Феминки според мене не е во ред сеедно дали едните или другите типови на родители да се квалификуваат како неодговорни или недораснати. Јас исто како и друга мајка најдобро знам што е најдобро и што му треба на моето дете и тоа не значи дека ако не правам како некоја друга дека јас сум лоша и неодговорна мајка.Сите ние сме различни ,од различни средини,со различни сваќања и со разни воспитувања и она што е нормално за мене за некоја е лудост ,но тоа не ме прави ни полош ,ни подобар родител од нејзе. Сепак таква каква што сум јас сум најдобриот родител за моите деца
Трендафилке, токму од тоа што го наведе ти произлегува фактот што кај нас 90 проценти од машките се претежно мамини синови и важно им е што ќе каже мама, а не жената. Јас лично не сакам да си го запоставам животот и се' да ми се врти околу детето. Секако, сега, додека е уште малечко, цицалче што се вели, јас сум таа што се грижи за него, и тоа е сосема нормално и очекувано. Меѓутоа, кога ќе потпорасне сигурно нема 24 часа да бидам со него, пред него, зад него. Мора да научи да биде самостоен, а не да се држи за моето здолниште дури и кога ќе порасне. Фала му на Бога, детето има двајца родители и нема беспотребно да го врзувам за мене. Точно дека мајка си е мајка, ама се' си има граници.
Се' зависи од карактерот на родителите. Јас лично ако излезам 2 пати (ноќно излегување), неколку пати денски на кафе и поминам 2-3 вечери во домашна атмосфера со пријатели во месецот-топ сум ...а за повеќе и немам потреба. Да имам сигурно би нашла илјада и еден начин да го оставам некаде детето и да излезам, ама немам...Си го сакам и времето поминато дома... На одмор не би заминала без неа, сега барем не можам да смислам јас да се излежавам некаде а таа да седи со бабите и дедовците, колку и да ги сака сакам да ја гледам како се радува гледајќи и запознавајќи нови работи околу себе...Кога ќе порасне и биде способна да оди сама со друштво, тогаш ок... Не сакам да е лепешка до мене, но не можам и не сакам да се понашам како да немам дете...Ќе се трудам за рамнотежа, па колку ќе успеам ќе видиме...
Трендафилка, се сложувам со последниот твој пост. Едно е да се воспитуваат правилно децата, а друго е болно да се врзиш со нив и да зависиш од нив, а и тие од мајката, што е најчест случај кај нас, па на 30 год. се понашаат бетер од тинејџери и не се способни за ништо.
Нормална потреба е да родителите имаат свои заеднички моменти на излегувања. Се знае кога може и каде може да се носи дете. Битен фактор е дали има и кој да го причува некој сат. Не е проблем некој сат да го причува баба, дедо понекогаш кога има потреба ама кога е тоа често т.е секој ден е тогаш е злоупотреба и нормално после ,,нема кој да го воспита детето,, и се случува тоа што се случува. Али тоа е веќе друг проблем. И претерано врзување со детето не е убаво. Не само што ќе го направиш претерано зависно од себе туку и ќе го ,,загушиш,, од грижа (чување). Едноставно не му даваш простор да се осамосталува (на пр. (одат на екскурзија тридневна на и веднаш следниот ден родителот се нацрта да го види ) и потоа се јавуваат безброј проблеми. Сите родители си ги сакаат своите деца само што некои претеруваат. Треба да се прави некој баланс, дефинитивно.
Додека бевме мали, моите родители си излегуваа, а нас не чуваа баби и дедовци. И сеуште излегуваат сами, летово си беа и на одмор. Едноставно имаат потреба за тоа. Мајка ми и сама излегува со пријателки. Не во диско, ама често оди во некој ресторан или пицерија со некоја пријателка, сами и тоа навечер. И јас тоа го сметам за сосема нормално и потребно. Веќе нема потреба да не чува некој, големи сме, а и се сеќавам дека јас како најголема, ги гледав помалите додека моите излегуваа. И еве не, ниту сме истрауматизирани, ниту ни фали внимание. Сме го имале и сеуште го имаме во избоилство. И сум благодарна што е така, бидејќи мајка ми не работи и е потребно да излезе и да олади глава. Ние секако имаме придобивки. Посамостојни сме, понезависни, а и по либерални во ставовите, со оглед на тоа од каков град потекнуваме. А најважно од се е тоа што мајка ми не ми ѕвони на секој пола час да ме прашува дали сум јадена или облечена. Знае дека знам да се грижам за себе. Вака гледајќи ги мајка ми и татко ми како фунционираат, и јас еден ден сакам да сум таква. Секако дека детето заслужува внимание и грижа, но сепак и родителите треба да имаат време за себе и за своите пријатели. Држбата и излегувањата никако не би ги прекинала, патувањата исто така, доколку имам можности секако. Кога се сака, се наоѓа време за се. Децата се најбитни во нашиот живот, но не се единствени. Во мојата околина има такви парови, што откако добија дете ретко излегуваат, или излегуваат на некој час само. Демек мајката не била мирна, мислите стално и биле во детето и не се чуствувала добро. Ова неможам да го сфатам, знае дека детето е дома и спие, има кој да се грижи за него и не може да биде мирна, ако тоа не е до неа. Во овој случај ги жалам децата, бидејќи вакавите мајки си ги претвораат сопствените деца во стаклени и паразити, кои сами неможат ни до wc да отидат.
Не се пронајдов ниту најмалку во примерот, мислев дека ти ќе се пронајдеш во првата реченица, ете и со болдираниот дел само го потврдуваш моето првично мислење. Не гледам што има да се правиш или не слепа за нешто што апсолутно нема никаква врска со тебе, сигурно ти не и го думкаш бебето на комшиката во 3 часот наутро, ама тоа се случува зад затворени врати и не можеш од прозор да видиш На улицата каде што живеам има многу мајки со мали деца а јас за ниту една незнам дали, кога и каде шета, затоа што прво не е моја работа и второ и најбитно не ме ни интересира, да ме интересира сигурно и мене ќе ми е очигледно дали и колку шетаат Без навреда ама од примерите твои, имам впечаток како вака да го поминуваш денот Јас само би рекла блазе си им на сите кои имаат кој да им ги чува децата, кога имаат потреба да излезаат и да се прошетаат. Една од негативните страни на животот во странство е немање на фамилија. Моите родители немале можност да шетаат сами, немале баба/дедо сервис а оставање деца испод 12 годишна возраст сами дома се казнува со одземање на децата така морале секаде да не носат со себе. Единствена прилика да шетаат сами било кога сме доаѓале во Мк на одмор, а и тогаш имало колку сакаш коментари од дежурни душегрижници дека едвај чекале да се отарасат од мене и брат ми Јас сум среќна што ги имам брат ми и снаа ми а и тие што ме имаат мене, се снаоѓаме меѓусебно со децата, јас ги чувам нивните, тие го чуваат син ми, знаеме секогаш дека децата се во сигурни раце.
Баш така, улога има и дали има кој да го чува. Не секоја баба сака да седи (посебно за навечер) до полноќ да чува деца. И посебно да се знае каде може да се носи дете. Некои и секаде ги носат децата. Една мајка дури и малото бебенце го имаше земено на вечерно излегување во дискотека.
Абе таа може да го земе и да го носи кај сака ама дали вреди. Што ќе ми е кафе на пр. (карикирам) кога тоа сто пати ќе ме стане или ќе почне да кинка и ќе ми се узнае и кафето и друштвото на тој што е со мене. Било кое дете на 3-5год. повеќе од 20 мин не седи на едно место а и се знае на кои места може да се носи дете. Незнам како стварно и успеало да го носи во дискотека и тоа бебе. И цицка да не му извади таму да го подои , свашта
Искрено, не знам баш колку таа некоја била во диско со бебе, па кој воопшто ќе те пушти да влезеш со него или во ташна го скрила?! Глупости.
Кога јас би била во брак барем еднаш месечно би излегла некаде со ММ, без разлика на тоа колкави деца имам. Мислам дека тоа е голем фактор за успешен и срекен брак. Да се има време за излегување за дружење со друштво. А да седам јас дома сама со деца а ММ да биде излезен вечерно време со другарите нема шанси. Или и двајцата дома или и двајцата надвор.
искрено јас од секогас сум го сакала друствениот живот па заради тоа и го одржував.. не со претерување но секогас имав време за да пијам кафе со пријателките, или да излеземе со мојот сопруг функциониравме прекрасно..се осекав слободно , модерно.. керка ми веке имасе 11 год ние излагувавме .. ги гледавме како се движат работите низ градот .. во какво време ке излегува за некое време насата керка.. ....... но пред 2 години се ислеивме од македонија.. не можете ни да претпоставите колку ми фалесе мојот живот мојот урбан живот.. моето кафе со пријателите во град.. со мајка ми со сите мили.. станав депресивна.. бев по цел ден дома .а ни 40% не им обркав внимание на моите деца.. бесе секој ден се исто досадно .. се осекав како куценце кога го затворат дома излеземе сите заедно да убаво е заедно.. но ми фалесе животот сто го имав.. оваа го писувам најискрено..без да се бламираме и да се правиме соврсени домакинки.... секој ден пагав во депресија ме нервирасе домакинството сто го водев ме тросесе по 24 саата по цел ден дома.. постојано со децата, керка ми исто се Чуствувасе така, веке бесе влезена во тие год кога излавасе веке без нас.. сите бевме наелектризирани.. и се каравме..знаци?????? ZAKLUCOK?? на секој му е потребно излегување со пријатели .. забавен живот. дури и мојата керка ми спомна мам ми недосасувас ти.. таа мајка во македонија .. секогас насмеана , дома средено.. и се тие работи овде не си истата лицност. знаЧи немојте да мислите. дека браЧниот живот и мајЧинството треба да .. ве затворат дома и така правите срекно семејство?? нееее. функциониранјето .. секој по малку со својата слобода .. ги прави лугето срекни верувајте.. секогас кога сте нерасположени.. тажни поѕвонете на пријателката сто се немате видено излезето од дома средете се .. Чуствувајте дека сте усте убава згодна млада..кога ке се вратите дома за само тој 1 саат сто сте излегле.. на детето ке му ја вратите целата љубов.. сто сте ја напуниле и целата енергија тоа ке биде задоволно.. и сите срекни P.S сега сум усте во странство . поминаа кризните години поЧнав да функционирам и тука .. нее како со старите пријателки но животот е тоа..
Не кажувам од памет. Ако на мајката не и` е гајле, на обезбедувањето или на келнерите ќе им е гајле? Напротив, бебето беше атракција за сите околу. Мајката обожава да шета, па си го носи бебето секаде по неа.
Немам деца и не знам каква ќе бидам кога ќе ги имам,ама мислење да си кажам... Не гледам причина зошто да не шетаат родителите?! И моите шетале кога сум била мала, баба ми ме чувала. Убаво е да се има дете тоа е ок, да му се посветува внимание, да се поминува време со него, да се игра, да се гушка, мази, пази....Ама со доаѓање на детето не значи дека родителите треба да заборават дека имале живот претходно и да запостават се друго, дома да се затворат! Децата кога се мали и онака порано си легнуваат, убаво е тогаш мажот и жената да си посветат време на себе и да си го поминат како што сакаат. Мене ми е многу убаво кога ќе видам брачни парови си излегле и си шетаат, некогаш сами, некогаш и со детето. Си идат по кафиња, вечери, концерти...Па не е страшно ни ако жената сама излезе со другарките понекогаш, на кафе или во кафиќ. Што има врска? Не велам јас постојано да го прави тоа, сепак не е исто со и без дете, ама па не значи ни дека треба да се запусти и само за детето да живее. Заборавив... И кај нас има тоа. Познавам мајка што едногодишното дете си го водеше по кафиќи. И не само таа што ја познавам, и други има.
Мислам дека малку избегавме од темата. Никој не оспорува дека повременото шетање е добро, но темата е насловена „Кога родителите секојдневно шетаат сами“, па да се држиме до неа.
Точно како што кажа Ариел, не е исто секојдневно и кога врбата ќе роди грозје. Повеќето девојки кои пишуваа на темава не пишуваат од лично искуство. Јас тврдам дека одговорен родител, пожртвуван работник и посветен домаќин НЕМА ШАНСИ секојдневно да шета. Толку ретко имаме 5 минути за себе што ми изгледа налудничаво да ги поминам без детето. Понекогаш се прашувам дали само јас неможам да се организирам и во само 24 часа да сместам 10 часа работа, перење, пеглање, пазарење, подготовка на ручек, пишување домашна, учење, средување на куќата, англиски, багминтон, роденден на другарчее ... Spoiler кога и кажав на мајка ми дека запишав втор факултет ме праша дали можеби денот го продолжиле на барем 36 часа , алудирајќи ми на тоа дека ќе ме изедат обврските Кога детето ќе се роди светот се менува. Потребите на детето се приоритет. Ниту едно уживање, патување, одмор не е целосно ако ви недостига детето ( грижата ќе ви излезе низ нос). Еве на пример во нашето друштво сите деца се од прилика на иста возраст, па сите дружби ги организираме во пакет со децата. Не поминала Нова година без нив, ни слава, ни именден, ни викенд. Но тоа нема да биде вечно... гледам по моите. Сега кога моите родители немаат обврски кон нас (не дека немаат во буквална смисла) не поминуваат викенд во Скопје, се дружат, шетаат . И уште нешто, никогаш не бев зависна од никого околу обврските околу детето, ни за бањање, ни за успивање, ни за учење, ни за чување. Немаше лигавење. Јас ја родив, си има родители, и ќе си ја чуваме. Баба, дедо, тета се за тогаш кога тие ќе изразат желба да бидат со детето .... нашето дете не е ничија обврска освен наша. А и да ви кажам, мењам 5 искачања во диско, ресторан , за едно добро кафе со пријатели и тоа по дома со се деца, кучиња, мачиња, сите на куп.
да знам дека малку се избега од темава ама дадов претходни коментари таквите .. не се заслужни .. ни муабет за нив да се прави камо ли да се оттвара тема . животот ке им врати како бумерагн а тие нема да бидат спремни за нисто бидејки од мајЧинството не знаат нисто освен сто ги само го родиле.. позз
Секојдневно ја оставам на свекрва ми да ја чува малата само кога сум на работа 4-5 саати дневно, со икслучок на викендите. Ем за малата убаво, разонода и дружење со баба и деде, ем за старите убаво што ќе ја мазат и галат и радуваат, па и корисно ќе се осеќаат со тоа што ни помагаат. Инаку за секојдневно оставање од причини ,,сакам да шетам,, ми е непријатно, ми е невкусно, ми е неодговорно и некоректно кон старите. Тоа ми остава впечаток на злоупотреба на бабите и дедовците. И после тоа следи кукање дека старите имаат лошо влијание врз нашите деца, дека се мешаат во воспитувањето, дека не рушат како авторитет, епа нормално е тоа кога малите повеќе време се со баба и деде отколку со родителите. Но, повремено (да речеме 2-3 пати месечно) им ја оставаме да преноќи кај нив а ние користиме време да излезем со друштво или само, да се релаксираме малце и ние, да си посветиме време на себе па и на друштвото. Мислам дека не е страшно кога е умерено, нити детето трпи запоставеност од родителите, нити бабата и дедото се оптеретени. Не гледам ништо лошо во тоа, ако не е секојдневно!
За мене ова не е во ред. Они требале да искачаат додека биле млади, а не сега. Јас ги рачунам за неизживеани. Имам тетка и тетин, цело време се по кафани, кафичи и тн. Како мали деца. Ајде да е еднаш-два пати во месецот. Децата си ги немаат видено, важно у кафана идат. И после децата, вакви и биле, онакви и биле. Нормално е, нема кој да се грижи за нив. Нема кој да седи со нив.