Штикли ОБОЖАВАМ !!!!! Носам штикли ....па .... сигурно уште од 14-15 години, и кога купувам нови тоа мора да биде љубов на прв поглед
Првите штикли ги купив на 14 години. И јас како за почетничка што едвај имаше нога ставено на штикла, си купив штикли високи 15цм. Лесно ми беше одењето, како цел живот да сум вежбала. Ама сфатив се зависи од квалитетот на штиклата, зошто јас не со секоја штикла може да одам.
Првите си ги купив летото, прва спрема втора средно обични, црни со малце златно, пре згодни ми се погодија, па си ги носам летно време кога ми паѓаат у комбинација така е, кога купуваш со мама нештата траат за вечни векови ) хихихихи
Во трета година средно беше мислам дека беше,до тогаш не сакав да чујам за штикли фурав некој рап стил.
Оваа година. Мајка ми ми купи од друг град за НГ, само еднаш дома ги облеков колку да ги пробам ама не ми се погодија, очигледно дека не се сакаме со штиклите Сепак, мартинки си се мартинки, и старки секако
Во прва средно. не беа многу високи одев стабилно, но не сум многу по штиклите избегнувам, гледам да носам кога морам на пр за некоја свеченост, повеќе сакам чевли на полна пета и балетанки
Втора година средно и тоа за нова година со друштвото и ден денес не сум голем обожавател на штикли,појке сакам и носам патики или рамни чевли ете изрод некој сум сигурно
Првпат ставив едни од штиклите на мајка ми во втора година средно под притисок и долго молење од страна на другарка ми , и се смачи на кутрата само таа по штикли, другите по патики. Уфф уште ја памтам болката што ја истрпив при тоа излегување, како успеав да ги засакам толку многу не знам. Сега - опсесија.
Кога имав 12год.Брачедами се спремаше за излегвање и си гледаше кои штикли да ги облечи и ми рече пробај некои и јас земање највисоките и памтам беа розеви со црно и почнав да си шеткам наоколу и немав никаков проблем
Се запознав со штиклите кога имав 6 години. Ау, дури и по скали одев кога ги облеков. А сега по скали слободно трчам со штиклите на сестра ми. Born to walk in heels.
Хммммм, не се сеќавам на првата средба Но, моите први штикли ги купив за НГ, кога имав 16 години. Беа најобични црни, со многу ниска штикла. Многу ми беа згодни за носење.
Чим сите така пишувате јас од 5-6 години на мама ги носам штиклите по дома, а сите се нас 10цм и сум професионално избежбана (ахах), а за прв пат здравје боже ќе излезам со нив од дома, во јуни следната година, за полуматура.
Ги зимав на сестра ми штиклите кога бев прво-второ и со другарките во дворот глумевме манекенки и се фрцкавме (секогаш јадев ќотек). Прв пат од дома излегов со штикли на една свадба кога имав 13, повторно штиклите беа на сестра ми(ист број носиме),ама овој пат не јадев ќотек, а прв пат си купив штикли на 14 години за роденден на една другарка и истите ги носев на полуматура, немав некои проблеми со одењето, добра е
За маскембал зимав од штиклите на мама ахахах прв пат мои си купив на 12 години специјално за искачање у дискотека со тетка ми аххах
Уште од малечка.Ги земав штиклите на мама и изигравав учитељица. Абе времиња.. Инаку прв пат си добив мои штикли за оваа Нова година, што значи 8мо одделение.