Девојки 16 недела сум и прва бременост,викаат рано е да се осети мрдањето на бебчето,а јас претежно од десна страна имам чудно чувство,како пеперутки,некое движење. Како е чувството кога за прв пат ќе почне да се осеќа преткањето?
@mal.ecka и јас првпат осетив во 16-та нед. Д-рите исто велеа нема шанси. Ама знаеш дека тоа е тоа Потоа го немаше недела -две. Па почна на 2,3 дена па секој ден, па еве сега не престанува
@Masnicka.5 jас почнав некаде околу 16-та недела да го осеќам. Во просек со прво дете околу 16-18 недела, додека со второ може и малку порано, така ми кажа матичната уште на почетокот. Прво осеќав како скокоткање, многу нежно, а сега е веќе силно клоцање што и на самиот стомак се познава
Ако не се лажам првото го осетив некаде околу 18 недела... За прв пат вчера го осетив бебуш во 15 недела што значи порано од првото
Mamicki jas sum 17 nedela I osekam mnogu cesto kako da mi krcat crevata kako da mi pominuva nekoja struja I ne znam da procenam dali mi krcat crevata ili bebeto mrda a mi vikaat deka e rano
со првото ептен рано околу 13 та недела како змија да ми помина внатре со второто тек 19 недела ,тоа веќе беше вистински удар
Првите околу 13 недела у некој ден ги осетив дека слаба си бев и на преден ѕид од матка ми беа (така кажуваше матичниот) па затоа порано сум ги осетила , а сега третото во 15 недела и претежно секој ден го осеќам како си "игра" внатре
Во 14 недела,ептен слабичка сум па најверојатно и затоа порано.Онака како некој слаб трепет.После тоа неколку дена го немаше.Па од 16 недела неколку пати во денот по малку ќе ме клоцнеше,за сега во 19 недела да клоца активно и посилно.Се прашувам дали спие некогаш бебево мало
Здраво мамички. Од која недела може да го почуствувам бебушот. Јас сум 15 недела. Мислам дека сеуште е рано, затоа барам ваше искуство. Убав ден
18 недела некаде бев сигурна веќе дека бебушка е.Дури кога почна убаво да тропка. Претходно не, можеби сум чувствувала, ама не знаев дека е бебка. Периодот интензивно ми крчеа цревата, буквално чувствував како се местеа. Па не бев сигурна дали е бебе или нешто друго.