Првите мои штиклички ги добив кога бев многу мала, околу 7-8 годинки. Штиклата беше 3-4 цм., беа златни за да ми одговараат на фустанчето со кое требаше да се натпреварувам во танц Потоа, имам носено и онакви топуци, кога беа во мода Првите на плута ги добив во почеток на осмо одделение. Но сепак не е тоа тоа, па првите штикли какви што треба да бидат, ги добив исто во осмо, за полуматурата.
од мала мала сум на штикла ги крадев од мајками и ги носев по дома... А сопствени мои си купив сега за полуматура но се со полна пета...
отсекогаш ги обожавав буквално цел ден си можам да си седам на стикли а се запознав на 14 години прекрасни штиклички
Еве сега во 8одд се запознав со штиклите...си ги купив за полуматура и за свадба...удобни ми се и не мн високи
Прв пат облеков штики на 15 и пол години хахахаха и имам навистина лошо искуство.Никогаш повеќе во живот не би ги облекла,НИКОГАШ. Нозете кога се вратив дома модри в крај ми беа.Ме болеа нешто страшно.
Во 7-мо за маскенбал носев 10-ка штикли цел ден, а во осмо веќе си купив за полуматура и си ги носам тие сега
Верувале или не штикли облеков првпат во 4та год на 18 год. значи. Дотогаш немав свои штикли и никогаш не бев облекла за излегување некаде... По многу двоумење купив едни чизмички до над глуждот беа некаде со штикличка од едно 8 сантима. Од тогаш носнтоп купувам штикли и скоро секогаш сум на високо. Љубов ми се.
Изгледа имав некаде 16тина години. Не се сеќавам од која причина беше, изгледа за излегување некаде со клас, само знам дека беше нешто поформално. Чудно, ич не се сеќавам... Малечки црни салонки, со многу мала штикла, може некаде 7-8 сантима, со мали машнички напред. И денес си ги носам, точни ми се Не ги носев долг период после тоа, наредно купување штили ми беше за матура (уствари купив уште едни, полн промашај - глупавост жива на тие години и ден денес се каам што имам фрлено пари на нив, колку и да чинеа). Сандали со полна пета носев на полуматура, тогаш ми изгледаа високи, ама сега кога ќе видам воопшто не се. Морав да ги носам зашто панталоните ми беа долги, а не идеше да ги скратам И тие уште си ги носам, баш ми се модерни сега
Уште ми е рано да се запознаам. Имаме само едно "здраво" и "дружење" низ дома кога ќе играм. Се немам запознаено подетално, рано ми е. Ама ќе биде, за 5-6 годинки.
Се запознавме за полуматурата и засега добро ни оди, иако неколку пати се имаме скарано ама главно се тие криви ! инаку засега за 2 и пол години си добија уште нови другарчиња ама...првата љубв не се заборава нели ?!
паметам дека за полуматура Спојлер бев изгорена за сандали на плута ама не испадна како што планирав така да веќе наредното лето т.е 1 година средно кога бев прв пат си купив сандали на плута ...тогаш се запознав со штиклите хехех
Па за прв пат носев штикли во Март, кога една школска другарка славеше роденден во 69. Јас пред тоа не сум носела нешто многу долго штикли, него дома да си се фрцкам за минута-две. Исто ми беше и првпат да одам во дискотека Сите викаа ќе носеле штикли па си реков ај и ја ќе носам, нема да ми се деси ништо. И имав правооо Ич не ме болеа нозете, си носев едни штикли-оксфордки кои не беа воопшто ниски. Така да ко за прв пат се помина прекрасно!
Пред неколку месеци,значи 15 години.Прв пат ги носев за излегување,не ми се многу тешки за одење зошто има ремчиња и полесно е.Ама нозете како ме болеа...