На матура за прв пат носев сандали на штикла, т.е не штиклИ туки штиклИЧКИ . Едвај 4, 5 сантими беше штиклата и тоа неколку дена пред матурата ги носев по дома немој да ми бидат тешки за носење . А уствари сандалите беа многу удобни и воопшто не беа тешки за носење. А вие денешните не мислите дека ви е рано на 14, 15 да почнувате со штикли . Уствари гледам и девојки од 12 години на штикли. Напредни генерации доагаат, не сфакате дека младоста по себе си е најубава и ќе ги барате патичињата и балетанките еден ден, уживајте си во удобноста и едноставноста додека можете .
Преку стројници (мајка ми), така ја мјеркав, мјеркав како ги носи, ги мења, се чанчи со нив, и си реков ајде Луци качувај се на штикли и ти, жена ли си, што ли си. И така си се мотивирав едно пола саат, и конечно некако едвај им пријдов и им реков: “Здраво штикли, јас сум Луци и ќе се качам сеа врз вас и ќе ве носам, ќе ве шеткам сеа“... а штиклите ми одговорија: “Мило ни е Луци, ние сме штикли шпиц, повели носи се тоа и ни е функцијата“! И така, бидна и тоа се научив да одам на нив со тек на време, неколку пати треснав на земја, али велат: “Секој почеток е тежок, па така и овој“. А да заборавив да споменам дека првото запознавање со њума ми беше на 14 години.
Имам првпат носено за вечерно излегување мислам тие ми беа купени за на свадба али имав мерак да ги носам и ги облеков на 13 години за вечерно излегување после на свадба еднаш и толку само 2 пати но ниски беа
на плута уште од 4то одделение, не знам дали се сеќавате на чевлите што беа подигнати, инаку на полуматура носев сандали на плута, а првите штикли си ги купив во 1ва година, повеќе беа чизмички со мала штикла, како и да е, уште од мала обожував високи потпетици и се восхитував на моделите на мојата мајка.. сега ретко кога носам ниски чевли, дури по малку ми е чудно кога облекувам балетанки или ниски патики.
се запознав кај мене на прв роденден , мајка ми ги носеше и ги прашав еј лепотици како се викате? ми рекоа Штикли , и ете после 20 години ми останаа добри другарки КОГА СЕ ЗАПОЗНАВТЕ . ке се отрујам од имињава на темите хахахахах ако претерувате со смешните наслови пишете Кога првпат го осетивте тој допир на вашата нога.Допирот на Штикла уау !
И денес не сум некој љубител на штикли, дали еднаш во месецот носам. Првпат си купив за 17ти роденден, беа чизмички на штикла од 6-7цм. А вистински, високи штикли купив за матура.
Прва година средно, за Нова Година. Бидејки најголем дел од вечерта седев, не осетив многу тешкотија од нив, али нареден пат коа го облеков за излегување ми идеше да ги соблечам и боса да си одам дома.
Секоја година се запознаваме од ново и од ново, бидејќи ретко носам и ретко имам прилика да носам, а и не сакам многу да носам Иначе со многу ниски се запознав во втора година средно,повисоки во трета или за матура облеков. Од тогаш на ваму ретко носам.
Со штиклите се запознав уште како мала, играјќи си кај баба ми, обожавав да буричкам по подрумот и да облекувам стари штикли (од мајка ми и тетка ми) и да тропкам по дворот А официјално запознавање имавме во средно, и обожавам да носам и купувам.