Од 16 години и се чувствував многу не пријатно дека бев висока и со 10 ка штикли а слаба се чуствува како штркче....но со тек на време са адаптирав и сега штиклите се дел од мене...
Првпат си купив чевли со потпетици на скоро 16 години. До тогаш имав облекувано само од мајка ми, за дома пред огледало. Не беа многу високи и никогаш не сум носела претерано високи потпетици (највисоките ми беа оваа година, за матурската вечер).
Бев средношколка (втора или трета година,не паметам точно) и за едно вечерно излегување се послужив со црните чизми на штикла од дада ми! Бев прва од другарките која се осмели да се ,,качи,, на штикла , абе права мома бев во нив ! Ама не ги носев често, одвреме навреме знаев да си ги облечам и да се шеткам во нив низ град (единствено за вечерно излегување ги носев) И ете сега се трудам да се сетам кои беа моите први штикли кои си ги купив за мене, ама не ми текнува! Знам дека бев средношколка како што реков, ама не ми текнува кои точно беа тие штикли
Паа... прва година за втора (летото) ги купив првите штикли, за свадбата од сестра ми Знам 8 см беа високи, црни, со отворче напред (тогаш ракви излегоа во мода за прв пат) и бев пресреќна А предходно сум ги носела чизмите од сестра ми, кои верувале или не, штиклата им беше цели 2 см тоа во 1 година за мене беше штикла
Во втора година средно, на екскурзија во Турција. Требаше да одиме во дискотека вечерта а јас немав штикли за разлика од сите други, па фатив патот накај еден од пазарите и се исценкав со еден турчин па си ги земав за 30 евра Тоа ми беа првите(а и единствените штикли). Ако под штикли се подразбира и сандали на полна пета, тогаш ве лажам. Првите ги купив за полуматура, ама беа многу ниски некои 7 цм, а вторите си ги купив пред месец и се така повисоки Како и да е, немам намера до матура да давам пари за други, и онака тие од Турција само некои 10 пати ги имам облечено. Сакам да меркам и да се дивам на штикли, ама кога треба да ги облечам...
Епа само јас изгледа на 18години се запознав со штиклите. Но, од тогаш не се делиме Првпат купив за Нова Година, 4та кога бев. Претходно фурав некој рок, панк стил и сега не знам што точно беше, само знам дека не сакав штикли. И конечно ме убедија мајка ми и другарките дека време е за штикли и си купив чизми, се сеќавам тенка штикла имаа, не беа многу високи, но беа пак со тракатанци железни на нив, да не ми штрчат од стилот. Следно за матура, тие веќе имаа 10 сантима и беа сосем различен стил. Од тогаш нонстоп сум во штикли. Немам ни балетанки. Имам патики, римјанки итн. ама штиклите ми се на прво место.
Точно нема шанса да ми текне ама мислам дека бев на почеток на средно, негде 1 или 2 година, требаше да одам на свадба кај прва братучетка, па мајка ми ме натера да купам штикли зошто фустанчето кое го носев беше преслатко и едни штикличиња од 5-6 сантиметри совршено му одговараа. Тоа ми беа првите штикли, црни со бели точки, потоа секоја сезона си купував по еден нов пар...Па сега ги имам окулу 20 ама нормално некои се од пред неколку години и сега не би ги облекла, само си стојат спакувани и чекаат некои подобри времиња. А за чевли на полна пета првпат купив во 5 одделение, едни кломпи кои еднаш или двапати ги облеков зошто ми беше срам да ги носам а и ми беа големи. Имав уште неколку пара сандали и чизми на топук, но тие беа тогаш ин, и масовно се носеа, како што и за полуматура 90% од девојчињата бевме на огромни топуци. И уште нешто ми текна, бев многу мала и мајка ми имаше едни зелени штикли кои и беа од кога била девојка, и и беа навистина драги, а мене пусти мерак за штикли па си ги натнав и се шетав по комшии со нив. Тие скоро и да немаа флекници и влечкајки ги по асфалтот сум им ја уништила штиклата, па бидејки неможеа да се поправат мајка ми со жал ми ги остави да си играм со нив, а имав негде 6-7 години . И со другарките си игравме тетки и манекенки и јас секогаш им бев „најдотерана“ со зелените штикли .
На пола пета ( или топуци како што ние ги викавме ) пониски си носев уште од основно, а за полуматура ми беа нешто повисоки А штикли ех и сега си се сеќавам на првите мои штикли беше тоа втора година средно некаде 16 години. Беа со мала штикличка чизми тиркизно плави преубави ми беа знам ептен ми беа по ќејф
Прв пат облеков штикли за полуматура (секако носењето на штиклите на мајка ми за по дома не се важи). И сега имам два пара кои не ги носам често, дали еднаш во два месеци ќе ги облечам. А оние чевлите на плута што се отсекогаш ми биле грди, па и сега ми се.
Најпрво бев многу голем отпорник. Не сакав воопшто да носам. Иако сум ниска и сеуште стојам на тоа дека патика си е патика, тогаш не сакав ни да смислам. (Тогаш =прва, втора година средно кога мои врснички почнаа и денски да носат) И не ми се допаѓаа ниедни, сите ми беа некако лоши. Прв пат си купив штикли во 3та година, за Нова Година, црни лаковани со ремче, високи 9-10 цм. Преубави ми беа иако одев како на јајца и ужасно ме болеа нозете. Сеуште ги имам но повеќе не ги носам, воопшто не ми се удобни иако сеуште се сочувани и ми се допаѓаат.
Јас првпат облеков штикли во втора средно, за нова година. Памтам дека не беа многу високи ама многу тешко ми беше одењето со нив и не ми се свиѓаа многу многу, ама сега е друго
Ако не грешам, летото пред 2ра година си ги купив првите штикли, не беа којзнае колку високи и веднаш се навикнав на нив.
Првите штикли ги купив на 17 години. Тоа беа едни преслатки чизмички, кои би ги носела и ден денес, но мајка ми ми ги затурила некаде Беа со ниска штикличка од некои 6 цм и многу беа удобни за носење. После овие штикли, никогаш повеќе не облеков ниско за вечерно излегување
Паа првпат се запознав со штиклите на 16 години, мама ми купи чизмички на штикла- 8ца, ама и пред тоа на 15 години првпат си купив чевли на плута, беа околу 5-6цм и сега највисоките што ги имам се 11ка и не планирам на повисоко да се качам
Првпат облеков штикли на полуматура, после тоа ни еднаш никаде не ги носев. Цело средно немав штикли, првите за излегување си ги купив на 20 години Тоа беше тогаш, сега имам можеби 10 пара штикли
Kога завршив прва година средно купив сандали на плута така по спортски,преубави беа.Мајка ми одпрво ужасно се плашеше да не се зализгам и паднам и идеше по мене а оние со стандардна штикла ги купив летото кога завршив втора,а сега штиклите ми се најверни другарки за викенд инаку 95% од времето патиче