Хаха...бившиот дечко го запознав токму вака. Значи еден пријател се обидуваше да ме спои мене и неговиот пријател кој што беше пресрамежлив А кога машкото не е машко, воопшто не треба да се обидува да ми пријде Се согласив на еден состанок... онака за пријателов, не за срамежливиот. Насамо, беше тотално различно.. И така си се испозаљубивме. Си поминавме прекрасни 2 години и си прекинавме.
Јас се дружам со сите машки и сега многу често другарките ај мести ми го тој..или некој од машките ај мести ми ја другарка ти...е сега на мојте другарки од друштвото јас знам како дишат па затоа до сега има немам погрешено...
Многу често ми се случува некој/а другар/ка да сака да ми мести некој нејзин/негов другар. Но се нема десено зошто тие испаднале шупаци и незнаат сами да кажат или да пишат туку чекаат од другарката. Господе боже па ако ти не си ја превземеш работата да не сакаш другар/ка ми да ме фати за рака и да ме довлечка?
Абе глупо е кога другарка или познаничка ти прави така, ама кога мајката на некој тип ќе ти запне да те запознаела со син и И тоа пред моите родители, морам да ве запознаам, мн ќе си се свиѓате, мн си одговарате, таман сте си, те сакам за снаа Живи глупости
Според мене нема ништо лошо во тоа да се излезе со некој непознат и да се испие 1 кафе. Ако не си се свиѓате-ништо, 1 пријател повеќе, ништо не губите. Ќе ви дадам 1 пример. Имам другарка што цело време се противеше да ја запознаваат со машки, демек она е способна сама да си фати дечко, нема потреба да и местат... После неколку неуспешни врски, некако ја наговоривме да излезе со другарка, нејзиниот маж и негов другар. Се запознаа, испија кафе...На неа не и се свиѓаше дечково и нејќеше пак да излезе со него. Ние ја натеравме да излезе, пошто дечково е ептен фин, паметен, образован...некако ја убедивме. Излегоа сами, почнаа да се допишуваат, да се слушаат-почна да го запознава, почнаа да излегуваат и после неколку месечна врска стапија во брак и сега имаат близначиња! Значи-никогаш не се знае што може да се случи, не ги одбивајте понудите за нови познанства!
...е многу глупаво...Па уште кога ќе бидат упорни ама ајдеееее да ти го местам сегаааа многу е убаввв има ова има она ваков е таков е...Ако сакам јас ќе си најдам некој сама,не ми треба некој агент за да ми бара партнер, Господ да чува...
Колешка ми сакала да ме запознае со еден што го имам еднаш видено на една презентација,,на прв поглед не ми се засвига многу ама викам ок зошто да не од едно кафе нема да ме изеде,и му кажале и на него и овој се усреќил,инаку ми го испофалија дека бил паметен,образован,и сега умирам од страм бидејќи работимр иста работа,што ако не биде ништо незгодно ќе ми биде од колешката пошто сум многу осетлива,и некако немам самодоверба си мислам ќе ја оплескам некако па ќе се засрамам,и плус се осеќам како неспособна да си најдам сама,грозно чувство
Зошто да ти е непријатно? Чисто пријателски ќе се запознаете,ќе разговарате,па од каде знаеш можеби ќе биде нешто.
Нема причина зошто да ти биде незгодно! Ништо не можеш да изгубиш, ако го бендисаш-супер, ако не ти се свиѓа-ништо, здравје, ќе испиеш едно кафе и толку. Немој да пропушташ вакви шанси, нема ама баш ништо лошо во тоа да те запознаат со некој дечко, напротив!
ете пак јас со местењето Нели имам 24 години и баба ми и едни роднини мислат дека сум стара мома оти немам озбилна врска и пред неколку дена на куќната слава родниниве ми донесоа нивен роднина што претходно ми зборуваа за него таков бил онаков бил,инаку дечкото беше фин,ама мразам вакви работи ,некако како неспособна да си најдам се осетив и сигурно така мислат штом се осмелиле така,и си умрев од страм,ептен ми беше глупо и сигурно ќе ме критикуваат после ова,и како капак на се ми се јавува синоќа баба ми и ми вели ако типот сака да оди со тебе не го одбивај оти до крајот на животот нема да ти проговорам ,и ако сака да се вери со тебе прифати,добро ли ,и така сум си неспособна јас да си најдам сама
Κолκу пати пρобале да ми местат дечκо неκои баби ама ниκаκо да ми наместат, ма не им давам! Κога ќе ми ρечат еее види го лепота κажи κолκу е убав!? И јас виκам- абе убав е ама не за мене
Бев кај другарките на гости..прво бев кај едната после кај другата(нивните куќи едни наспроти други) и сега после си рековме ај да одиме кај училиштето и другарка ми ми го местеше нејзиниот брачед...јас сакав да ја отепам непријатно му беше на детето и само велеше:Ај брат да си заминиме(на другар му) и така...арно ама лажна надеж да му даваат не чини си бендисувам друго дете Сега си велам а да му застанев вака хмммм ќе избегаше ќе трчаше пустелија ќе фатеше
Ми се има многу пати случувано да сакаат да ми местат некого, ама никогаш да го погодат оној што го сакам. Кога некој ќе посака да ми мести некој воопшто не се ни замарам, бидејќи сите не ми го оствариле тоа што ми го рекле.Само колку да кажале нешто, не дека навистина ќе го наместат.
Епа ај да се свртам на љубовта. Моментално сум во Крушево и другаркиве са каат да ми местат еден.Момчето за убаво убаво е ама мислам дека сум мала за дечко а момчево е 1 год поглемо од мене. И се на се мислам дека нема да му се допаднам.До сега бев излезена и пред да си одиме другаркаммжуспомна на момчево и тој само ме погледна и олку.Инаку јас бев на страна ама ја сетив имам јак тслух Ииии што мислите?И плус што сум мала од каде да знам што ќе прави тој овде додека сум јас Скопје?Ми велат дека е многу добро дете, дека ја цени љубовта дека знае мн огу да сака ама ризик си е ризик. Извинете за грешките ама од телл сум
Остај ти што ти викаат другарките, ако ти е убаво детето пробај со него 2-3 пати видете се, ако ти се свиѓа дружењето, биди со него додека си таму, а кога ќе се вратиш па и не мора да бидете заедно, секој на своја страна. Чим ти мислиш дека си мала за дечко тогаш стварно не ти треба врска, а најмалку врска на далечина. Убав помин
хаххаха знам како ти е и баба ми е иста и ја упорно и кажувам дека имам дечко ( и кога немав и викав истото) иначе дечко ми ми го местеја другарките (дека ја им реков) и мисијата... УСПЕШНА