Фала ти Реин баш ваква тема ни фалела. Моето вчера испадна нит тт дека имало нит болно дека е, му поминала дремката. Јас всушност не се плашам од болно бебе/ дете туку бебешкиот плач ме паничи. Кога ја гледам сликата од вчера се прашувам да не имам некоја нова дијагноза, а да не знам. Зедов кутијата со лекови и мозокот не ми перцепираше што е термометар што чепче, значи скроз изгубена ми се вртеше собата, ми се тресеа рацете и нозете, плачев и не сум размислувала трезвено. Навистина ме плаши ова, јас не сум некој што паничи ама во моментот ми се враќа низ главата се што сум прочитала како некој викал брза помош такви ствари и замислувам како одиме со брза помош и јас плачам, толку страшен филм значи сум креирала со здраво бебе. Ова не е нормално. Еднаш заплака и јас се изгубив. Многу ние и со малава одевме на итна, многу често или секогаш за џабе. Еднаш влагаме како криминалци со трчање викам не диши бебето кога се стрчаа сите го штипна една докторка се разбуди. Си заспало во кола додека сме стигнале. Вчера кога дојде мм дома во 14 часот му викам едвај чекам да се раздени. Ми вика па уште не се стемнило ти чекаш да се раздени. Кога била болна малата едвај чекав да се раздени, во темно многу тешко и страв ми беше и одма беше поинаку сабајле кога ќе се раздени. Вчера пробував вдиши издиши ама џабе градите до вечер ме болеа од страв и паника. Нит јадев нит пиев како дух сум во огледало бледа. Страшно. И се за џабе, за здраво бебе што само му се спиело.
Мислам не сум паничарка само сум плачка оти сум немоќна во тие ситуации. Добро ќе излажам ако кажам дека кога се роди првата не бев со топломер во рака до 9 месеци, што ако настине ,како сама, каде да одам итн. Откако тргна на градинка мислам поболно од нејзе немаше, преку една недела болна.Па тт 41 сум доживеача 48ч која беше, и кога ќе спаднесе на 39 ми беше. Лошото кај нејзе беше кашлицата .Кашлаше 24ч без престан.Е тога плакав оти за лек добивавме само капки за нос.Оф болна тема ми е болно дете се ми доаѓа во глава кшѕо поминавме. Од овие болестите најмногу паничам на повраќање.Мислам дека ќе дехидрира одма и само мислам сега да ја носам на инфузија или не. Така со искуство научив што како треба и каде да се обрата за не дај Боже .Си велам само брзу да помоне. Сега за бебето паничам помалму демек искусна.До сега 8м се има раболувано 6 пати од дада и, ама на др ја однесе само еднаш татко и.За разлика со првото штом ќе и потечеше нос бев на др.Искуство и инстинкт изгледа. Ако паничам можам само да згрешам што е било неколку пати и гледам да останам со ладна глава ако може да се остане од неспиење. Најтешко ми беше кога ќе ги прашав др , кога детето ќе почне момалку да се разболува, одговорот беше по третата година.Толу ми беше далеку таа трета година.Кога наполни 3 очекува да е здрава, ама не било по 3та година во градинка па морав да чекам до 4год .
Многу паничев кога ја вакцинирав кога беше бебе. Сега не паничам, ама ми е криво зошто да е болна ко да сум јас виновна, а нема врска Смирена сум и пробувам на секој можен начин да и помогнам колку можам. Паничам од после оти си правам филмови што би кад би. Еве случка: Пред точно една недела имаше многу мрсули, а и кашлаше. Ама ништо не ни дадоа освен инхалаци. А детето не личи на болно не е клапнато весело си јади и пие се најнормално. Вечерта легнуваме да спиеме и во сон слушам (веројатно ова од мајчински инстинкт или појма немам што) дека Ева повраќа. Станувам за секунда ја гледам целата исповратена во лиценце косата перницата лом се... Ја станав се капевме во 1 по полноќ само што се облековме пак исповрати на ламинатот. Луѓе златни јас тоооооооолку шлајм немав во животот видено. Ја средив малку чајче се напи дадов локомотив сирупче и заспа. Цела ноќ седев будна да не исповрати пак и немаше ништо си спиеше нормално. Повеќе не се накашла и полесно дишеше дури. И си викам (додека таа спиеше) што ако не ја слушнев дека повраќа, можеше да се задуши триста филмови нервен слом мислам ќе доживеев, ама тоа отпосле. Додека ја средував не паничев воопшто. Пред да заспие ми рече: Мамо извини што креветот го повратив Секоја настинка е дел од растењето, така тие растат, а нас ни белее косата.
Кога се роди поголемата ќерка прв пат се разболе на 7 месеци, и ај ништо не е .Дете е. Леле одма спушти на гради, па болници па инекции, инфузии. Дерман не ми дое додека наполни 3 год. После прекина се. Малата, предвреме родена инкубатори и сл. уште кога се роди по болниците, и сега а кивне на нога сме сите. Тешко, многу тешко кога се болни. Не ме фаќа паника тоа дефинитвно научив да се справам со ситуацијата. Редот го знам, лекарства секакви имам, инхалатор имам, ама ми е жал што се болни. Значи кога се болни малите мене се ми запира. Посветена на нив повеќе од 24 часа. Се ќе направам да оздрават
Синко е 4 години. Не паничам но чуствувам огромен страв и во глава филмови за најлоши сценарија ми се вртат. Можам да кажам дека синко има добар имунитет. За прв пат крена температура кога имаше 10 месеци. Имаше 3 дена и тогаш баш во Македонија бевме и го однесовме со мм ноќта на болница па ми искара докторката прво дека ја разбудивме од спијање и второ ништо не му било само обична температура. Престана да крева од како прими инекција другиот ден. Кога кашлаше го носев кај матичната за да му ги слушни градите и секогаш со Проспан сируп му поминуваше. Кога имаше температура исто го носев кај матичната. На ноќе си правев аларми на секој час или 2 зависи колку имаше па го проверував и му мерев. Големи сипаници помина многу лесно и си беше весел а јас секоја минута го следев и ми беше многу страв мислев дека Срцето ќе ми пукнеше. Од како почна короната дома си го лечам. Кога кашла му давам Проспан и поминува, за температура Далерон. Еве сега баш ми е настинат. Во градинка почна со полни 3 години и имав премногу страв дека ќе ми се разболува но за среќа не беше така. Воопшто не се разболи од градинка на почетокот. Во овие 4 години има 3 пати антибиотик пијано. Првите 2 години имав премногу страв од ставање во уста се што ќе најде, мислам дека полудував од тоа, воопшто не ме слушаше за тоа. Еднаш голтна фолија од роденденски украс и почна да се дави па пена почна да му излегува од уста. Болницата ни е на 2 км и го однесовме и в кола помислив на најлошото ама помина се во ред. Од јадење се имаше задавено неколку пати. Потоа од како прооде па се до 3 години кога тргна во градинка не сакаше по пат за рака да го држам и ми бегаше по пат. Од тоа имав огромен стрес и нерви. Еднаш за секунда ми истрча на пат и јас по него за да го фатам и го фатив точно пред кола да помине па паднав и нога скршив па поминавме дома 2 месеци. После имав страв да излегувам сама со него, го чекав мажот ми да си дојде од работа. Тој период помина со тргнувањето во градинка. Јас до сега во сите ситуации сум изгледала смирено ама срцево ме стегало од страв. Најчесто само молчам и го гледам а маж ме прашува и сега што му е или што ќе му биде (како јас доктор да сум). Мм покажува страв ама никогаш не седел буден или не станал да го контролира кога има температура. Постојано е на работа и навечер е многу изморен. Во болница не лежел досега, не примал инфузија, инекции... па среќна сум за тоа. Сочуствувам со сите мајки кои мораат да си ги гледаат децата болни а неможат да сторат ништо. Тие се мајки лавици. Знам дека постојат многу пострашни работи и болести од една температура или кашлица и срцево ме боли. Кога гледам некое дете или читам како е болно - плачам. Нема полошо од тоа за еден родител. Од како останав бремена со синко јас имам постојано за нешто страв. Сега второто е на пат па и за него страв. Најмногу ми пречат лошите мисли во глава, нив неможам никако да ги избегнам, некогаш се поизразени би рекла нешто како анксиозност ама не сакам ни да мислам дека го имам тоа нешто.
Повеќе би рекла некој внатрешен немир и страв осеќам, отколку паника, кога е болно. Во бременоста имав неколку моменти кои ме изместија тотално, ама мислам дека баш ми помогнаа да ја надминам хипохондријата со која со години се борев. Зашто бременоста сама по себе е непредвидлива, единствено што преостанува е да имаш верба и надеж дека се' ќе пројде убаво. Ме боли да гледам болно дете, без разлика дали моето или некое друго. Срцето ми се кине. А вака во конкретната ситуација останувам приземена, мозокот ми работи 300 на саат за да не погрешам нешто, како да изреагирам. Сме имале со синко неколку ситуации како гушење, анафилакса, пад од височина, каде мора веднаш да се реагира и со паника ништо не се постигнува. Мислам дека и тоа што сум најчесто сама во такви моменти не ми допушта да си "дозволам" да паничам воопшто. Не дека отпосле не му плачам на маж ми, не дека потоа со недели не можам да си дојдам на себе мислејќи на можни последици и сл. Нејкам деца да страдаат, да се болни, да немаат нормални услови за живот. Ми ствара некоја агонија и често размислувам на тоа. Кога е се' во ред, се опуштам и се фокусирам на убавите и мирни моменти, не си "измислувам" можни сценарија, бидејќи гледано наназад кога јас сум минувала низ истото, сфаќам колку е апсурдно да се троши скапоцено време залудно.
Големата има добар имунитет. До сега само еднаш пиеше антибиотик, а е 4г и оде на градинка од 1г. Сипаници од нога прележа. Еднаш имаше осип на дланките и стапалата, мислев дека е коксаки, ама докторите не мислеа така и кожниот ѝ даде некои креми и се повлече. Имаше и шуга. Од кај ја закачи не знам. Во сите ситуации сум пристапила ептен смирено и без паника како да е тоа најнормално. Еднаш само има качено висока температура и многу плачеше, а јас бев на работа и ми се плачеше од што не сум до неа во тие моменти. Тоа ѝ беше од забите, ама јас ептен стресно го доживеав. Малата два пати пиеше аб во овие 8м. Еднаш имаше пролив и висока тт, а вториот пат кашлица, затнат нос, висока тт. И тогаш не паничев, не ми е ни било страв. Со малата животот ми се скрати мислам кога се породив и тој период за мене беше најстресен. Сите тие прегледи што ѝ ги правеа, ехо на абдомен, два пати ехо на срце, два пати пробуваа да ѝ направат екг безуспешно оти беше многу мала. Сондата преку која ја хранеа во болница. Премногу нервози и стресови имав тој период. За среќа се е зад нас, она е здрава и нема проблеми со срцето, тоа е најбитно
И во болница лежеше, и инфузии примала, и од рандом бактерии кревала 40 температура за пола саат. Се тоа на почеток на градинка. Си го сфаќам како дел од животот, не гледам зошто да паничам. Ако мислам дека знам кога може да пројде, а кога мора да се трча по лекари, што и да ќе се најде чаре. Мислам дека паники само ја отежнуваат ситуацијата, особено ако се работи за нешто посериозно. Нормално е како родител да се грижиш, ама мора малку приземност за да може да им помогнеме на децата во таков момент.
Имав тешка бременост и од тогаш почнав да паничам за ситници. Прлично нова мајка сум, бебе до сега здраво, освен стомачен вирус пред некој ден. Одма паника што да правам, па незнам што да дадам нели прв пат се случувам. Се обвинувам себеси како дозволив уште толку мал да фати стомачен вирус Доктори, прегледи, се ми е многу стресно а и знам да си заплачам дома Се надевам ќе се навикнам понатаму и посмирено ќе реагирам
Јас кога велам паника мислам на страв. Еден огромен страв од она што може да се случи. Иако е настинка, или што и да е, некако кај децата многу брзо сè се одвива и тоа ми создава страв. Кога беше мала за две минути од 37,5 креваше 39. Мерам прв пат, ај ништо, малку, вториот пат веќе отишло. Ама, таквите мисли се крајно неполезни и само црпат енергија. Она што сега го практикувам е да направам сè што е во моја моќ, значи да и е удобно, да има сè што и треба, да следам ситуација и да знам кога да реагирам за доктор или дали е нешто поситно. Така само се смирувам, со тоа што го правам. Сепак, во некоја мера, стравот е тука, а што ако? Знаеме сите што се тие а што ако. Друго што научив е дека стравот е и корисен и нè тера да реагираме, да следиме будно ситуација. И веќе не го поттиснувам, едноставно таква сум, се плашам, правам што можам јас за нејзе, а кога ќе ме обземат мислите ги оставам да дојдат и да пројдат. Така побрзо поминува отколку да се поттиснува и да си живее некаде длабоко. Сите сме различни, нормално, но сепак треба да научиме некако да се справуваме и со тоа какви сме. Исто и искуството понатаму веќе ни кажува на каде ќе се движи ситуацијата. Ама, тешко е, ништо не боли како кога дете е болно и немоќно, а инаку секогаш е толку растрчано. Сè додека е нешто полесно ќе преживееме и ние мајките.
одвнатре се распаѓам буквално кога се болни (претерано дури,и се си мислев јас сум една од ретките но еве) а однадвор се правам јака колку што можам лани кога не спотера корона и по ред сите вируси па бактерии па со месеци неможевме да се опраиме станав суво дрво..се јадев одвнатре јас сум многу емотивна кога станува збор за било кое дете убава тема да се Бодриме а и баш во тие моменти ти фали поддршка и кураж што се вика
Јас сум смирена, барем до сега сум немала доволна причина да испаничам најверојатно. Сите вакцини ги пројде без тт никаква настинка и гол шеташе лани како бебе али затоа сега од како почна во градинка се фати. Сега моментално е доста настинат, а можеби и вирус да има според матичната се е во ред, не знам зошто ама кога ќе ми кажат на лекар не е ништо, а детено кашла како бронхит да има коса ми се крева и ги прашуваш за алтернатива што можеш да му помогнеш само инхалации. Нели има сирупи како Виранто никој не го ни спомнува тоа и кога ќе фатиш сам да го лечиш и ќе го оправиш ќе те прашаат како го излечи.
Едноставно мразам кога се болни. Малава од Септември од ко тргна на училиште само со растечен нос е, може и не е некоја голема работа и знам дека само "school germs" се ама јас ептен се нервирам, посебно на вечер ми е пекол, дали ќе може да диши во спиењето? А што ако крене температура а јас да не ја сетам, и се некој такви мисли ми се вртат. Со големата сега ми е полесно, со неа сум по опуштена, но пак ми е мака кога се разболува
Јас сум чудно ладнокрвна кога е болна ќерка ми. Просто се исклучувам и автоматски правам се што треба. Не си дозволувам да размислувам негативно, или да ме фати паника оти така нема да можам да му помогнам на детето а и она ќе се вознемири, оти чувствува се. Е, откако ќе помине болеста, потоа имам последици од акумулураниот и потиснатиот стрес
Не паничам, ама се плашам многу. Особено што од нигде никаде креваат 39. После нивните настинки,вируси , јас завршувам или со антибиотик,или со паднат имунитет....
Зависи за што, но знам некогаш да испаничам. Повеќе за машкото имам паничено дека беше повеќе болежлив и плус еден период со голем проблем беше и тогаш веќе не ни знаев кај се наоѓам. Не паничев видно (сакам да кажам вака мислам никој не ме примети), ама немав ни сили веќе и само си плачев (не пред него) и ослабев претерано. Мислам на фемина маките само си ги кажував тогаш.. Фала му на господ што од никаде му се среди тој проблем само од себе. За температури, мрсули, кашлици, не паничам баш, мислам во тие моменти дека добро се држам. Страв и паника некој до сега не сум осетила, па дури ни кога лежевме со малата еднаш во Козле со бронхит и пневмонија. Со некоја верба сум си дека ќе биде добро. Правам се што може да им помогнам да оздрават побрзо и немам некој страв. Е скоро после долго време испаничив максимално што дури во афект толку му се развикав на синко што после плачев дека толку сум го искарала. Малата стоеше до мене на кревет во дневна и он ја подбутна и згазна она во празно до креветот и со главата акна во ќошот од масата и ја расцвета. Хорори беше, маж ми ја дигна, крв лее, ми вика донеси крпа, а јас како мува без глава незнам кај терам. Најдов крпа му дадов и му се испоразвикав на синко... Го оставивме него на свекрва ми, а со малава на лекар и леле кај за неа ми беше страв, па и за него жал, абе во моментот најлошо на цел свет се осеќав... Иначе ја сошија таму, ја снимаа, поминаа мислам 3,4 недели од тогаш, добра е сега..
Не паничам... Ама зборам за обични работи... температура, кашлица, стомачен вирус итн. Фала му на Бога, тоа само сум доживеала со нив па можеби затоа не паничам.
Не дека не паничам,дека не се плашам едноставно пред околина и болници и матични не давам до знаење колку многу паничам во себе. Се гризам и се обвинувам. Некако во себе си ја барам вината каде згрешив,зошто не можам да ги "заштитам" било од сезонски настинки или бронхити и пневмонии. А од кога имам две е многу сложено. Многу. Глава немам кренато. Со едно кога бев немаше градинка па прво разболување му беше на негови 2 години. Ништо сериозно вироза најобична,ама затоа брат му си "заработи" пневмонија на 4 месеци и до ден денес никако неможе да се опорави. Месец нема а да не е без антибиотик. Се плашам во хронично дека би преминало ова неговото. Најтежок момент кој го доживеав скоро беше слушањето на тежок спазам и опструкции на дишење. Тоа нешто ме заледи. Како само беспомошно ме гледаше. Плачко бебе по природа а глас немоможеше да испушти. Бебе од само една годинка. Многу сум "горда" на себе што во тие моменти колку и да сум вон себе гледам да не покажам пред маж дека јас незнам што понатака. Не фрлам масло врз огин. Знам дека не е само моето иако за свое највејќе боли,знам дека мора и овој период додека стекнат имунитет да се помине но никако да престанам да си ја барам вината во себе дека некаде јас грешам било тоа во начин на облекување,домашна средина итн,итн. А во однос на делење медикаменти мислам дека можам следно да запишам вондредно медицинска сестра. Пракса имам. Само не боцкам. Во сон да ме стани некој рецитирам на кој кога и колку мл каков сируп. Инхалатор ми е втора најискористена бела техника после машина за перење За останатото тука на фемина плачам. Единствено овде
Се утешив дека не сум единствена што паничи кога ќе се разболе син ми, секогаш кога е болен толку сум потресена и во глава си правам најцрни сценарија. Мм секогаш ми вика дека премногу претерувам ама едноставно не може да разбере како се осеќам, буквално како да умирам кога го гледам со тт и главчето му виси, ниту јаде ниту ништо. Еден период многу често ми качуваше тт, на секои 2 недели ние бевме на доктор, сега фала му на Господ е добар ама од тогаш ми е останато премногу страв, буквално хорор ми е пред очи кога ќе видам дека има тт. Е сега кога се разболува во моментот ме фаќа и паника и страв ама пред него пробувам да бидам нормална, пак да го играм, и да правам се што треба додека не се среди, од кога ќе се среди и ќе оздраве детето јас добивам панични напади, сонот ми се пореметува, повраќам, ми се гади, едноставно осеќам внатрешен немир без причина. Ама тоа е, пуста мајка.