Ако си под 18 гаси интернет! Обично, за вакво нешто постојат правила. Нема постојано јавување, пишување, замарање. Договорот е само и ислучиво секс. Но, што ако оној згоден дечко со кој си решила да си ги исполниш фантазиите, ти го прави филмот и почнуваш да осеќаш дека вашиот однос се продлабочува. Има огромна хемија меѓу вас, те прави да се смееш цело време и почнувате да поминувате заедно се повеќе време. Од разговори со пријателки, имам слушнато некои приказни дека кејжуал секс, завршил со успешна врска. Што мислите вие на оваа тема? Ве замолувам, без морализирање и цитати од Библијата.
Ако им се допадне и на двајцата зошто пак да не. И јас знам за такви врски. Факт е дека од тие средби може да произлезат и некои продлабочени чуства. Не е ок ако само едниов почне да замара додека другиот си се придржува кон првично договорениот план.
Ако се работи за двајца доволно зрели, се седнува на маса со отворени карти и ако и двајцата се за може да прерасне во нешто убаво и да трае.
Изгледа го гледаше филмот ''Friends with benefits'' па се инспирира за темата. Тоа е можно само на филм јас мислам. Едниот ќе се заљуби, ама другиот си се придржва до првичниот договор тука настапува вистинскиот живот. Не познавам некои кои прво имале секс 4fun па потоа стапиле сериозна врска. Обично е обратно. Интересен филм кој не би сакал тоа да му се случи.
Кога некои ќе се решат за вакво нешто, треба да свесни во што се впуштаат. Секогаш кај едната страна ќе се јави нешто повеќе, ама другата страна е цврсто убедена дека не сака ништо. Имам една познаничка што почна ваква врска со рандом дечко, и нормално се заљуби во него, па откако индиректно му даде до знаење дека го сака - тој исчезна...после некое време се соочија, а тој и рекол тоа е твој проблем ако си се заљубила и пак исчезна засекогаш. Не знам колку години се поминати оттогаш, а таа и ден денес е заљубена во него иако не го гледа во живо...често го спомнува. Искрено среќен крај има само по филмови. Не верувам дека и во реалноста постои такво нешто.
Треба да се избегнуваат вакви според мене глупости. Ниту таа ќе има полза некоја, ниту тој. Убаво ќе му биде додека трае, а после тоа таа ќе се заљуби, ќе очекува повици, пораки и сл. Не знам зошто би се впуштила некоја во вакво нешто, кога се знае дека тој ја посакува само за да си сврши работа. Не верувам и дека постои секс за една вечер. Ако му е убаво на машкото, па и на девојката ќе сака повторно да има. Не познавам никој што имал со некој/а само еднаш. Ова е буквално труење на сопствената благосостојба ако си девојка.
Доколку постојат чувства е само фер да се искажат зошто не знаеме дали и партнерот чувствува нешто, но сепак се држи до договорот. Верувам дека чувствата се развиваат со меѓусебно запознавање, и доколку малку од малку разговараат и уживаат во тоа - има шанси да се заљубат.
Уф, како ме сети? Се инспирирав од реалноста. Се повеќе се случуваат ваков вид на “врски“ меѓу младите. И нормално, не се збори за тоа освен на форум. А имам слушнато дека некаде се развило во врска. Темава ми е баш ако има такви, да споделат мислење. Точно е се, а сепак има многу луѓе кои го практикуваат. Можи е само еден чекор напред во еволуцијата, не знам.
Можеби има, ама не тука, зошто кај нас некоја ако се нафати да има секс за една ноќ после ќе биде мета на озборување. Дечкото ќе каже на другарите и така веднаш ќе излезе муабет. Ова мислам дека важи за малите градови. Исто така мислам дека Сексот и градот многу придонесе жените да стигнат да се плескаат со кој ќе стигнат, зошто нели самостојни се и никој ништо не им може. Не осудувам никоја, секоја нека си прави што сака. Според мене тоа е само проблем и во најголем број на случаеви жената е повредена.
Јас сум млада имам 20 години имам другари значи машки род кои не прават вакви работи. И помлади и постари. Тие сакаат да се фалат со такви работи нели, барем помладите и немам слушнато од никој вакво нешто.. во странство да, ама овде не вакви ''врски''.
И јас како тебе мислев дека не се прави тоа, Македонија е заостаната земја. Ама guess what? Прилично промискуитетни се, само што многу добро се крие тоа. А за фалење, машко може да се пофали и ништо да не направило. Постојат и такви психолошки случаи.
moze da stane nesto poveke da no najcesto ako maskoto ja sviga dovolno fizicki zenskata prvo kako vtoro seriozna vrska hm zavisi odma prepoznavam par koj e zaljuben kolku da se kaze test labavo i najcesto vo vakvi vrski zenskoto e vlubeno a znam da osetam megu koj par ima vistinska ljubov
Може да се појават емоции и затоа е важно убаво да се размисли дали се сака вакво нешто бидејќи ќе биде од играчка плачка. Никој не е бесчувствителен посебно ако имате пред вас личност што ве привлекува физички и добро ви оди комуникација, забавно ви е заедно и сл. После тој излив на емоции или ќе си продолжат заедно како хепи енд или целосно ќе прекинат бидејќи веќе ништо нема да е исто.
Во право си и ти. Ако легне некоја другарка моја така за еднаш, да не ми каже случајно ?! Не верувам, ќе си молчи.
Нема ништо страшно тука, често се случува двајцата да забршат заедно во врска или во брак, оти сепак интимни моменти се споделуваат, бакнежи, нежности, се пројавуваат чувства, доколу и двајцата партнери се слободни патот кон нивна врска е слободен. Лошо и опасно е кога еден од партнерите е во врска или во брак, би рекла и дека чувството е болно
Крајно нереалистична ситуација, иако може да има исклучоци, 1/1000 и такви ствари. Денешната транзициона состојба со сексот е како измислена, порачана, створена, падната од небо, совршена за неодговорни машки, за преваранти, фолиранти, фејкери и слични створови. За женски особи...којзнае. http://www.deccanchronicle.com/life...-to-orgasm-during-one-night-stands-study.html Ете некои по америките (каде пијаниот секс со тотално непознат лик е многу поприсутен него тука, а следствени и последиците врз буџетот ) се сетиле да направат студија околу тоа. Една во десет жени воопшто свршила при уан најт стенд и 2 од 3 кај мажите, Испаѓа дека е далеку поголема шанса да се убоде Хепатитис отколку оргазам. Што е и логично, тотално рандом лик кој не ја познава типката зошто воопшто би го болел курот (pun, i did it ) дали таа ќе сврши дали ќе и е ок, дали ова дали она. Таа е само вагина која во моментот е на располагање без никакви обврски. И тоа е тоа. Какви црни емоции. А колкава е шансата тотален странец да биде компатибилен во останатите работи, карактер, интелект, вредности, било што... не знам, со тие шанси јас пре би играл лотарија, од недобитно лифче барем нема 50% шанса за СПБ
Па има и девојки во долги врски кои никогаш не доживеале оргазам. Кога станува збор за спб, најмногу вагинални инфекции имаат девојки во долга врска, каде не се користи заштита. Па така, кандида а и хпв вирусот се премногу честа појава. Овие што идат на секс за една вечер, поголема е шансата да користат заштита заради страв. Убаво е што направиле студија во Америките. Ама таму, од она што го знам, секс практицираат на 2 или 3 дејт. Што е прилично многу убрзано. Така да, кај нив мислам дека нема ни некоја особена разлика, во поглед на тоа.
Не постои 100% заштита, освен во рекламите на производителите на презервативи. Има девојки кои не доживеале оргазам во долга врска но нивниот број е драматично помал од бројот на оние кои не доживеале оргазам со рандом пијан непознат лик. Во секој случај врска во која партнерката ќе може да се опушти со добро познат лик во кој има доверба, предигри и што све не, кој ќе се потруди малку повеќе....Има простор и за промена и за запознавање како што, која жица трза и слично и е подобро во однос на оргазам и целокупно сексиљаво искуство отколку секс во веце/автомобил/мотел со пола литро вотка во себе. Мислам сериозно, од машка гледна точка при уан најт стенд, која би била мотивација да се задоволи типката? Ќе му се налути? Му значи нешто? Ќе си сврши тој, затоа и флертувал и частел или што и да правел, го вади кондомот го цеди и ај чао, или пушење или било како. Не треба ни да и запамети име, нема мотив за ништо повеќе. Во врска до СПБ може да се дојде само преку пат на варање, инаку од каде ќе се појави бактеријата или вирусот, сами по себе ваљда нема да се материјализираат. Студијата е исклучиво за искуства од уан најт стендови а не за дејтови и почнување на врски, тоа е сосема друга тема.
Баш ме интересира од женска гледна точка, која би била мотивацијата за впуштање во такво нешто can`t figure it out...