1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога сакаат да ви местат некој...

Дискусија во 'Сингл' започната од Tanjamm, 22 февруари 2013.

  1. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    96
    Прво ужасно ми е понижувачки некој да ми каже: Еј дојди таму и таму ќе ти местам дечко. Првата помисла што ми паѓа на памет е, па ако е тој толку добар зошто не го задржи таа особа за себе. Фтора причина е што тие типци што чекаа друг да им мести девојка се ужасно повлечени и срамежливи, и несакам сега да излеземе и да дремеме или да форсираме некој муабет со сила од типот, леле колку е жешко ама нешто ме врти коленото може ќе заврне. Сваќате, бош муабети. Јас сум многу комуникативна и никогаш не ми е проблем и самата да запознаам дечко. Бидејќи за мене дечкото треба да биде некој со кој ќе можеш да разговараш, кој ќе биде духовит а е некој јаден што чека некој друг да му мести девојка. Сакам храбри момци кој сам ќе ми пријде и ќе проба да ме освои, а не да ми праќа некој за да испита терен а потоа да оди на сигурно. Според мене тие што чекаат друг да им мести дечко/девојка се кукавици и не о заслужуваат моето внимание.
     
    На Sara123 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.089
    Допаѓања:
    11.252
    Точно така, истото го мислам. И кога ја одбив затоа што ми стана незгодно, нити сум блиска со неа, нити има потреба да ми мести некој затоа што дневно комуницирам со еден куп луѓе и ако сакам ќе излезам со некој од тие што ме свиѓаат, нема да чекам она да ми мести. А типот ја удавил од замарање “што бидна, па што бидна“. Тоа доволно кажува за луѓето, немаат осет кога се досадни.
     
  3. srci

    srci Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    0
    Многу е незгодно кога некој ќе ти рече дека ќе ти мести некој. Па добро, ние се уште не го познаваме, а тие веднаш нашле некој. Никогаш не сум се согласила а и нема.
     
  4. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Ептеен е незгодно посебно ако имаш дечко па тоа детето упорноо.. Стварно имаш дечко, годините не се важни.. Воопшто несакам вакви нешта..
     
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Не ми се допаѓа ваков вид на посредување :D
    Повеќе поштувам кога некој директно ќе ви пријде,одшто со стројници
    За запознавање со дечко, од страна на некоја другарка, како за потенцијално другарство во ред,а за нешто повеќе ме иритира :)
     
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    чиста глупост-да ми местат некој :^)
    ако сакам да отидам со некој било за 1 вечер или за што и да е ... ќе си се обидам јас...а не како на куче храна кога му дават-кути на коска--ела дечко да ти наместам...дај молим те...
    ете имам другарка не можела да додје до еден и вика ај пробај поткажи му нешто тебе ти е другар-па и па се миже тоа ... :tmi: сум изигрувала „стројник“ во дел од случаите може започнало супер, ама крајниот резултат бил ужас и после и едната и другата страна те стрелаат со погледи - ти си крива.
     
  7. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420


    :^) Патетично кога се обидува некој да изиграва интересен копирајќи ги другите и нивниот стил на изразување и размислување.. ;) ....
     
    На Sara123, Hipica и Daydream им се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Ова демек ти местам некој од сожалување, немаш ти со кој да излезиш и ај ќе ти местам некој....
    Не ми се допаѓа мене таквото местење зошто секогаш завршува за кратко време. Иначе кога ќе ми речат ај да ти местам некој, ваква фаца им правам :^). Подобро сингл ќе си бидам и нема со никој да се гледам од колку да осетам дека ме сожалува некој и дека сака да ме намести. Глупава е ситуацијата
     
    На VIN.diesel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    Ајде бе добро, го прочитала може потсвесно и останало и затоа го напишала.

    За ова местење, не ми се случило а не ни сакам да ми се случи , ниту па јас ќе местам сега некој на некого |(
     
    На Sara123 и tessie им се допаѓа ова.
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    хаха па ги читав коментарите и ете ми останало како мисла..сепак се сложувам со трендафилкаа :D
     
    На VIN.diesel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.585
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Мене многу ме нервираат вакви ситуации, терсене човек сум и ако имало периоди кога навистина не сум сакала контакти, макар „другарски“ со спротивниот пол, јас навистина значи сум сакала да биде така, но тоа никако не им звучело логично на моите другарки. :^)
    Имав една веќе ожалостена дека има 17 години и дека уште нема дечко и од петни жили се обидуваше да ми намести тип со кој бевме ... милион различни светови, со намера ако биде работата со нас, таа да си се намести со некој негов другар и така среќни и весели да правиме дабл дејт.
    Со кој памет, жено !? :?:
    Не знам навистина со кој ум луѓето се нафаќаат на нешто вакво - јасно ми е дека некогаш навистина ете се грижиш за другарката/другарот и немаш лоши намери, но зарем не помислуваат дека можеби „жртвата“ би се почувствувала лошо?
    Конкретно, јас се почувствував навредена зашто пријателкава се обиде да ми намести тип кој ниту го знаев, ниту го познавав, а и последен да е не би го погледнала, поради фактот што беше сето она кое јас не го сакам, па дури и се почувствував неспособно - па до толку ли изгледам очајно во туѓите очи, та се одлучуваат на такви ризични чекори?!

    Никогаш не би сакала да бидам во ниту една ваква ситуација, ниту пак да треба да местам некого, освен ако навистина сум сигурна дека има „клик“ помеѓу двата потенцијални партнери, па да се забрза процесот.
     
    На FotoLina3 и Sara123 им се допаѓа ова.
  12. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Ако е некој грд како коњ,после тој забите ке си ги мести а не на мене да ми мести дечко. :devil:
     
  13. littlecandy1

    littlecandy1 Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Искрено една вечер бев излезена со 1 моја другарка и таму видовме наши познанки а таму имаше и 1 момче не беше баш убаво и прво и викаат на мојата другарка да ти го местиме а потоа и мене.. Мислам Hello ако беше толку убав тој тие самите на себе ќе си го местеа. :D :fubar:
    p.s не го прифативме предлогот :rofl: :P
     
  14. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Понекогаш другарките/другарите сакаат толку да бидат фини со тебе,демек се грижат сакаат да ти најдат некој па воопшто и не те прашуваат дали ти се допаѓа тој што сакаат да ти го местат и создаваат непотребно глупи ситуацции..да ок е ако им дадам потврден одговор па да се потрудат нешто да смоткаат ама онака на слепо и без да знам е тоа многу ме нервира...сакам да се дружам комуникативна сум ама се си има граница и начин како се прави!
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Какво е бе луѓе тоа местење? :^) Според мене - глупости!
    Многу пати мене некој сакал некого да ми мести, ама јас неспособна ли сум? :^) :D
    Глупаво ми изгледа, шо знам.
    Ако некој се навреди нека проштева. :wasntme: :D
     
    На ohana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Мене ми е глупо да ми мести некој некого. Како јас да сум глупа. Имав една другарка што се запна да ми мести еден дечко 2 години помал од мене а и не ми се свиѓаше. Јас и велам неќам она ее па за едно мување ли си, па многу си пробирлива. Па ако тебе не ти е гајле за едно мување иди па смувај го аман бре!
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    ..најчесто е со четири нозе, шест очи и три раце, за да може да стаса со фаќање на секое место. :rofl:

    Шала на страна, ми се имаше случено само еднаш, другарка од клас ми вика имам совршен тип за тебе, братучед и бил додуша сигурно нема лошо да кажува за него и јас од пуста радозналост да видам како изгледа „совршениот“ се согласив да ми даде фејсбук и потоа да искочиме (второво мало морген, услов беше за фејсбукот).
    Ми се чини едвај чекав дома да идам за да го отворам. И ајде бидна и тоа, ама камо да не биднеше..

    Доаѓам дома, се логирам на фејс, одма му го пишувам името во срч, ми искача прв и си викам немогуче да е овој. Еден жолто офарбан со опашки од позади на косата, облечен во дреч зелено и сликан во кафана како онаа Гулабица кај што тресе газови во Џони Далавера. :rofl: Ама озбилно оформив мислење за него кога видов дека ја имаше постирано од Ханка Пајдун онаа „Ја сам богом дана, нисам икебана“ :D и горе пишал поздрав до... и навел група од 50тина луѓе кои најверојатно немаа ни фејс.

    И не ми спомна никогаш веќе за типов, изгледа сфати дека не сум баш воодушевљена. И како би била, де :D

    И сум против вакви работи, ми вреѓаат интелегенција.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Во принцип ме нервираат вакви местенки,ај да е од другар,другарка некако може ке размислам :lol: ама кога ќе се мешаат некои постари комшии или роднини е тоа знае да ме изнервира,мислат дека уште е како во нивното време па ајде ке изигруваме "сводници" хаха ваквите знаам да ги откачам без многу нервирање бидејки стварно ќе напнуваат со денови,веднаш ќе прашам дали тој што ми го местат има пари,и така не ме сваќаат за озбилно ќе се откажат си велат оваа е само за пари :rofl: :rofl:
     
  19. Evertsen

    Evertsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    102
    Во ред е да сака некоја другарка да го помогни процесот на менување на статусот сингл на своја другарка, кога гледа дека истата сака да го смени - а не умее, или не и оди.

    Но, често е прилично неуспешно. Пред се, затоа што нејзините очи и нејзиниот ум можат да годат од каков човек има потреба нејзината другарка, но не можат да погодат и како ќе го прими или доживее истата тој некој.

    Ми се случило досега еднаш или два пати, и признавам дека излегував ради реда. Дечкото како индивидуа си беше добар, симпатичен, среден и би усреќил некоја сигурно, но не си одговаравме. Ни физички, а богами ни со плановите. Различна возраст, различен стадиум од животот, а јас потреба за компромис не гледав, бидејќи сум доволно млада да си дадам себеси уште шанси. :)

    Да напоменам само дека другарките пред да ми местат ме прашуваа дали може/дали сакам/дали би било во ред. Без тоа, секако и јас не би знаела како да го сфатам.
     
  20. PinKitty

    PinKitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    8
    од една страна е убаво оти ете некое дете те бендисало па си бара жичка да ти се приближи преку другарки, ама ете од друга страна другарки ми среден живото демек им е си најдоја депчковци и сега да ми местат некој и то си е малце навредливо..