Со штиклите многу пати се имаме запознавано, се додека официјално не облеков штикли во прва година средно на Нова Година. Првиот пат ваљда и не се важи, нели сите си имаме играно со штиклите на мајките како малечки. Свака част на исклкучоците. Вториот пат беше на братучетка ми на свадбата, бев шесто одделение, и другата братучетка ме замоли да и ги дадам моите сандалки да поигра малку у нив, дека нејзе ја болеле нозете, ама јас кога ги облеков тие нејзините штикли... Абе мераци бев,па се мислев многу сум возрасна, абе ќе се подмочав од радост, па играв на орото со нив(и да, не се гордеам со тоа).Резил. И камерата се снимила... И ден денес не сакам да ја гледам снимката од свадбата.Итс ту имбересинг, не би го поднела тоа. Тритиот пат беше у прва средно, штиклата беше околу 5-6 санти, уствари чизми беа до глужд со врвки напред и така од тогаш па се до ден денешен, јас и штиклите сме у среќна и хармонична врска. Спојлер Сме имале и неколку падови, т.е јас, ама ако, све за љубав.
На полуматура,14 години!Носев црвени штикли,обични без ништо на нив ама преубави,затворени!После полуматура осмен дома ги имам облечено 3-4 пати! Засега тие ми се едниствениот пар.
Уште како мала имам голем мерак да носам штикли,од мама од некоја братучетка поточно да се занесувам по дома..а прв пат си купив штикли во прва година
Кога бев 3-та средно одмана беше тоа со мала штикличка беа првите,а повисоки за матура сега си носам секакви
Прв пат за матурата на брат ми, тоа беше 7 одд ама на мала штикла 6-7 см.... А потоа на полуматурата на 12ка ни јас самата незнам како одев
Првите штикли ги облеков на 16 години Не бев модерно дете..Бев поголем љубител на патики па така да ретко ако ме видите со штикли
Од 5 години ги носам по дома штиклите на мама ама тоа не се рачуна. Паметам за НГ со братучетка ми облековме штикли и тоа 15,а имав само 13 години,со кој памет незнам ни самата и от тогаш немам облечено.Ама овие денови сакам да си купам и ке почнам да го носам така за вечерно излегување,за свадби...Имам 14,мајка ми не ми дава да носам штикли,ама јас пак ке си купам и ке си купам.
Негде на 13 год имав едни сандалчиња со мало штикличе,ама тие беа онака од мерак колку да тропка нешто,демек и ја сум на штикли. А почнав да носам штикли на 15год,за нова година
На некоја свадба, сигурно, веројатно ми било мерак да ги носам, а после тоа јасно дека нозете болат, отекуваат, грбот боли и сите тие пропратни "Трпи бабо за убавина" елементи. Уште се натегаме во поглед познанство. Можда едноставно is not meant to be меѓу мене и нив.
На матура, значи на 18 години. Од патика право во штикла И тоа купив едни прилично високи сандали, но гордо издржав на нив цела вечер, па се’ до утрото кога се прибрав дома. Арно ама кога ги соблеков, се уплашив од нозеве Отечени, раскрварени, со милион плускавци и што ли уште не. Потоа ми требаа едно 2 недели за да си ги опраам, а два дена не можев ни да згазнам убаво од што ме болеа Потоа почнав почесто да носам и се навикнав, иако и ден денес ако сум цела вечер во високи штикли страшно ме болат нозете и потоа ми треба период на опоравување Сепак, убаво ми е и сакам да носам, но зборувам за штикли со нормална висина, не нешто екстремно, а не ги сакам ниту оние со ептен мала штикла. Или е штикла, или е рамно, нешто измеѓу не постои за мене
Во четврта средно, пред нова година. Си купив едни мерак ми беше ама џабе коа не знаев да одам ги имав облечено дали 2 пати. После дури за матура почнав да носам и се научив да одам, ма да до ден денес не издржувам нешто многу долго на штикли
Во 6то одделение, тоа значи на некои 12 години имав чизми на плута,и не беа баш ниски. На 13 години, си купив балетанки високи на плута. И за 14от роденден си купив штикли, 10ка. Од тогаш си носам.
Првото запознавање со нивното височество беше како многу мала кога ги уништив сите можни штикли на мајка ми, замислувајќи се голема дада пред огледало. Дури и тие од свадбата што и беа си го добија своето, па можете да ја замислите реакцијата на мајка ми. Па што сум јас крива што на 12 години имав поголемо стапало од нејзиното Прв пат излегов на штикла на полуматура крава од 2 метри на 14 години, сега кога ќе ми текне сама се смејам, штиклите беа најгрдите штикли што сте ги виделе некогаш...ама изборот во тоа време беше мал, а пустата желба за штикли многу голема. Потоа апстинирав за да пак облечам на матура и од тогаш сум луда по штикли..како и секоја втора жена!
Нормално како и секое девојче уште како мала ги силував штиклите на мајка ми, а прв пат почнав да носам штикли летото трета према четврта година средно и тоа беа штикли со мало штикличе.
Не сум се запознала сеуште,ќе се запознаам на нова година а ништо чудно и тогаш да не носам. Голем обожавател сум на штикли ама не би издржала на нив така што за 10 мин. би ги соблечила,и онака ќе треба да играм,и мислам дека сум мала за штикли(башка што сум ниска и глупо изгледат на мене)
Се запознав со штиклите на мајками кои ги влечев низ дома секој ден а мои почнав да носам од полуматура па се до денес, сите ми се со штикла над 12см, на плута имам, но не носам, чудни ми се за одење