Прв пат се запознав со штиклите на мојата полуматура, иако не беа некои високи туку на плута и ниски можеби околу 5cm. Сега носам високи, али ретко за некои по важни настани, а така сакам повеќе да сум на ниско, со патики или некои балетанки зависно од начинот на кој сум облечена
Прв пат на 13 години облеков штикли ( на мама ) многу ми се караше ама на крај попушти , не беа високи , а веќе од 15 години почнав да си носам редовно , и сама си купував , еве некои кои мене ми се мнооогу допаѓаат...
На 14 години, за една свадба Не се многу високи, 7ка, тие беа од сестра ми. Инаку моите први штикли ги купив за полуматура, 20ка, црн скај, напред со врвки, многу си ги сакам, само после едно пијано искуство по камења што одев едната штикла сега ми забегува
Не се рачунаат штиклите на мама, така? Првите мои и само мои штикли ги купив кога бев втора година средно откако го превртевме ГТЦ со мајка ми под притисок дека немам штикли, а требаше да излезам вечерта во Колосеум. Можеби за денешни стандарди и касно сум се запознала со нив, ама да бидам искрена, воопшто немав желба да се качам на 13ка уште на полуматура.
Прв пат ставив штикли на 14 години поточно за полуматура. Црна боја, 10ка и од полуматура не сум ги ставила уште еднаш а сумњам дека ќе ги ставам пак некогаш зошто не одам на такви забави каде што би ги носела
Абе ај не заебевајте јас за полуматура носев патики, кондури што знам што беа. И тоа да не речам зимски беа, е колку се натегавме со мајка ми, нејќеше да ми ги купи. Сериозно само едно девојче носеше штикли од цела генерација. А ако е битно јас прв пат штикли колку што памтам облеков во 3та средно. И тоа ги купив за една модна ревија од школо што ја организиравме, и не беа којзнае колку високи
На 16 год. со чизми на штикла од 12цм. и платформа од 3-4цм. Не завршив неславно, туку прилично болно.
Многу одамна беше, јас и сестра ми со штиклите од мајка ми знам дека се вратив со крв на колената дома,а баба ми додека ми ги чистеше крвавите колена, дуваше да не ме болат Ете така се запознав со штиклите, крваво и со солзи деца
Па најверојатно сум имала некои 5-6 години за на свадба ми ги купиле. Црни лакирани со ремче.. абе мераци Која фаца сум била
И јас такви имав,слични .Инаку на мама ги зедов еднаш повисочки беа и се струполив по скали ,па си плачев и кажав дека не сакам да носам никогаш повеќе штикли дека се лоши .Инаку официјално штикли почнав да носам кога имав 17 години