понапредно бебушко...
^ништо чудно поготово што имаш бременост претходно, и е многу посигурно и реално порано да го распознаеш нежното движење.
ми треба совет 4 дена како не можам да го осетам бебето..пред тије 4 дена го осејчав по малце во лежејне а сега неможам никако (страв ми е ) термин имам дури петок што мислите дали да презакажам за утре?
^и мене ми се случи на два пати по 3 дена да не го осетам....ама тие денови бев многу под стрес. Да не си имала нервози и слично? Пробај да јадеш благо и газирано да пиеш ама лежи едно пол саат од кога ќе ги земеш, за да видиш дали и најмало движење ќе осетиш. Не паничи,ајде почекај.