Како и повеќето што пишале, на некои си 14-15 години. Знам дека на почетокот кога почнав да носам штикли, јас не го имав оној момент на ''постепен развој'' со носењето штикли, туку одма купив салонка 11cm и знам дека ги влечев по излегување. Одев како шестар, газев со целата нога, додека после не научив дека треба прво со штиклата да идеш. И ми требаше така година/две да научам она сосема добро да одам во штикли. Ма да, јас сум ОГРОМНА обожавателка на потпетици и упорно нон стоп носев, и сакаш не сакаш научиш Нон стоп купувам штикли, иако има некои што само еднаш сум ги носела и стојат во плакарот. Знам дека не сум единствена
На 12-13год се носеа топуци дебели штикли и ми беа ептен згодни. Сега не сум некој фан повеќе сум за рамни.
На 3-4 години, откако почнав да ја слушам Сузана Спасовска, ги носев по дома до 10-11 сигурно, на мајка ми ѝ ги крадев. Денес преферирам ниски патики, старки најчесто, штикла - јок. Можда ако се кросдресирам некад.
Love-hate релација имам со штикли. Се "запознавме" крај на средно школо, 17-18 не се сеќавам точно. Јас плус сум 175 цм, па не е дека баш ми требале настрана од естетика. Имам и сега неколку пара на штикла помалку од 10 , што чизми, што сандали, што салонки, ама многу повеќе рамни обувки имам и носам. Сериозно сум пропатила на неколку прослави во 8ци или 10ки или како и да се викаа, што сега ги носам само ако знам дека многу ќе седам, а нема да пешачам или не дај боже за танцување скраја. Цела тежина ја осеќам после 15 минути на една точка позади палецот, ноќна мора. Ниедна лепота не ми вреди за толку патење
Вакви слични ми беа првите штикли кога имав 5-6 год, бев заљубена во нив После тоа носев вистински штикли од мајка ми кога таа немаше да биде дома. А првите лично свои ги добив на 14 години за полуматура и уште ги чувам иако не се во мода. Најудобни ми се штикли од 10cm и такви носам најчесто. Повисоки ретко облекувам и само ако настанот е со седење, ако треба да се движам со нив нема шанса.
Скоро се иам запознаено и спријателено со штиклите, порано не се мирисавме многу оти јас и така сум многу висока па со нив сум како кошаркар. Ама сега и не ми е многу гајле за тоа, па си цупкам со нив со дигната глава, џоа манекенка.
Никогаш не се зближивме. Сум облекла неколку пати, тоа не сум јас. Од штикли едино признавам чизма на штикла тоа ми е секси и би носела. e.g.