Леле , многу паничев кога прв пат не можев да ја симнам тт на синко . Тогаш , како денес се сеќавам , вадеше четворки . Пробав со сируп парацетамол , половина час е ок , потоа па 39.5 тт . Видов нема аир , детето во кола и на доктор . А таму , му дадоа чиста инфузија и ништо друго . Уште го измачија два часа го боцкаа во раце , во нозе , никако вена да му најдат . Кога конечно ја најдоа , му савија само инфузија , ниту парацетамол немаше во неа . По ноќ сум се јавувала кај матичната да прашам што смеам да му дадам освен парацетамол . И ја кажав состојбата , дека вади заб . Рече штом не помага сируп , чепчиња и чорапи со млака вода . Од тогаш па наваму , Бог здравје да и даде на женава , со сите три деца ја имам истата практика , кога во прашање е температура која не се симнува поради вадење на запче . Сега сум смирена , а бев голема паничарка . Можеби искуството си го прави своето . Секако дека ме боли и лошо се чувствувам кога се болни , но реагирам веднаш , преземам првични мерки , доколку е нешто со што веќе имам искуство , потоа се јавувам на матичен да се консултирам дополнително . Последно што испаничив е , кога во среде Турција , малата се иссипа целосно , со што се немав соочено до тогаш . Тогаш се јавив на матичната прво , па по нејзин совет дадов Летизен сируп , и ја тргнав ќерка ми од сонцето . Цело лето и се јавуваше такво црвенило , штом ја фати сонцето во периодот од 12 ч до 16 ч . Матичната велеше можеби дека е мала сеуште , кожата и е нежна , можеби не се работи за алергија , да почекаме па ако има потреба ќе направите алерго тест . На тоа остана , ќе видиме што ќе биде следното лето .
Не сум паничар.Таквата ситуација сум ја прифаќала сосем нормално,како дел од растењето,секако со превземање се што е можно да им ја олеснам моменталната состојба ,давање парацетамол при температура ,чепче кога повраќа. Сепак да признаам дека имало ретки ситуации кога работите веќе беа надвор од моја контрола односно немаше начин како да помогнам.Е тогаш се чувствував очајно и немоќно и не можев да ги задржам солзите.Тоа беше кога имаше афти во устата и одбиваше храна неколку дена,исто кога повраќаше цела ноќ,имаше буквално нагон на пет минути а јас се плашев да го ставам чепчето против повраќање ,бидејќи беше последно а на него не беше втиснат рокот на важност.Исто плачев кога го оставив детето со свекрва ми за прв пат да прими инфузија ,тие очи што ме погледнаа додека заминував на работа а неможев да земам ден. Сепак тие се нормални работи кој секој родител ќе ги помине порано или покасно.Се молам само да остане на тоа,никој родител да не слушне лоша дијагноза,ниедно детенце да не осети болка што не може да ја издржи,да се најде лек да нема повеќе дечиња кои се нарекуваат онколошки пациенти.Друго се ќе издржиме на нозе.
Паника не во вистинска смисла на збор,да си како мува без глава. Туку паника од типот смирен и сталожен,но срценце лешник ,треперење и страв од внатре ,со желба што побрзо да заврши. Мислам дека за ваква паника станува збор. Сигурно не му е на никој се едно кога детето му е болно,и да е рамнодушен на целата ситуација.
Ептен тешко ми паѓа кога ќе се разболат , но од друга страна се "тешам" со тоа дека така ќе стекнат имунитет. Големата почна многу често да се разболува кога тргна во градинка на 2,5 години , секој месец беше на антибиотик првата година потоа почна многу ретко да ја фаќаат настинки, ми беше со неа посебно страв навечер оддеднаш ќе качеше температура 39.5 и не плачеше , само ќе ја видев будна и така ќе ја проверев, кај мајка мирно ќе спие ноќе кога детето е болно. До кај 4 год се разболуваше , потоа многу ретко пу пу. Малово сега 2 год има и уште од толку мало кажува што и е , кога ја боли нешто и сл, но оди разбери се да и дадеш сируп да пие. Нема шанси. На никаков начин. Среќа еднаш кога беше 4 месеци настина и од тогаш се нема разболено да не ја урочам. Но ќе имаме мака што не пие ништо од сирупи , се плука
Не паничам или барем така мислам, претежно кога и да качи тт јас сум сама дома и можеби искуството или помислата дека двата сме сами ме прави јака и ефективна. Па веднаш реагирам го соблекувам, капам, го мачкам со алкохол чепче ставам само над 38.5 (повисока тт од 38.7 не сме имале фала му на господ сега за сега) али сум имала случка каде се симнувал тт само 2-3часа и пак се качувала и тогаш ми кажа матичен како да ги комбинирам лекарствата за симнување на тт па се снајдов. Ако видам дека трае повеќе од ден и пол на своја иницијатива одам да направиме кс со црп. Е сега во последно почна да добива ларингит се до тој момент пред 5дена прв пат доби бронхит и овде започна мојот страв од помисла на болница да лежиме таму да не не се излечи, како можи од сува кашлица да спушти бронхит, зошто кај грешам и 300 под прашања и филмови. Прв пат отидовме по савајле и тоа во недела на болница станавме дете кашлаше до тој степен што воздух незнам како земаше, незнам како се облеков од рака не го пуштив и за 10мин бевме во болница. Таму начекаве пауза и чекавме добри 40мин дете се искина од кашлање ни кажа дека бронхит али не е страшно боцкање, инхалаци и две дози сумамет (нели не е страшно, а лекарства како за возрасен) уште имаме антибиотик, а мене ме плаши што уште грчи свири на гради се молам на контрола одиме секој ден и едвај чекам да каже утре дека се исчистило детето и не е преминато во нешто сериозно. Најлошо од све е што матичната го слушна ден пред да одиме на болница и не испрати дома само нос да чистиме.
Мене паника ми се јави со малата, зошто големата ми е многу здраво дете ( да не ја урочам) ама затоа малава ми е падни стани. Од првото трчање во Систина на 40дена од тт 37,5, до ден денешен, секое нејзино разболување ми е стрес. Ми наплати и за сестра и . Јас од нос, тт, кашлање не се плашам, ама уплав имам од болки во стомак, за тоа одма летам на лекар, колку сака нека е саат. Ама тоа ми е траума од случај на близок во семејството.
Иста сум и јас. Иста! Еднаш кога поврати, ја трк козле. И викам детево изгубено е!!! Дај да видам се стрчаа... Кое дете е изгубено, и ја гледа вика мајка не е узгубено детево, нормално е малце омалаксано од повраќање. Вчера качи тт од премногу плачење, ја готово, половина ме боли, ми се повраќа, си мисла. Кој ќе дежура, како ќе се убедуваме за сирупи, заспа спушти тт и толку. Значи толку ми се пресекува телото кога ќе помислам на тоа, чудо едно. Здраво право дете што викаш. Еве сега се нервирам, што од тие нејзини плачења, драмења,стигнавме до тоа да и влијае на здравје. Па сеа ќе се тресам на секое плачење да не качи пак тт.
Мајка не е изгубено детето, ти си изгубена. Извини, шала само. Јас така со малата, мерам 40, а дадов сируп, трчаме во болница тие мерат 38, ме гледаа како од марс падната. Среќа носев живин во мене, мерев таму, 40. А детето цело светнато, гревно, гори, тие 38 ми викаат, демек јас не знам кај терам. А, бев и јас таква, стисната во душа, механички, само на неа да помогнам, како што опишавте погоре некои, ама после исто ми се наплаќаше страшно. Е сега не, сменив тактика. Океј, нормално е да се плаши човек, нема полошо од тоа на дете да му е нешто. Нормално, не со губење да не знаеш на дете што правиш, туку разработување на емоции. И подобро ми е вака, не ме фаќа ништо отпосле.
Првиот пат кога завршив на лекар со малата, се изначекав (20мин, ама нели вечност) дете температура, антибиотик, пролив од истиот, цело се усра у чекална, се препотив со средување. Плус дента отсабајле 40 дена помен на мајка ми вадевме. Влеговме на преглед, инфекција на уво имаше, 10 месеци беше. Се срушив пред докторката, ама рушење максимално, со солзи со липање со све. Следната недела на контрола, веќе дете здраво го пратив маж ми. И влегол од врата и докторката го прашала: " А мајката како е?"
Канила и' местат на болница и ме бркаат од соба. Демек ако ме гледа, повеќе ќе се вознемири. Тие ме бркаат, јас влегувам; пак ме бркаат, пак влегувам. Не можам да седам пред врата и да ја слушам кај што пишти и да не влезам! Пукам!
Абе мрдната, демек ми е без свест детево, мрдната!!!! Еднаш мислев конвулзии дека има, па ај со докторката до детали зборење дали биле или не... Драмаааа. ... И после на кого ми е вакво детето. Ете на кого е. Прва сум за галама и паника и вриштење.
Кога ми е болен сум друг човек. Зомби. Мислите болнички кревети, реалноста растечен нос. Не спијам, не јадам, не слушам, не разговарам (освен за неговата состојба). Ич добро не се справувам у стресни моменти со него. Се здрвувам, како да ме голта земја. А на лик, храбра мајка, планини и ридови искачува со дете на грб. Таа сум, што ќе ти даде совет да не се стресираш многу, така растат децата де. Реалноста, душа и тело ми се тресат на секоја температура. Срцето лешник. Кога ќе оздрави, стандард јас се разболувам од стрес и паднат имунитет.
Имам поголемо искуство врзано со оваа тема така да не сум паничар и секогаш пробувам да сум максимално смирена во моментите кога не му е добро на детето , уште од пред 20 години јас дете 7мо одд , а брат ми бебе од 3 месеци кое изгуби свест во моите раце сватив дека трезвеноста во такви моменти е многу многу важен момент, за разлика од мене секој напад кој го имаше тој ( на недела дена се одеше во болница ) мајка ми беше хаос пред идење и паничење и плачење и трчање , а ја идев по неа да пакувам торбица и книшка да не се заборавело и така се до негови 10 години .... несакам некој да каже дека сум ладна или безчуствителна , сега со овие три деца мои секоја настинка,повраќање,бактерија или температура до коска ме заболува ама едноставно е и мислам дека со паника , притресување или плачење ниту температурата ќе се симне побрзо , ниту на детето му помагам да му е полесно со тоа што ќе ја чуствува мојата нервоза и вознемиреност . И сум строг родител ниту пак сакам за ситни работи безпотребно лигавење , ако е малецко и беспомошно и ќе се гушкаме и ќе пееме додека не му е добро и цела љубов и внимание ќе ги добие ,но несакам поголемите да израснат како слаби луѓе и за минимална работа да се лежи во кревет по 10 дена ... сум поминала многу тешки моменти и сум изодела низ многу болници што за блиски што за свои деца ( кога за реални проблеми кога од пуста паника ) веќе претпоставувам искуството ми е соодветно на ниво да проценам дали е сериозна работата или не, па следствено на тоа и реагирам .
Јас сум наизглед смирена и знам што треба да направам за да му олеснам. Маж ми е поголем акутен паничар (односно паничи кога детето има температура). Само што јас внатрепно се јадам се додека не добиеме дијагноза. Ми е страв од тешки болести. Борбата да добијам дете скрзо ме уништи. Имам некое чувство дека ете можеби не заслужувам биолошко дете (и ете затоа и второ не бидна) и се плашам дека нешто лошо ќе се случи. Ама тоа нема врска со тоа као реагирам кога е болен. Смирена сум наизглед. Единствено паничам ако останам сама а треба да отворам нешто стаклено или нешто ново. Не знам зошто ама маж ми е посмирен за нови работи и дозирања. Добар тим сме заедно. Тешко ми беше кога на нешто пред три години месец дена се боревме со компликации од гнојна ангина. Никако не му поминуваше и постојано креваше температура само што ќе завршевме со антибиотик или пред крај. Завршивме и на ОРЛ и скоро без слух. На крај се оправивме со инхалации со антибиотик кои матичната ги предложи зашто го знае детето. На ОРЛ лекарката идејата да му прскаме често чистач на ушиња на база на маслиново успеа и добар е. Ама искрено најгоелм страв доживеав во Германија кога се разбуди од спиење и не можеше да стапне на едната нога. Завршивме на Универзитетска клиника каде што примаат итни случаи и 8 саати чекавме за дијагноза на компликација од респораторен вирус (синовит како дијагноза добивме) и терапија со сируп ибупрофен. Додека чекавме низ хорор поминавме никој ништо не ни кажуваше, јас сурфав па излегуваше дека и леукемија може да даде такви симптоми и ужас беше. За да му земат крв го боцнаа со канила демек тоа им била прицедура за ако треаб да го примат на одделение веќе да е спремен, ама навистина беше мачење и за нас и за детето. Толку уплашен, возбуден и расплакан до тогаш го немав видено. А и јас веројатно не бев нешто смирена. Туѓа земја, различни правила. Тогаш навистина се уплашив и се почувстував беспомошна. Среќа на крај се добро се заврши и по две дози Ибупрофен веќе беше добро.
Со првото дете до кај 4-5 години немав страв. Цело време се држев со тоа дека и јас сум се разболувала па никому ништо деца тоа им е работа. Ама веќе од 5 години натака мислам дека панични напади добивав кога ќе се разболи. Весел е цело време хиперактивен и штом дете не може да подстане од кревет јас одма паники. Од друга страна не ми кажуваше ко ќе му е нешто не знам зошто. Па уште толку стравови. Долги години ми поминаа додека да му објаснам дека што и да му е треба да ми каже за навреме да реагираме да не одиме после на болница. На фаца ги познавав ко ќе му е нешто. А тој од страв да не навистина е болен од нешто не ми кажувал дека има мака. Многу се тешки тие ситуации. После одкако заоде на школо помина сета фама околу неговото разболување како да беше со стекнат појак имунитет и лесно минуваше. Со малово ме фаќа страв ама во нормала. Ама моментот кога имаше реакција од вакцина мислев дека и јас ќе легнам со него во болница. Не можев да дишам. Многу страшно многу лошо. Со коронава пак некои стравови ме фаќаа да се заштитиме мали се децата леле ако не фати којзнае што ќе биде ... Но веќе се опуштивме и колку и да е мачно разболувањето на децата е неизбежно. Знам дека психички попуштив но успевам да се контролирам и морам заради самите деца. Ако сум јас смирена и тие ќе се ако не сум нив ќе им е полошо
Воопшто не паничам. И јас како дете често се разболував како и секое друго дете, неизбежен дел од детството. На лекар дете носам само кога мора антибиотик, пошто често има загноено грло, а за по лесни настинки не. Кога детето е болно повеќе нервоза и притисок ми ствара сопругот, тој е паничар невиден