1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога сакаат да ви местат некој...

Дискусија во 'Сингл' започната од Tanjamm, 22 февруари 2013.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Како реагирате кога сакаат со сила некого да ви наместат.На пример ми се јавува другарка со која одамна не сме се видела, башка е мажена со деца, и ме вика на кафе, бројот го нашла преку други. Инаку она никогаш не оди на кафе, си има обврски и проблеми доста. И ми вика - абе сакам да те запознам со еден дечко. Тука колку глупо ми паѓа, не сакам никого да навредам таква сум, ама она мене ме навредува. Таа брак катастрофален и нашла уште мене дечко да ми наоѓа некој што не го ни знам, може ме меркал од негде, ама не го знам ниту ме интересира. Ниту ме прашува дали јас имам дечко, дали сакам,и се вадам дека ќе и се јавам да прецизираме и ништо. Отров луѓе, без осет. Цело време по работа и гледам неколку пропуштени повици, за што да ми мести некој шупак. Таа проблеми еден куп, мене ќе ме оправи. Еднаш ми тупна еден дома што сакал д ме запознае. Абе ме меркаше , кафе пие ама од што се буљи во нос ќе си го сипе. Дали етоа плиткост нивна или ете мислам дека ке зезнат некоја лековерна, во случајот мене ?
     
    На Maca1D му/ѝ се допаѓа ова.
  2. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    кога сакаат да ви местат некој...


    според мене би требало да се запознаеш барем,па ако не ти се свиѓа слободно можеш да го корпосаш,а на неа можеш да и кажеш како стојат работите пошто немате никаков контакт така да не би требало да ти се меша во животот :!:
     
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.572
    Пол:
    Женски
    кога сакаат да ви местат некој...

    Не верувам дека им е намерата да забеат некоја наивна и лековерна.И мојата најдобра другарка која е во врска неколку пати има покушано да ми намести т.е да ме запознае со другари на нејзиниот дечко и ја тука не гледам ништо лошо во тоа.Ако ми се допага ок ,ако не ми се допага и не сакам да направам ништо со него пак ок.Нема љутиш.

    Знам дека сака да си најдам некој,и да уживам во благодетите на врската што ги носи, па зошто да не ми помогне. Наместо да се маткам со некој рандом што нит го знам нит го познавам,боље би се маткала со некој она што ке ми го намести ако ми се допага.Ако не друго барем колку толку ке го знае каков е и ке може да ми даде некој совет во врска со него.

    Така да што се тиче мене,немам некој посебен проблем да се љутам и да ми е незгодно ако некоја од другарките сака да ме запознае со некого.Велиш ШУПАК ке ти мести. Ако не излезеш со него или го упознаеш од кај знаеш дека е ШУПАК дечкото,освен ако од предходно не го знаеш.

    Мислам дека безпотребно се нервираш,и гаеш емоции под висок напон дека некој сака да те заебе,да ти намести погрешен дечко и сл.
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    кога сакаат да ви местат некој...

    Проблем е што не мие блиска, и што многу е нападна.Поубаво ми е на само да излезам со некој отколку да мкнам и трет човек, па после да слушам муабети ми местела некој фин, а сум го одбила. А и можеби имам друг во план и нема шанси да ме заинтересира.
     
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    кога сакаат да ви местат некој...

    Што е тоа толку страшно или понижувачки,и што ако ти рече јас ти го наместив големо чудо,незнам што се замараш со глупости,што те кошта запознај се и види се може ке ти одговара како личност,па цел живот да ја или да го благословуваш тој што ти местел.поздрав :)

    Пс. и не се преценувај многу.
     
  6. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    кога сакаат да ви местат некој...

    Епа ако не ти блиска , прашај ја што ја интересира за тебе , зошто да ти се меша , ќе и кажеш дека си способна еден дечко да си фатиш и дека не ти е потребна нејзината помош.


    Од такви досадни главата боли , вистина , од искуство.
     
    На FotoLina3, hrcace и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога сакаат да ви местат некој...

    Додека го читав текстот на Тањам , ми текна на една познаничка што ми местеше нејзин сосед-едвај по толку време мајка му и женава го намолија да ми се јави пред Нова Година,ама јас како што сум во трка со времето,обврски навака-натака не сме седнале на кафе да се запознаеме :) и не е ова прв пат што ми се случува личост што ме познава да ми намести некој што би ми одговарал :)
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Ма не е преценување, само незгодно ми е да и кажам дека мојот живот неа не треба да ја засега кога се гледаме еднаш во година и тоа случајно низ град ако ја видам. Имаме широк круг на заеднички познаници и после ќе биде - абе и местев еден, ја запознав, фин го одби. Такви ситуации и многу дџруги женски имале, излегуваат и гледаат човекот не им е по мерка, па се кајат што воопшто излегле, се досадуваат цела вечер, а дечкото мисли готово, уловена е типката. Да е некоја со која се гледам и дружам често, ок е, нормално дека преку нив јас запознавам нови луѓе. Ама ова вика - абе децата ќе ги оставам да ги причува некој, па излеземе на кафе.
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    ОК.те разбирам,ама ти некако одречно си кажала дека тоа те навредува ако некој или некоја те запознае,јас искрено не гледам ништо лошо во тоа,и мене ми местеле девојки преку колеги и тоа не го знам колегата,па сум прифатил,тоа само сакав да ти кажам,да не ме сватиш погрешно.поздрав
     
  10. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    И мене ми се сомнителни вака кога прават едвај те познаваат и мислат ќе ти наместат дечко што ти одговара |( а пак уште и таа нема добар бракч чисто сумњам дека ќе сака тебе да ти биде добро :^) хмм..којзнае.

    Сепак можеш да изиграваш детектив и прашај од каде те знае дечкото, кој е, како тие двајца се нашле, најди го на фацебоок па распрашај се кај заеднички пријатели(другарка ти може ќе ти го претстави само во убаво светло :!: ). и ќе знаеш отприлика со кого си имаш работа. Ако не ти се допаѓа кажи дека имаш некој кој ти се допаѓа и толку нема што да и се објаснуваш. Не дозволувај да те убедуваат ако не ти се допаѓа па макар и за едно кафе.

    И НЕ, не е преценување едноставно се работи за претпазливост, од каде да знае таа дека Е некој ок дечко?.
    И зошто пак да ја зборат сега со овој излезе на кафе па го одби, утре со друг исто само на кафе и тој го одби |( луѓето стварно знаат да бидат напорни :|
     
    На FotoLina3 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Да, се разбираме, во тоа е поентата, јас не се осеќам како некоја очајна па да одам на договорени состаноци каде немам ни со неа некој муабет. Последниве години некако пазам на кого се доверувам и со кого споделувам тајни и не откривам од мојата приватност. Тие што ми се блсики а се бројат на прсти знаат работи за мене и нив нема да им се налутам,ама со оваа сме на различна бранова должина, таа со мажот неколку пати се оставаше и враќаше, одеше под кирија па назад дома, и сега запознала некој разочаран од девојки, па може ќе ми се свиѓа. И тој ја запнал да ми звони упорно што бидна, па што бидна. Сафра ме фаќа од вакви луѓе што немаат осет и не знаат за граница.
     
  12. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    Сакав да кажам да не биде состанок на слепо, да знаеш за кого се работи прво, па отако ќе видиш дали ти се допаѓа или не ќе знаеш што да правиш. или прифати или отерај у пм :rofl:
    :) :) :)
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мене ми е досадно кога ме гњават, ајде да ти местиме некој. Како јас да не сум способна да си фатам некој ако сакам, па да ми местат некој. |( :^)
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Абе мене интуцијата не ме лаже. Ја одбив и после ллелееел ме пукна од ѕвонење. Ај повик и одбивам , пак ѕвони. За неколку дена преку 30 повици од неа, ми се јави иако убаво и кажав дека нема потреба да излегувам така посебно друг да ми договара. Ми вика “абе ние да си се видиме ако не муабет да си направиме“. И сега ѕвони сто пати работата била, он ја ѓњавел неа да се видиме. Епа друг пат ќе мисли на кого што ветува, и дека треба прво да праша.
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Извини што ти се мешам,ама и ти си голем инат,те сфакам дека таа претерала со јавувањата и дека ти е досадна,зашто не направиш компромис,кога ке ти се јави кажи дека ке одиш да се запознаеш со типот,ама другпат да не ти се случи да ми местиш и крај на муабетот,знам дека вие девојките сте горделиви многу,ама да не се преценуваме.поздрав и ова е добронамерен совет. :)
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Па штом толку ја напнува можам да замислам колку мене ќе ме напнува. Не после ова ќе знае дека е досадна.Тоа се вика мешање во туѓ живот. Што после ќе се расправам 24/7 со него и ако не ми се допадне. Она веќе му ветила, иако со неа немам ни блискост ни ништо. Па ако му ветила нека се расправа со будала, како може да не разбере од збор ни она ни он. Да ми ѕвони 10 пати на ден, јас 2 пати ако не ми се јави човек срам ми е да ѕвонам. Зошто да правам компромис?
     
  17. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    абе па и ти толку си госпога Милева па немозеш да излезеш на еден саат со детето.Од каде да знаеш можеби супер ќе си поминеш па и во врска ќе си бидете..а ако не ти се свиѓа ќе ми кажеш чао пријатно да не ти ѕвони ни он, ни таа другарка ти
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Тања, јас велам, ако не сакаш навистина да излезеш со него, не излегувај. Нејзина грешка била што не разговарала прво со тебе. Ми се случило и знам како е кога ќе те напнат. Па му ветив пааааа!!!! Што ми е гајле што му ветила. Нека излезе таа со него ако му ветила.
     
    На Tanjamm и CoverGirl10 им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Јас сум таква, си правам во животот како што мене ми чини. Кога не прашала нека ја гњави неа сега. Нема зошто да ми звони 30 пати и да ми повторува дека и бил досаден. Нема што очет на неа да и давам. Таа до гуша во проблеми и нашла да се занимава на некој девојки ќе му мести, место да се фати за работа и свои проблеми да решава. Ви кажав дека еднаш истата без најава ми донесе дома еден, абе зјапаљше во мене како женско да не видел,а млад дечко 2 год постар од нас, со фина работа. И седеа што седат на испраќање кога ме запнаа ајде со нив да сум пошла, да идеме на кафе, на излегување. Абе јас првпат во живот го гледам и како што се испонашпа сељачки ме буљи пред домашните мисли одма ќе појдам со нив и ќе се фатам со него.
     
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Ок девојко ти најубаво си знаеш како ти е,јас само се обидов совет да ти дадам,јас така би постапил,би отишол и би се запознал е сега ако не ми се допаѓа чао пријатно,но ти си многу горделива и ти е испод ниво,терај како ти одговара.поздрав :)
    ПС и мене така ми имаат местено девојки,и не се срамам од тоа,и тоа незначи дека не ме бива сам да си најдам,туку ги почитувам особите што се потрудиле.