од мала и ги крадев на мама,имаше едни розови бев вљубена во нив, и ги носев и дома и надвор,па после тоа за првпат облеков штиклички за полуматура од 3-4 цм и така полека полека стасав до 13 цм
Прв пат, како и сите други, кога бев мала, постојано бев со штиклите на мама. Што и да игравме (учителки,манекенки...), штиклите обавезно на мене, се чудам како не сум искршила тогаш нозе Сега имам 15 и пол и од тогаш сеуште немам носено штикла, така поголема. Е сеа ако се рачуна и онаа малата на балетанките, тогаш имам носено. Обожавател сум на патики, старки и зависи од пригодата, балетанки. А и друштвото ми е такво, не излагам постојано во кафичи и дискотеки за да ми бидат задолжителни штиклите. Но, кај и да е планирам да си купам. Или за нова година или после нејзе, кога ке се стоплува.
Ехеее јас скоро секогаш носам штикли нозете ме болат на рамно. Патики не носам, а за секој ден најесто сум во балетанки со мала шткла. Почнав може пред 5-6 години да носам.
Прв пат во осмо одделение и сеа сум втора година и уште носам.И не, не ме болеа нозете првиот пат ниту од тогаш па наваму.
На полуматурата за првпат, ниски беа 3-4 цм. Не знаев да одам убаво и си шлапкав како ич да не сум на штикли. Не дека и сега знам, тешко ми е, се учам по туторијали. Може оти имав рамни стапала како малечка, м? А голем мерак имам на штикли. Оттогаш мои си имам купено само едни црни салонки, другото све е на сестра ми, ама таа може и да трча со нив. Дајте некој + совет..
Хахахахаа па мислам дека беше средно, крајот на прва година. Носам штикли скоро секогаш и не се жалам добро одам, али тежок беше патот до врвот. Се имам сопкано ама и еднаш имам паднато фатално ахаха од 16 см штикла црвена. А инаку ги обожавам
Па ми се чини дека тоа беше на мои 16/17 за дочек на новата година-тоа беа получизмички на мала штикличка кои си ги чувам сеуште и секогаш ми будат убави сеќавања ..
на 16-17 год. и сега носам,ама ретко...тешко ми е,не можам да се навикнам. Инаку многу сакам штикли ...
јас првпат штикли носев на 13 години на свадба и еднаш надвор и од тогаш носам само на свадба штикли .Сега имам 14 години и сакав да ве прашам бидејки сакам да си купам чизма штикла , дали сум многу мала?
Втора година средно за Нова Година и важната јас ко се лизнав , испопаѓав по скали ама ако , штикли носев
Не се сеќавам на која возраст сум почнала да носам штикли, сигурно во средно, зошто за полуматура си носев сандали на полна потпетица, тие не се рачунаат како штикли