Ми местеше една другарка во средно . Дечкото воопшто , ни малку , не беше мој тип . Висок и многу многу слаб . Јас како крофна спрема него . Малку така беше и грдичок . Освен кафе со него ( и тоа по заслуга на другарката и дечко и , негов другар инаку ) и толку . Ме аднуваше после на ФБ , ама не го прифатив и толку од " местенката " . Јас на никоја до сега не сум местела дечко , онака од што сум мислела дека треба . Ако другарка дојде до мене и ми каже дека сака да ги запознаам со некој таму што имам муабет јас , да . Имав таква ситуација , моја не толку блиска другарка , му фрли око на од мм втор братучед . Девојчето разбрало дека се фамилија со мојов и дојде , ме седна на кафе и ми вели ваква е работата , ми се допаѓа прави работа со твојов , да ме запознаете . Им направивме работа , излегоа неколку пати , и сфатила дека тој сепак не е за неа .
Овие местенкиве можат да пројдат само ако двете страни си го имаат фрлено меракот ама ете имаат некоја пречка да се запознаат/излезат како на пр. срам па заеднички човек ќе ја истурка работата. Или си неженет/немажена на поодмината возраст и со кој било би излегол/ла само за да најдеш некој/а. Иначе се исфорсирани и нападни, едноставно никој од страна не може да знае каков човек "е таман за тебе" и што сакаш да правиш со животот. А особено ме вадат од такт луѓе што ниту си им се доверил ниту си им побарал нешто и од нигде никаде ти местат типови само зашто они си заклучиле во главата дека треба да се мешаат во туѓ живот.
Џабе да ти местат со сила луѓето не размислуваат што ви е ок вам па мислат ако помогнат дека се ок ништо едноставно игнорирај и не давај значење
А што ги тера оние старудии (роднини на родител на пример) што пет пати во живот ги имаш видено, да ти се јавуваат за да ти спомнуваат ојлевци-дојлевци кои не ги познаваш, па уште ти кажуваат дека си разговарале со блиски на особите за тебе? Кога се случи прв, втор пат, ги игнорирав, ама кога видов дека уште толку си земаат на сила, почнав да ги нервирам со (радикално) либерални муабети сешто им зборував и така најдов повод да се искарам и да ги избркам од мојов живот. И зошто се ваквите по правило жени?
Има неколку причини што ми паѓаат на памет: - пошто се заебале они, го посакуваат истото и за тебе - пошто не гледаат фудбал, па имаат вишок слободно време ... сигурно уште нешто ќе ми дотекне
Мене на една другарка мајка и што ме имаше гледано само на здраво и чао на врата кога идев кај неа три пути годишно кафе да пијам сакаше комшија да ми мести коа бев Скопје, а внук нејзин исто у Немачка што е од коа сум у Немачка. Првиот пат се изнасмеав, а за другиот бев као дипломатски настроена и реков ај дај Инста па АКО се одлучам, ќе му пишам. Добив профил сместа и ми рече другарка ми он више знаел за мене и чека да му пишам... Наравно дека не му пишав, ама имаше и други причини. А на другарка ми дедо и нека му е лесна земја, све сакаше еден братучед нејзин да ме земе, ама никад ништо не бидна, а тој ниваш со плацои, ехехехееее...
Абе кој ги шиша искомплексираните јадници не се мажам па светов наопаку нека го свртат ќе ми местеле они не им дигам слушалка ко за почеток ..да жени се што немаат попаметна работа иди таму чувај внуци и не замарај
Абе може да ме знае цел живот и пак да не знае што сакам за партнер на пример. Еве може сум фина и пристојна пред цело село, а од ко ќе си легнат сите, ми се активира втората јас и сакам чудни нешта на пример . Или може ко сум за по надвор сум комуникативна, а уствари сакам партнер да си ќутиме низ дома.
Си пропуштила животна шанса Сум кажала дека имам братучед у немачка? Знам дека постои негде на инста, он не знае дека постојам, пошто немам инста Али ми личи дека ќе си одговарате, он убав, ти паметна, ќе си праите муабет за немачка. Ако има жена- нот мај проблем Слабо фудбал по телевизии
@Jolene, не муабетот бил греота девојка као мене сама да била... И затоа ај да и го увалиме внукот сељак што следи 1000 дрољи на инста и на секоја слика од свадба на другар пишува еве и овој се заеба... @Biljarkata де мори Биљо, па и ја сум убава... Барем така од дома ми викаа де. Не е лоша идеја братучед ти, од тебе матичарство прифаќам. Ако не се оженам у нареднава година со некоја буч лезбејка, ќе се чуеме.
Критериуми на старудии и проста раја за женидба и мажачка: Не е женет. Не е мажена. Различен пол сте (обавезно сте хетеро). Толку. Оние подосадните имаат уште неколку: - Има работа, државна! У шумско, у катастар, нешто таму кај што ставаат печат. - Мајка му работи у болница, татко му е директор. Добра фамилија се, докторска, дедо/прадедо у медицина, видни луѓе, каква куќа имаат, голема, со ќерамида.