Според мене доколку и двете страни сакаат, а се срамат да си признаат во ред е некој другар/ка да интервенира но со сила убавина не бидува. Кај мене на пример имаше таков случај една другарка ми местеше нејзин братучед но бидејќи чувствата не беа обострани не бидна ништо. И бидејќи се помирив со тоа да немам среќа во љубовта, местенка уште еднаш - no thanks
До сега искрено тие кои ми се допаднале сум си ги наместила сама, без нечија интервенција, така се погодило, самата сум ги запознала при различни околности . Инаку не гледам ништо лошо во тоа ако имам потреба од партнер а во моментот не познавам некој кој ми се допаѓа, другарка да ме викне и да ме запознае со некој слободен дечко за кој смета дека би ми одговарал. Значи под местење подразбирам некој да ме упознае со новиот потенцијален партнер а потоа самата си знам како треба понатаму.
Да и јас преферирам сама да си ги запознавам дечковците. Запознавање преку пријатели е ок, затоа што секогаш можеш да кажеш не ако не ти се допаѓа. Ок е да се проба. Но најлошо нешто на свет е кога уште не си го преболела бившиот а другарки/ другари ти местат друг (да не кажам од сожалување)
Нешто што најмногу го мразам, како јас да не можам сам да си наместам. Секогаш одбивам и мислам дека ова е многу детски. До 7мо одд е ок, понатаму... не бидува така
Јас сум веќе во зрели години, уживајте и бркајте додека сте млади тек да видите нас како ни е, се си мислат дека ако сум повозрасна и сама,може да ми се место кој било и каков било, ете мома да не седи дома Последно шо ми местеа, доаѓа еден подалечен комшија дома и ми вика да ти местам еден човек, срамежлив е многу... па да се договориме кој ден да дојдиме дома ти да попрајме муабет. И јас - а кој тоа да дојдите дома? И зошто дома? Мислам алооо....дај му на човекот телефон и нека ми се јави, нема потреба и ти да ми доаѓаш па уште дома еј ......не ги разбирам мажите понекогаш ама пак стројниците ич
Леле ова е ужас. Па и тој срамежлив и уште и дома ќе дојде. Аххх бре има кафичи, има кај да се видиш, ама не им текнува па дома со стројници како во времето на нашите баби.
И на крај, јас сум лоша бидејќи не сакам да се видам со типот. А фино културно викаш еве број нека се јави ќе се договориме. Мене ми е ужасно смешно, но ете не има секакви на земјава
Стројникот ќе го спроведува момакот, оти он нели срамежлив. Вие па ништо не разбирате. Трајте си таму дури мајка му не ви дошла дома, оти ете мене и тоа ме снајде неодамна. А ниту јас го знам дечкото, ниту тој ме знае мене. Битно, мајка му ме бендисала и ќе прави работа, па до таму нека е.
Многу мразам вакви работи друг да ти избира партнер и готово право мислат за свадби и дека си одговарате еден на друг. Порано кога бев сама на некои личности им имам кажано дека не ми се допаѓаат тие машки со кои сакаа да се запознаам и пак упорно гледаа да ме наместат на средба и тоа подмукло, а за еден и ме излажаа за годините. Не знаеш дали се со добра или лоша намера овие што местат партнери и после да ти се смеат за изборот и да ти викаат па ти си гледаше. Дојди на гости и гледаш тој таму, значи не сакам да се запознаам, не дека ќе ме изеде ако подадам рака, ама имам кажано дека не сакам и толку. Да сакав ќе си се запознаев и ќе го побарав сама.
Не знам оти, ама мнооогу ме нервираше кога се обидуваа да ми местат некој. И да чинеше чоеко, заради начинот на кој се обидуваа да не спојат, ми стануваше одбивен.
Многу сељачко. Повеќе местенки ми беа во средно кога некој си дебил кој едвај го знам ќе му фатам око па негов другар ќе дојде и ќе ми раскажува глупсти. Подобро нека пишеше на фб едно cringey хај бар ќе знам ќе се помачи а не овака на готово се.
Порано имав ваква другарка што ми местеше нејзин другар, ич не ме слушаше кога и велев дека не сум заинтересирана. Сега пак една другарка: абе дечко ми има многу другари ке ти местиме некој Значи аман од луѓево што се мешаат кај не им е место
Да, мои другарки не ми местеа ептеен со присила ама постојано ми велеа многу ќе си одговарате. Ве замислувам заедно и беа весели како којзнае што а мене луѓе типот не ми се допаѓа и крај. Ми кажаа сто пати дека сме добар пар. Луѓе мене почна да ми се гади и дури не сакав многу да се дружам со нив кога ми зборуваа. Ама well за првпат во мојот живот karma is a bitch ама овој пат не бев јас таа треснатата од кармата. Типот почна да и пишува на една од тие девојки. Сега јас и зборував ( секако не предолго туку само да види како е) . А неа воопшто не и се допаѓаше...