Не може никој да ми намести некој против моја волја, доколку се обиде знам да се извадам од таква ситуација. Не сум ни грда ни глупа, па да има потреба некој да ми мести некој.
Ми се случи ова лето сега, да ми дојдат роднини и тоа блиски со дечко од Австралија дојден за женење, без да знам која е намерата и без да ми се најават си седнаа на маса и тоа отворено си кажаа за што се дојдени , да ме запроселе хааха во тој момент ќе експлодирав ми викаат мора да биде оти ќе ве згазни времето , јас не им обрнав внимание само се насмеав , си го зедов внук ми и си го шетав низ соба, и кажав на другарка ми таа вика веднаш да бев на твое место ќе летаа од дома, постот е подолг ама сакав да образложам нема потреба од вакви местења, секој е доволно совесен и трезвен да си најде сам партнер, е сега лошто е кај нас што ако не се омажиш до 25 си стара мома, е од ваквото размислување ми се крева косата
Ух ми олесна, мислев за мене се однесува, демек го свати како смешно мислењето тоа е секакви будали газат земја
лелееее извинии јас погрешно сватив хахаха..не видов дека ти имаш раскажано дешавка над мене ле ле стварно извинии.јас дадов мислење на темава не на твојата ситуација хаха извинии
а и да со надоврзам веке и на твојана ситуација е тој е па стварно неспособен хахаха како на сериите старине времиња ама ако што како иначе некој ке ти разбие монотонија хаха
Ништо се е ок не се разбравме двете очигледно хахаха ... леле скраа да е да си во таква ситуација ке сакаш очи да му ископаш не да разбиеш монотонија
Добро битно брзо се разбравме хаха хаха можам да замислам како ти било мада ја верувам дека ке умрам од смеење нема да можам да прекинам па и тие од срам ке си пукнат хаха
Вчера другаркита ми носе братучед да сум се запознаела бил ногу добар и немал некоја.. и јас да сум му била таа некоа. Боже каква другарка сум имала, како да незнае дека имам дечко и го сакам. Детето не дека не беше убаво ама.. имам дечко и го сакам и да немав пак нема да ми беше пријатно некој да ми мести некој.. да го сретнев вој убавиот братучед некаден порано може ќе беше нешто ама со местење и тоа кога имам златен дечко малку потешко дека ќе ми го наместат.
Се осеќам ептен глупаво, и си мислам дека тие што сакаат да ми местат мислат дека сум гревче, дека не сум способна дечко да фатам, и ќе ми местат било каков. Ич не брзам. Не е работата само да се има дечко, а да не го поднесуваш. Неколку другарки сакаа да ми местат другари на своите дечковци, но фала им, ќе успеам во потрагата по вистинскиот и без помошта од нивните дечковци. Сега тие другарки, кои упорно се трудеа да ми местат дечко, кој не сакам да го гледам, а не пак на кафе да одам со него, ми се извинуваат, што се трудеа да направат нешто што е против мојата волја.
МРАЗАМ местење, мислам океј е ако сака некој нешто пример со мене да ми подречи нешто зошто реално ако некој стварно ти се допаѓа во поголема или помала рака ти е срам, ама кога се напнуваат и пробуваат секој втор да ти го местат е веќе ужасно. И сега ти им велиш „не сакам со овој“ и продолжуваат „ама тој е добро дете, тој е ваков тој е таков“, а јас јасно кажав дека немам никаква привлечност кон него. А најчесто местењата кај мене почнуваат или вака: „Еј брат, види овај убо дете, а?“ или „И викаш со бившиот раскина а? И сега си реков да не сакаш некој друг, имаш на ум?“ „Не за сега.“ „Е имам едно дете шо те свиѓа.“ „Ок.“ „И сакаш?“ „Кој?“ „Тој и тој“ „Не.“ „Ама сигурно?“ „Да.“ „Абе мн добро дете е... ме замоли да ти речам.“ „Ок де, кажи му не.“ „Ама сепак ај размисли.“ Е кога се напнуваат ме нервира значи. И сега откако ќе речам на „стројников“ не, иди овој застроениот и почнува сам да се напорва.
Еден другар на другарка ми се обидува да ми мести еден ропак. Му кажав значи еднаш не фала, не сакам. Овај пак на фб ме напнува сега што прајме со детено јас му викам дека него ни го познавам, не ни сакам да ми го мести, јас си имам друг што го бендисувам .. Значи не знам како ќе го откачам ако продолжи да ме напнува.
Многу смешно е ова „местење“ уствари. Ако сакаме да се наместиме, ќе се наместиме и не ни треба никаква помош.Точка. Еднаш ми се случи, една „пријателка“ да сакаше да посредува, без моја дозвола и тоа најверојатно и беше прв и последен пат да се бави со мене, за било каква работа. А што направив? Па да речеме дека само допринесов толку да се обрука, до степен да ќе се пикнеше под маса уште малце
Нај глупо нешто кога постари луѓе ќе се вклучат во акција да ти местат некој. Последниот период ми иде да избегам некаде, очи да извадам. Очај, така ме имаат напнато не знам кој ќе си го обере бостанот некој ден.
Леле се имам најдено во таква ситуација, нешто најглупо и тоа пред тој што сакаат да ми го местат, за да не се натажи реков ќе размислам ама кога си ојдовме со другарките в училница ќе ги убиев на лице место. Значи кои се тие да ми местат мене, можеби јас сум во врска со некој???? Господе боже, а баш ме налутија
Леле смешки се ова со постарите. Еден колега постар од мене запнал да ми мести роднина. Ај еднаш да спомне мала шала, ама еве го 2-3 дена ми збори пред други колеги и колешки што испаѓа глупо како јас очајно да барам некој. Фина сум и позитивна со сите ама некои навистина немаат осет.