Кога родителите секојдневно шетаат сами...

Дискусија во 'Дете' започната од girl.23, 25 јануари 2012.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.763
    Многу родители се секој ден излезени по кафичи, а навечер по дискотеки. (Разбирам дека е нормално да сакаат да шетаат).
    Но, проблемот е што често се сами, со пријателите, без децата. Речиси секој ден.
    Децата седат дома и ги чуваат баба и дедо најчесто.
    Некои се однесуваат и како да немаат деца или да се запрашаш, добро бе, каде се децата?
    Каде е нивната родителска грижа и воспитание?

    За мене е многу незрело. Да направиш деца ради реда, а потоа да чекаш самите да растат, а родителите да го живеат она што не го изживеале.
    И потоа ќе пишуваме во темата: Денешната младина....

    Го оправдувате ли вие ова?
     
    На lolita97, jasminadd и Teresa94 им се допаѓа ова.
  2. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    662
    Види, сите ќе ти кажат дека не оправдуваат и такви ми ти филозофии, ама факт е дека, еве од ракав треснато, 5 од 10 родители не се спремни за одгледување деца. Влегуваат во брак млади (не дискриминирам ама тоа е многу често во руралните средини) и што вика баба ми -неизживеани. Па сакаат да видат уште забава од животот, а детето го сметаат за товар. Човечност испод нулата.
     
    На makgirl, crazylady, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    5.070
    Допаѓања:
    36.184
    Пол:
    Женски
    Искрено не гледам причина зашто родителите не би излегувале навечер доколку детето или децата им се згрижени, значи има баби дедивци или дадилки да ги чуваат. Еве зашто го кажувам ова. Ако родителите имаат желба за излегување и ја потискаат, неизбежно ќе дојде ден кога таа фрустрација ќе излезе на виделина. Плус, не е битно времето кое ќе го помине родителот со детето туку квантитетот и посветеноста. Што ако мајката е 24/7 дома, и седи цел ден на кауч, гледа турски серии или виси на фејсбук. А детето не добива никаква грижа од неа. Така да дали излегуваат родителите или не не е репер, барем според мене, за тоа колку се посветени на своите деца.
     
    На Lolipop23, eloves, Vetruska и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.626
    Зошто да не го направам ова:

    - Се враќаме од работа 17:30, се дружиме интензивно и ексклузивно со детето (било дома, било некаде надвор - на шетање или по гости)
    - 20:30 - 21 го спремаме за спиење, си се гушкаме сите на спална, тато оди во дневна, ние се заспиваме (во меѓувреме доаѓа баба)
    - 21:30 тато веќе спремен, ја чека мама само да се облече (шминка се знае - во кола :D ) и излегуваме на пијачка / вечера / кафанче.
    - 01 најкасно сме дома, детето си спие без воопшто да сети дека не немало. Мама се качува горе, баба слегува долу и тато ја носи со кола дома.
    Се враќа тато дома, и си правиме „ретроспектива“ на поминатата вечер, на муабетите со пријателите, или едноставно си лежиме гушнати и ЗАДОВОЛНИ, оти детето ни е среќно, задоволено и наспано, и најбитно - нема исфрустрирани родители.

    Се` се може, треба желба, договор и нормално - поддршка :)
     
    На Lolipop23, Troi, eloves и 27 други им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    5.070
    Допаѓања:
    36.184
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со тебе.
     
    На tessie и avita им се допаѓа ова.
  6. avita

    avita Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    31
    нема нисто лосо во тоа родителите да си го заЧуваат социјаниот Живот и покрај сто имаат деца.. напротив . седеЊето дома.. гледанјето турски серии игранје покер фарма .. а децата ги занемаруваат тоа е проблемот.. знаЧи нема врска излегувањето.. но се сложувам со тебе дека жално е децата кога се по 24 саата со бабата .. жалам ги родителите тоа еден ден ке им се врака како бумеранг.... убаво е кога детето плаЧе по родителите не по бабата .. тие ја пропустаат можноста да бидат родители.. бабата едне ден ке има поголемо влјинаие за детето него ли мајката тогас се вистинските проблеми.. но секој бира сто и како во животот .а излавањето .. не мислам дека е некој проблем, да се биде добар родител.. но се во умерени граници секкао поззз
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.166
    Допаѓања:
    4.960
    не сум родител и неможам конкретно и точно да дадам одговор но ќе дадам мое мислење. Доколку на детето му се даде доволно љубов доколку се има правилен распоред на времето и секој си ги знае обврските по дома има време за се. И за дете и за маж и за излагање. И сметам дека бракот би се задржал и би траел подолго доколку двајцата брачни другари заедно излагаат а ете детето го чува баба или дедо( меѓутоа излагање во граница на нормалата не секој ден) одколку ете првин мајката седи дома и го чува детето а таткото шета по кафани и потоа обратно, само затоа што детето треба да го чуваат родителите. Да детето го чуваат и родителите а едно или две излагања месецно не ги прави лоши родители. А за секој дневно шетање сами е тоа малку е претерано а мислам и дека тие што имаат деца дома и немаат доволно време баш и секој ден да шетаат
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.578
    Допаѓања:
    70.845
    Не можеш да шеташ секој ден сам, и да одгледуваш дете како што треба. Мислам, не можеш и многу други работи да направиш, на пример да средиш по дома, да прочиташ нешто и слично. Едноставно, немам ни време ни енергија да шетам секој ден, па уште без деца. Ако некој живее во заедница, и не мора ништо да работи дома, или не работи па го има цел ден на располагање, тогаш можеби и можат да излегуваат секој ден, откако ќе им заспијат децата. И јас кога излегувам не сакам да им одземам на децата време кое би го поминале со мене, а и онака немаат многу време за поминување со мене. Ама не можам секоја вечер, а не можам ни да барам некој да седи дома со децата секоја вечер.

    Повремено шетање без деца сосема оправдувам. Колку и да звучам неизживеано, мене излегувањето ми е издувен вентил, и ако не се издувам сум опасна по околината :D
    И сметам дека тоа не ме прави лоша мајка.

    Од друга страна, не сакам да ги носам децата навечер со мене. Ако некаде треба да одам, на мекици, свадба и слично, нив ги оставам дома, и замолувам некоја баба или дедо да дојде, или ако е викенд, спијат кај баба им и дедо им. Нема што да им се нарушува сонот.

    Преку недела ако веќе сакам да се издувам тогаш повеќе сакам да излезам откако ќе ги легнам, од колку да се дружиме дома со пријатели кои имаат деца. Моите деца за да бидат одморени треба да се во кревет во 8, а ако легнат во 10.30-11, следниот ден не функционираат. Нема зошто да им го реметам биоритамот.
     
    На Lolipop23, eloves, Nausicaa и 13 други им се допаѓа ова.
  9. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    582
    Се е во ред ако родителите знаат да си го организираат времето и многу е точно тоа што некој го пиша, што ако се дома а исто ко да ги нема. Но реално мораат да сфатат дека исто не е, мора да си наоѓаат време за себе но сега тоа нема начин да биде приоритет. И добро е ако не се од оние родители кои цел живот се осеќаат неизживеани, затоа што кога тогаш нормално е да се смири човек.
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.320
    И јас немам ништо против, па реално да гледаме луѓето стануваат родители на 20 и кусур, 30 години, па тогаш си се уште млад, зарем не треба да излезеш понекогаш и во град?!

    Плус децата во 9 се во кревет, така што тие нема ни да забележат дали се тука мама и тато или не.
    Е сега, друга е ситуацијата кога малото е само што родено, па се буди навечер и освен мама и тато не му треба никој друг, но кога е веќе потпораснато не гледам пречка. Од постојано седење дома или само излаз во комшилук, освен монотонија и караници друго нема да има.

    И уште да спомнам, тука не оправдувам да се влечат пијани по улици како несаглам да се малку, ама тоа не заради децата, туку чисто ради нив и годините :)
     
    На MacenceEna и avita им се допаѓа ова.
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.545
    Мене ми е баш ок родителите сами да излегуваат да си посветуваат време, а и внимание еден на друг. Во многу случаеви одкако ќе се роди детето брачните сопружници се запосотавуваат ќе се посветат целосно само на децата. И на мажот и жената и треба простор само за нив. Невелам дека постојано тоа треба да го прават, но еднаш неделно би било пожелно. Зошто да е ми било во ред ако мајками и свекрвами можат да ми го чуват детето, ќе бидам мирна дека тоа е збринето, ништо не му фали и ќе си се опуштам и ќе си уживам. Камо мајка ми и татко ми да имаа мене и сестра ми на кого да не остават и тие да уживаа.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.763
    Апсолутно се сложувам родителите мора да имаат малку време и за себе, да ја оджруваат и својата блискост, да се дружат, шетаат, што и да е. Мора за да опстои еден успешен брак. :)

    Но, овде мислев на некои екстреми. Пр. мајката од на работа одма фаќа по кафиња. И тоа секој ден! Викенд за излегување по диска не пропушта. Каде и да оди преку ден, секогаш е сама или со другарк/и, а детето е на училиште и дома со баба и дедо. Таткото фатил своја маршута на шетање.

    Една комшивка дури после 3 недели од породувањето секој ден дотерана излегуваше, а бебчето и` го оставаше на свекрва и`/или на мајка и. Дали беше влезена во фазон, еве мајка сум, ама сеуште сум згодна и можам да шетам-не знам. Разбирам дека има потреба да се издува и таа, но после 3 недели? :x Кога примаат бебиња во јасли в градинка (не знам точно) околу 8 месеци мислам имаше бебето, го носеа в градинка, а мајката не работаше нигде. Ова ми е навистина несфатливо. Иначе, бидејќи ми е комшивка знам, прво се венчаа, па бебето го направија со намера. Значи не беше ненамерно, па демек неспремни се.
     
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Јас имам две дечиња,но ќе го кажам моето искуство со првото дете бидејќи второво е само два месеци старо (но и со него ќе го практикувам истото). Уште пред да се роди син ми јас и мм се договоривме дека детето нема да ни биде пречка за ништо и дека се што дотогаш ни било уживање,шетање ,дружење ќе продолжиме да го практикуваме и понатаму со таа разлика што сега со нас ќе имаме уште еден член,а тоа е нашето детенце.Уште од 2 месеци син ми го носевме по кафичи,ресторани,продавници и секако по гости и сето тоа не беше никаков проблем за никого.Доброто беше што јас го доев и така храната за него секогаш беше со нас :D и не морав да се замарам со тоа да спремам млеко секаде каде што ќе отидевме.Искрено сметам дека ова наше носење на детето му помогна да се социјализира и го направи среќно затоа што секогаш и секаде беше со мама и тато. Одкако наполни 1 година еднаш или два пати во месецот јас излегував со другарките навечер,а за чување на детето секогаш беше задолжен таткото.Досега сум го оставила само 5-6 пати(во 7 години) со баба за ние да одиме на некоја свадба или некоја друга прослава и тоа само заради тоа што и двајцата сме заклучиле дека тоа место или време не се добри за него.
     
    На maca99 и Annath им се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    59.853
    Пол:
    Женски
    Кога повеќе би гледале во сопствениот а помалку во туѓиот двор, животот би бил многу подобар :?:

    Јас излегов прв пат сама син ми кога имаше неполн месец, имав карти за концерт, имав кој да ми го чува, и водечка мисла никако не ми била, лелеееее видете ме колку сум згодна (мада не разбирам на кого би му покажувала/докажувала такво нешто) туку убаво да си поминам на концертот.

    За мене лично е подобро решение да се остави детето дома со баба/дедо и да биде во кревет до 9 саат, него ли да се носи по кафеани и да биде будно до 12-1 саат сабајле, мене ми се поодговорни оние родители што ги оставаат децата дома од оние што ги носаат по кафеани.

    Јас секојдневно неможам да излегувам, затоа што немам кој да ми го чува, немам кој да ми ги врши домашните обврски, да имам можеби и јас би излегувала, не гледам ништо лошо во тоа да се остави детето со баба/дедо тие се среќни за времето што го поминуваат со внучето.

    Внук ми кога беше бебе постојано го чував, и ете го здраво, право, весело и многу сакано дете.

    Да имавме комшии кои немаат попаметна работа освен да висаат по прозори и да бележаат мајка му колку,каде и зошто шета којзнае колку ќе го жалеле, и ќе се чуделе непотребно во кој фазон е влезена мајка му :rofl:
     
    На eloves, tessie, Dennings и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.707
    Допаѓања:
    145.596
    Пол:
    Женски
    Искрено, мојот друштвен живот го запоставив во последниве четири месеци. Со мажот ми никаде не сме излегле сами освен на свадба, ако тоа се смета за излегување. Инаку, секаде го носиме малиот со нас, па затоа почесто шетаме дење отколку навечер, најчесто за викенди ако немаме други обврски. Не дека нема кому да го оставиме, баба му и дедо му си се тука, ама не можат да го чуваат, од здравствени причини. И навечер сме излегувале, ама никогаш не седиме подоцна од 9 часот, каде и да сме, се враќаме дома бидејќи детето е на прво место и нема потреба заради нас двајца тоа да трпи.

    Инаку, не мислам дека родителите треба да седат само дома. Ако станеш родител не значи дека жртвуваш буквално се' за да му се посветиш на детето. Дали треба родителот (без разлика дали е мајката или таткото - секако мајката добива породилно отсуство) да престане да оди на работа? Секако дека не. Па така дека родителите треба да излегуваат и без децата - секогаш е потребно да се има малку време за себеси, без да се мислиш кога треба да се прибереш. И не значи дека ако излезам со друштвото или со мажот ми на кафе, вечера или што и да е, дека сум го запоставила детето и неговите потреби. Сега имаме таков период кога двајцата седиме дома, затоа што и да спие малиот не можеме да го оставиме - се буди и ме бара мене, никој друг не може да го смири. Тоа ни е моментално проблем и се обидуваме да го средиме, но се тешам дека кога ќе потпорасне малку, нема да биде проблем да го оставиме навечер.
     
    На crazylady, Ariel, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.545
    Не верувам дека некој е способен секојдневно да излегува сепак самата работа, обврските дома не ти го дозволуваат тоа, али привремено нема ништо подобро од тоа да имаш на кого да го оставиш детето и да си се посветиш на сопругот и на себе!
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.523
    Јас не гледам ништо лошо, ако е со мерка.
    Првите месец-два реално никому не му е дојдено до излегување, бебчето е премалечко, а мајката истоштена.
    Се' уште не сум мајка, но планирам да ангажирам армија чувари - баби, дедовци и дадилка ако е потребно, во времето наменето за излегување.
    Мене ме чуваа бабите, а од 5.5 години се чував сама, со клучот врзан на зелена врвка од фамозните бициклистички. :D
    Не ми недостасувало внимание од родителите никогаш, дури сум го имала и премногу.
    Моите работеа со мене постојано кога тргнав на училиште, мајка ми постојано ме тераше да раскажувам што и како се случувало или дискутиравме на одредени теми, што многу ме нервираше, а сега сфаќам дека така ми ги проширувала мозочните ќелии. :lol:
    На пример, кога ќе прашаше - и сега што научи од ова што го гледавме?
    Црева ми се вртеа.

    А моите родители се од оние, шетачите, па тоа не ја спречуваше мајка ми да ме казни дури и кога доцнев 15 минути од гостите кај некоја другарка.
    Без излезени најмалку 3 пати во неделата, и одморите 2,3,4 ги поминале сами.

    Дали се лоши родители?
    Не.
    Дали сум јас лошо воспитана, или не ми било обрнато доволно внимание?
    Не.
    Дали згрешиле што не ме земале на одмор со нив?
    Не. Кога има некој да го чува детето, зошто да се носи? Што одмор бе ќе види таа мајка со раскенкано дете околу неа? Подобро и нека не тргнува.

    Ваквиот развој на настаните резултираше во прекрасен резултат, многу посамостојно и посвесно дете, и многу ми е ќејф што не сме фластер со мајка ми и татко ми.
    И ден денес кога ќе ги видам како излегуваат ми е мерак и мило што бракот им е таков каков што е.
     
    На eloves, tessie, crazylady и 14 други им се допаѓа ова.
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.669
    Мене ми е одвратно кога ќе видам мајката дреми со детето дома,а таткото на велико ака по кафани :fubar:
    Во ред е да се излегува умерено.Всушност така треба и да биде.Не е во ред кога се запоставуваат сопружниците.И покрај детето,кое нормално е број еден преокупација,си треба време и еден за друг,сами.Така да и јас би излегувала.Не можам да си замислам како ќе биде ако би немале време за нас двајцата,кога здравје ќе дојде бебето...
    И моите излегувале,не оставале на баби,дедовци,и ништо не ни фалело.Оделе на зимувања ,на одмори,и ниту еднаш не сум ги осудила,туку и јас така би правела.Секогаш имале време за нас,а и за нив.
    Чиста сметка :)
    И да,има такви кои нон стоп с еизлезени,и јас познавам 2,3 во мојата околина,на кои само што им се роди детенцето-тие на искачање......сите се чудевме како можат така?И тоа без мажите,сами навечер во диско,сабајле на кафе-катастрофа!
    Кога веќе сакаш дете,треба и да бидеш дораснат на таа обврска и да знаеш како да се справиш со неа.
    А секако,не треба ни да се затвориш во 4 зида.Само треба убаво да си го испланираш времето,и да најдеш време и начин за се.
     
    На eloves, crazylady, avita и 3 други им се допаѓа ова.
  19. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.763
    Си се пронајде во примеров па затоа ја напиша првата реченица. :lol:
    Јас за комшивката не кажав ништо лошо, нити измислив нешто, туку само кажав нешто за кое не можам да се правам слепа, да не гледам кога е очигледно.
    Затоа го напишав како пример овде, затоа што често пишувам примери низ темите, за добро да ја доловам и објаснам ситуацијата и моето мислење, како што и повеќето прават. ;)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.523
    Може ли малку да ја проширам дискусијата и воедно да упатам прашање и кон оние што се мајки и оние кои размислуваат да бидат?

    Зошто само кај нас се крева толкава фама околу децата?
    Зошто уште од најмали нозе поголемиот дел не се одделуваат од фустанот на мама, сите ги галат и мазат до бесконечност и им се притресуваат до граница на параноја?
    Како само во Македонија да има деца, како сами нашите да се мајки.
    Зошто родителите да не шетаат, да не си дозволуваат викенди, одмори, вечери, излегувања сами, кога дечињата се потпораснати?
    Децата демек ќе се чувствуваат напуштени, истрауматизирани?
    Не бре, напуштени се кога двајцата се постојано дома, а никој не им обрнува внимание, кога никој не им одговара на прашањата кои ги поставуваат по 100 пати, кога слушаат караници, незадоволство помеѓу родителите, кога живеат во една нездрава и нехармонична средина.
    Како би се одржал балансот во бракот и љубовта, кога мајката е опседната со детето?
    Кога и на 25 години му се јавува на синчето да го предупреди да се облече зашто надвор дува, или да го потсети да појадува.

    Не сум мајка, но дури и кога ќе станам, никогаш чинам нема да ја сфатам таа претерана опседнатост и заштитничка љубов.
    Доаѓа детето - и целиот свет се врти веќе околу него.
    Нема сопруг, нема интима, нема живот - дете имаме. |(

    Ги поздравувам сите кои наоѓаат време за себе и сопругот.
    Мајките кои со усул си земаат време за себе, за кафе со пријателките, мажот кој си го одржува своето хоби или ритуалите со неговото друштво.
    И ги поздравувам оние на кои не им е гајле што мислат Петко, Јанко, Станко ако сум решила да го оставам моето дете за викендот кај баба му и дедо му, додека уживам со сопругот.
    И мене ме оставале, па гледам, мошне сум истрауматизирана.
    Нема што.
     
    На eloves, tessie, Dennings и 11 други им се допаѓа ова.