1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога сакаат да ви местат некој...

Дискусија во 'Сингл' започната од Tanjamm, 22 февруари 2013.

  1. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    За мене е нешто најглупо.Претежно другарките ми го велат тоа ама јас го сфаќам на шала. :lol:
     
  2. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Леле од сега почна другарка ми со еден Дојранец да ме зафркава,па уште сака да ми го мести :o
    Тргај се глупачо и викам,имаш ли памет во тинтарата? :lol: :fubar: :$
     
  3. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Мене ми го местеа дечко ми :rofl: . Не бидете секогаш толку скептици :D
     
    На Ana3567 и Hipica им се допаѓа ова.
  4. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Не сакам такви местенки ај да ти го местам овој ај оној нешто што неможам да поднесам :D
     
  5. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.193
    Допаѓања:
    2.518
    Во главно не ги сакам местенките ама ајде ако ми се види убав дечкото може едно кафенце :D
     
    На Ana3567 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    383
    Дρугаρκа ми се обидува повеќе пати бρат и` да ми го мести, остај тоа 2 години е помал од мене |(
     
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Ај, просветлете ме како иде тоа местење... ти го бутаат во фаца тој што рекле дека ти го местат? :^)
    Ме прешуваат дали сакам да ми местат, јас ги прашувам што е тоа местење и ќутат... изгледа зошто сум избац тука, единствена што не знам што е местење! :rofl: Јас мислам дека најдобро е сама да си дојде љубовта, без мешање на браќа/сестри/другари/другарки и сл. Љубовта е поубава кога е не очекувана, според мене. :wasntme:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Те гледа другарката сингл , сака да ти помогне со тоа што ќе ти намести машко да после го има тоа "јас бев таа што ви ги спои срцата" и носи другарот или рандом машко кој 90% да бидеме реални е некој не толку по твој вкус (исто е и кога му се мести некое женско на машко , само тогаш викаат секс и е секс па не им смета дали е по нивни вкус или не.) и ти тука ќе видиш дека не ти иде (се разбира има 10% каде што е по твој вкус и ќе ти се допадне стварно) и ќе го откачиш , каде што ќе следи фацебук додавање и малце малтретирање од негова страна мислејќи дека го сакаш.

    90% се вакви случаеви , се разбира тука се и 10% кој завршуваат на друг начин.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    2.253
    Пол:
    Женски
    Добро сега ова е и од човек до човек. Ако стројникот барем малку од малку те познава, не гледам зошто би го избрал првиот од улица; не буквално де. Ќе се навратам на ова подоцна.
    Досега сум немала некое големо искуство во местенки, поточно се случило само два пати другарка да стане толку напната со помислата дека мора да биде нешто од нешто, макар и едно испиено кафе, што излезот од психичката тортура сум го наоѓала во едночасовно бдеење над телефонот излезена во парови. Е сега се навраќам на горенаведеното. Двајцата (не)судени ми биле по мерка. Ме привлекувале најпрво со физички изглед, па после и преку заеднички интереси.
    Првиот дејт ми беше ужас над ужасите, значи хорор без капка крв, и тоа не поради ништо друго туку поради мојата срамежливост и ќутенката ко муленце. До некаде и ми е криво затоа што не отворив уста, а има(в)ме премногу заеднички точки, од музика, до книги и фимови, па и факултет. Плус има и брада. But that's what you get when you не отвараш уста ко човек; сега единствено правиме муабет кога сум седната на кафе и доаѓа да ме праша како нормален келнер што ќе се напијам. :D
    Со вториов е релативно нова работата, се знаеме месец и половина, ама ете сеуште излегуваме. Муабетот ни тргна од прва, спротивни карактери сме и можеби немаме многу заедничко, ама битно е што се слушаме еден со друг. Да не беше неговиот другар иницијатор да испиеме едно кафе заедно со нив, со другарка ми, јас никогаш немаше официјално да се запознаам со детето, бидејќи е пресрамежлив. Е тогаш би било штета.
    Сума сумариум, немам ништо против да се запознаеш со некој нов фин и културен дечко и да испиеш едно кафе заедно со него. Ако ти се допадне, супер, сигурно ќе следува уште едно; ако не, тоа е тоа, останувате на по едно здраво (јас сум посебен случај овде, не се бројам :D ). Е сега овде не спаѓаат досадни типови, што напнуваат и работата доаѓа ко усилена. Со нив по кратка постапка, не и готово.
     
  10. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Мразам местенки, многу ми се глупи и никогаш не прифаќам такви предлози :)
     
  11. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Местенките ме асоцираат на времето кога имавме 16-17 години, а сега ми се детска работа.
     
  12. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Глупа работа. Ми се има случено ама веднаш директно си кажувам дека несакам, па ако сака нека се лути ич не ми е гајле нема шо да се лажеме. Најчесто некоја другарка требало да се види со некој, па тој некој го зел и другар му па таму гледаат да ми го наместат ама уште од почеток си кажувам не сум заинтересирана. Мислам ако ме интересира некој знам и сама да му пријдам, нема да чекам некој да ми го мести. :@
     
  13. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Местенките ме асоцираат на времето на баба ми и дедо ми....
     
    На Lavander му/ѝ се допаѓа ова.
  14. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Ааа страшно ме нервира тоа,демек некој неспособни сме па ајде ќе му местеме некој.А да е уште по трагична ситуацијата и двајцата што треба да се "наместат" на здрав памет се праат мутави демек незнаат што е работава,па као случајно се нашле таму кај што се.Обично вакви местенки прави некој пар,другар со другарка незнам ти што,чисто за нив да им е интересно,ајде ќе си имаме заедничко друштво.
     
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    8.422
    Пол:
    Женски
    Е, ваков случај и мене ме снајде.Моја ‘другарка‘ сакаше да ми мести нејзин другар, бивш дечко на нејзина најдобра другарка.Девојкава холивудски филм му направила, ја осмислила и сцената на запознавање. Баш бујна фантазија, нели :wasntme: ?

    Арно велам јас, не им е лесно на некои :drunk:
     
  16. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Хахаххххх лелее потполно истово и мене ме снајде :tmi: Другарка ми ми мести најдобар другар на нејзе и нејзиниот дечко,бивш на нејзина другарка...Му го поажала мојот фб профил и сега треба да го запознаам некој ден (не сме од ист град) :$ Според тоа како што ми го опиша другарка ми, е преубав и сигурна сум дека е така (друагрками никогаш не бира штогодер :lol: ).Како во некоја дилема сум последно време,целата се тресам од возбуда, баш бујна фантазија :lol:
     
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    8.422
    Пол:
    Женски
    ^
    Епа тоа ти е, возбуда.Пишај што бидна да не те мислиме после :lol:
    Море кај мене и на фб понуда за пријател ми пушти, ама не прифатив.Машала упорен беше, но се откажа.Не оди еден ден си се врати на бившата.Ајт нека им е со среќа :rofl: :rofl:

    пс. абе остави убавина, ако нема карактер.Сепак, секој си има свое мислење :)
     
    На LadyInTheDark и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  18. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Секако ќе ви пишам :D Баш денеска дојде другарка ми на кратко се видовме, па ми кажа нешто за него(сите глупости ми ги кажува таа :lol: ) дури поклони купувал :^) ко санкир за жена ќе ме бара :D Лелл ќе се стопам како сладолед кога ќе го видам :$
    п.с. да се сложувам со тебе за тоа дека не е битен изгледот,но секогаш сите прво го гледаме изгледот :x
     
  19. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    незнам зошто не сакате да ви местат некој...
    Искрено јас на моите другари секогаш им местам девојки- понекогаш мислам дека и само затоа ме обожаваат :^) ...Само имам едно правило кое е малку себично ама тоа е мора да бидеме и малку себични...девојките мора да се супер за излегување, односно приближно слични на мојот карактер. Неможам да седам на иста маса со некој кој ми врти со очите...
    Е сега се случувало и да треба да им местам некоја девојка за која знам дека ќе рече не ама вообичаено ги припремам претходно дека таа едноставно е поголем залак за нив или обратно. А девојчето / момчето нема зошто да ми се лути колку што јас знам добро е да те сака некој, лошо е ако те мрази ...

    Сепак ќе речам за некој да ви мести некој треба добро да ве познава и во никој случај да не ви мисли ништо лошо.
     
  20. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Пред да се фатам со дечко ми, немав ниту една сериозна врска. Сите буквално сите беа загрижени за мене да не останам стара мома на 21 година. Немаше еден што не проба да ми мести некој.

    И уште вака како траума си го памтам тој период. Јас си сакам сингл да си бидам тие туку ми припикнуваат некој. А имаше доста непромислени избори со луѓе со кои не би кликнале ниту на сон. Ни карактерно, ни физички, ни психички, НИКАКО, само пошто тој сам, јас сама, ај шо годе нешто да се спои. Или евентуално така му одговарало на стојникот. :tmi:

    Значи јас разбирам, да ми се бендиса некој, или јас да му се бендисам, па со мало поттурнување некако од некого да се запознаеме, ама не разбирам јас појма немам, тој или нема или сеедно му е каква сум, битно да е женско и ајде сега....

    И ептен ме нервираше тоа што инсистираа, јас му кажувам на памет да не ви паднало, тие упорно. Ужас. |(
    Никој тогаш не ме разбираше дека не сакам да се врзам, дека сакам сама да си бидам, као тие се зацрниле и ајде и јас.Ме сметаа за очајна ваљда, а врска немаше. |( Не знам до ден денес филмот што му беше, ама јас никогаш тоа никому не би го направила. Да потпрашам пример сакаш да те запознаам, да ве ставам заедно или да направам случајно нешто, ама да прашам, а не да си земам дозвола на своја рака. Пф. Глупости. И со кое право. ]:)