1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога родителите секојдневно шетаат сами...

Дискусија во 'Дете' започната од girl.23, 25 јануари 2012.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.822
    Пол:
    Женски
    За секојдневно излегување се согласувам дека не е во ред.Незнам ни како наогаат време за секој ден при дете,работа,домашни обврски?
     
    На cresa-jagoda, JuLleE и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Епа значи се сложуваме во мислењата. Јас истото го викам цело време. А не сум против да искачаат, ама не претерано.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Темава нели е за секојдневно шетање сами?
     
    На ku4ence, Lady Phoenix и fighter им се допаѓа ова.
  4. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    Темава е творена за од неа да се развиваат теми на форумов од типот "зошто има глупави теми"....мислам ....родителиве шетале сами...секоја вечер...па добро бе,нели ви пишав дека сум дете на двајца кариеристи кои дома не се прибраа од работа,па што?! Не се жалев по комшии (оти тогаш немавме интернет и форуми)
    :o
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.190
    Допаѓања:
    29.816
    Пол:
    Женски
    А што е со тие ρодители што немаат НИΚОЈ на κој би го оставиле своето дете? И тоа ли ќе биде 'дебилче',независно од ρодителите,без свое јас?
    Година и пол сκоρо помина,јас и мм син ми го немамρ оставено ни 15мин на дρуго место,не зашто не саκаме,НЕМАМЕ ΚАДЕ и ΚОЈ! Но,обвρсκите се сите завρшени на вρеме,синκо знае κаде е банκата,аптеκата,маρκетот,пазаρот,свадбата,денсκото κафе во κафич,ρучеκ во κафана. И не се сρамам да го κажам тоа,сеκој може да помисли што саκа. Κога е вρемето погодно,сеκаде одиме сите 3ца заедно,а κога е ладно,еден од нас двајца ги завρшува обвρсκите,дρугиот седи дома.
    И да,не сме усκρатени од вечеρни седенκи со пρијатели,денсκи пρошетκи,сега е поголем па и навечеρ имаме вρеме за една семејна вечеρа(или со пρијатели)во κафана и ништо не ни фали.
    Навиκнавме на таκов начин на живот,самите обвρсκи ни ги пишаа пρавилата,нит ние сме "пρисилени" и "заκотвени" дома,па нит детето ни е малтρетиρано од тој наш начин на живот.
    Едноставно моρа да одбеρеме κаκо најудобно и најдобρо да го изживееме нашето вρеме.
     
    На kjukli, MacenceEna, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.822
    Пол:
    Женски
    На мене се однесува постот знам бидејки зборот дебил јас го употребив.Меѓутоа во темата не станува збор за кога нема кој да ги чува туку кога има.Разбирливо е кога нема баби ,стрини или дадилки дека каде вие таму и децата.И неможеш да споредуваш излегување со и без дете.Биди реална дека разликата е огромна.
     
    На okcenzi и t-sweet им се допаѓа ова.
  7. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.190
    Допаѓања:
    29.816
    Пол:
    Женски
    Не,не се однесуваше лично на тебе,збоρев општо,κога веднаш им се гледа κаρаκтеρот на децата κога ќе поρаснат аκо се само со мама и тато.
    Инаκу,знаев κаκо е κога бевме сами,сега веќе не :) забоρавив,исκρено.
    Но не жалам,се е стваρ на навиκа и ништо дρуго.
    Но,ниκогаш нема да забоρавам една мисла од баба ми:"Гледај си го и чувај сопρугот,тој сеκогаш ќе биде поκρај тебе,а децата еден ден ќе си тρгнат по својот пат и за дρуг ќе мислат"
    Мислам деκа е сосема точно ова.
     
    На kjukli, bittersweet, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.822
    Пол:
    Женски
    ^
    Добро зборела бабата.
     
    На LaDyDoLl и rose60 им се допаѓа ова.
  9. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Јас сум секој 2 ден излезена ,детето е постојано со мене ,освен ако врни а ми треба нешто итно од продавница па тогаш ја оставам на 5 мин, потоа слушам по комшии зборување сум ја оставала дома, не сум ја шетала ,а не ја оставам воопшто претежно кога одам чаршија преку ден ја носам со мене,навечер не излегувам, комшиката до мене скоро секоја вечер е излезена, накај 2-3 часот навечер преку два три дена има викање, и полиција постојано иди бидејќи користи наркотични с. и потоа слушам по комшии муабети таа чини јас не чинам бидејќи ме видела некоја си петкана дека одам некаде без дете?! И јас сум ЗА шетање на родителите макар и 2-3 пати да е во недела, ако има кој да чува зошто да не, секако на прво место децата погодени средени ,наиграни со родителите прошетани најадени напиени искапени и заспани ,не гледам што е лошо да се излези, да имам прилика да ја чува некој моето зајче и јас ке излезам.
    Мислам дека ако станал некој родител треба да е 24 околу детето,да , додека му се даде правец во животот потоа се остава само да се навикнува на животот ( секако родителите се тука ке помагаат ама не како на почеток) ,бидејќи животот не е бајка и родителите нема да се секогаш тука за да овозможуваат се.
    А да наполни 20 години и мама уште да му спрема алишта за капење ..Никако.
    Мажот и жената треба да имаат време и за себе, во странство многу брачни парови не сакаат деца мислат дека детето ке ги раздели со обврските се плашат ,и до негде е точно ако се запостават се разнишува бракот ,се случуваат неверства ,разводи..итн.
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.985
    Допаѓања:
    233.282
    А што и ако идат у дискотека, м?
    Ако имаш дете срамота е да одиш по дискотеки така?
    Еве јас од кога е роден син ми само еднаш иам излезено и тоа во диско. Знаеш колку ми фалеше тоа? Премногу! Не бегам јас од детето, ама за добар брак треба и внимание да си обрнуваат сопружниците. Оти отиде бракот у бестрага.
     
    На eloves, kjukli, ku4ence и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Smizzy

    Smizzy Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    4.150
    Пол:
    Женски
    Леле леле какви тешки зборови, од каде храброст некому да кажеш дека не е добар родител и не заслужува да има деца.
    Па дали ако сум цел ден со детето но во една рака цигарата и кафето, а во друга мобилниот и фб, а детето оставено само да се игра со играчки ме прави подобра мајка од онаа која поради работни и брачни обврски поминува 3 часа со детето, но исполнети со љубов, внимание, играње, пеење песнички?
    Убаво викаше мојата професорка по детска психологија "не е битно КОЛКУ, битно е КАКО го поминувате времето со детето"! Ако детето е згрижено среќно задоволно, не гледам причина зошто и родителите не би биле.
     
    На kjukli, LaDyDoLl, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Како родител треба да си посозреана и треба да одиш во поозбилни места. А дискотека сигурно дека не е за родители. Тоа си требала да го правиш пред да родиш дете. Ако си помлада и имаш мало дете, треба да си ставиш прст на чело и да се запрашаш дали треба да го оставиш детето само дома, а ти да одиш да се журкаш. Ако си повозрасна, тогаш па ич не треба да одиш во дискотеки. Треба да одиш на некои посериозни места со маж ти, кафана, ресторан и кафич.
     
  13. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Имам братучед поголем има керка од 5 години, и женаму и тоj излегуваат во викенди одат вип ириш пуб итн ,не сакаат кафани,ресторани одат со керката, тоа што одат во дискотека дали тоа ги прави несозреани? Родител си? Дали ти го практикуваш ова што го кажуваш? Мислам кога би бил родител ке посакаш барем еднаш да отидеш во дискотека :)
     
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Темава ко расипан телефон, насловот вели секој ден, првиот пост вели скоро секој ден, а вие се расправате зошто да не излезат за викенди или неколку пати во месецот па и годината како луѓе. Секој за различно збори а упорно се дискутира.
    Оној кој не работи минува 8 часа во ден повеќе време со детето од оној кој оди на работа. Тој кој работи 8 часа минува неколку часа во ден повеќе време од друг кој работи по 10 или 12. Едни се слободни за викенд, други и викенди и празници работат. На некои 5-6 часа спиење им се доволни, на други им требаат 7, 8 па и 9. Квалитетот на времето поминато со децата наспроти квантитетот не го зборам, еве само за саати ќе збориме. Значи ако рачунаме прецизно, може да излезе дека едни не излегуваат и шетаат а имаат помалку време да поминат дома со децата, а други може секој ден или секој втор ден излегуваат на час или два, не мора по кафани и пеачки туку шетање по улици, паркови, на воздух, на кафе, на пица, кино...и пак им останува повеќе време за децата. Ќе рачунаме за секое семејство посебно?
    Посебно па ако се поголемки не гледам воопшто проблем, јас едвај чекав моите да излезат па сама дома да сум, празници ми беа деновите кога бев сама дома. На родителите им треба, на децата исто. На крај сепак останува најбитното -квалитетот на времето поминато заедно. Тој што си ги запоставува децата, ќе ги запоставува и цел ден да е дома со нив.
     
    На makgirl, kjukli, ku4ence и 14 други им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.378
    Допаѓања:
    34.165
    Пол:
    Женски
    Ох мори мајко :tmi:
    Некој погоре спомена дека ние постарите не треба ниту во кафичи да одиме :rofl:
    Значи ако сакам некаде надвор кафе да се напијам, ќе мора од кафемати, бидејќи не ме личи по кафичи и дискотеки да седам :!:
    Што се не држи земјава :^) :x
     
    На Maceto123, eloves, kjukli и 13 други им се допаѓа ова.
  16. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Браво ма бриџит од збор до збор точно :P
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.427
    Пол:
    Женски
    Кога јас ќе бидам родител, ако сум обврзана да одам на посериозни места како таков, колку и да сакам да имам три дечиња, нема да ги имам. Мене најтешко ми е на пример да седнам во ресторан, испраена и сериозна. Ако треба да бидам сериозна како возрасна личност, неќам воопшто да пораснам. И тоа не е до неизживеаност туку до карактер. Зборувам ете лично за мене, нема шанси да одам ни во дискотека ама на ковер бенд свирка па дури и 40 да ги наполнам ќе одам. Или на Боб Марли во Мај ќе си ги земам децата и заедно да седиме на трева.
    Некои луѓе не се прибираат дома од работа, и тоа е исправно? Подобро нека шетаат и нека се чувствуваат добро за тоа. Океј секојдневно шетање ми изгледа и невозможно зошто покрај работа, покрај дете и домашни обврски никој родител секој ден нема да има време да шета со или без детето, ама за викенди во секој случај ќе има време да шета. И зошто а не шета? Не е изживеан? Сериозно? Човек е. Секој човек има свои потреби и тоа е нормално, тоа е природно. Четири викенди по два дена не е воопшто проблем да се излегува дури и за некој возрасен човек.
    Апсурдно е животот да застани за некој ако има деца. |(
     
    На Bozica1980, JuLleE, calliope и 3 други им се допаѓа ова.
  18. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Јас не верувам дека на бабата т.е. на било која баба и е малтретирање да го чува своето внуче. Знам и лични примери и тука по форумов читам дека има и такви кои не сакаат да ги чуваат, но мислам дека се поретки.
    Така да @JollyGirl муабетов шо го кажа е катастрофален и навредлив спрема сите родители кои оставаат деца на бабите без разлика дали живеат во заедница, го носат детето кај бабата или па бабата оди кај нив. Еве денес мене мајка ми 3 пати ми се јави од сабајле да го однесам син ми кај неа, значи сама го бара.
    ИЛи колку пати свекрва ми ќе рече остави го одете вие сами.
    Значи такви зборови како малтретирање, обврска или слично се излишни во случајов
     
    На makgirl, eloves, Espadrila и 4 други им се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Јас кажувам за нешто друго а ти ме цитираш за сосем трето. Нормално не е малтретирање ти да и го однесеш дома кај неа ама ајде викни ја во 10 часот навечер таа да дојде кај вас и да седи до 2 по полноќ, па после носете ја дома. Нема никогаш во лице да ти рече дека и е заморно така толку доцна да се малтретира ама треба сам човек да помисли малку. И не можам едно исто да пишувам, убаво пишав првиот пат ама очигледно некои не ни сфатија што ми е поентата.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    Многу површно размислуваш, да не речам простачки!
    Нема правило бе златна, некому му е релаксација во кафеана, некој во мирен ресторан, некој во дискотека! Ако излегуваме за да се разонодиме и релаксираме тогаш тоа да го направиме на место кое нас ни прави да се осеќаме убаво.
    И сега лош родител ли е некој кој повеќе ужива во дискотека отколку во ресторан? Што се случува во некој дискотека толку страшно па не му личи на еден родител да оди таму?
     
    На azelea и rose60 им се допаѓа ова.