Прв пат на крај на седмо одделение на роденден на една другарка, затоа што ни рече дека ако не планираме да дојдеме на штикли, воопшто да не доаѓаме. Ептен се дружевме тогаш и не сакавме да го пропуштиме роденденот, па и го направивме ќејфот. Кога само ќе размислам сега колку сум била малечка (13 години)... Потоа на крајот на зимскиот распуст оваа година, значи 14 и пол години, едни чизмички со дебела штикла од 7 цм. Ги облеков неколку пати за во дискотека, бидејќи не се мои, туку на сестра ми. Првите штикли си ги купив за полуматура, и освен таа вечер ги имам облечено уште два пати. А да, ќе заборавев да кажам и дека еднаш носев на роденден едни прилично ниски, ама сепак носев. Значи, од мојата дружба со штиклите нема поминато ни една година, бидејќи првиот пат не го ни сметам затоа што потоа ги соблеков од преголема болка. Не љубам штикли баш многу - многу во моментов, иако верувам дека кога ќе потпораснам ќе ги обожавам.
Топуци, ехееее! Ако не носеше топуци (јас си ги викам така, а не чевли на плута, иако е името пресмешно) автоматски си лузер. Штикли прв пат облеков на 14ипол години. Моите не се бунеа бидејќи минував низ тежок период и решија да ми го дадат тоа задоволство и онака никој не ме гледаше затоа што не бев искочена на некое посебно место. А да ме затнат ми купија чевлички на штикла од 2 цм. Кога сме кај тоа треба да си ги земам од подрум. Баш се финта, карирани. Да не бегам од тема, активно почнав да носам во втора средно, пониски. А сега се осмелувам и повисоки. Постепено качувам по 1 цм и така немам бунење дома дека сум како штрк висока.
Со вистински штикли сеуште се немам запознаено, сем со чевлички на плута. Не знам ни дали ќе се запознаам во блиска иднина пошто не знам да одам со нив, јбг.
Прв пат облеков штикли кога бев 7мо одделение,и тоа со 12ка штикла но за среќа не скршив нога Со оглед на тоа што ми биле првите штикли со таа висина значи практикувам да носам високи(превисоки )штикли-Ниско не обожавам.
Моите први штикли леле кога ќе ми текне на распустот после втора средно, си kупив една зелена сукња од оние што висеа како партали надолу....ама така отворено (марсовско) зелена, одам после тоа низ ГТЦ и случајно влегов во пеко гледам сандали со ремчиња (оние големите што се испрекрстуваа до под колено и си викам леле што се убави а боиве на нив зелено, жолто и портокалово (незнам кај ми бил паметот, бетер и од папагал) и цела среќна ги пробувам 5 цм. штикличка и се јавувам на мама и вика арно ќерко ако ти се убави купи си ги ги земав и низ дома цел месец се фрцкав....излегов цели 3 пати со нив и толку беше Стојат уште во некоја кутија дома, ќе ги сликам и ќе ги постирам да се посмеете После тоа се запознав и со повисоки штикли па сега си носам 12-ки и немам многу мака со одењето
Во прва година, за нова година. Пекав за штикли, сите другарки веќе изнакупија, и ајде да не останам покусо и јас. Ги купив и цел ден го поминав со нив пред огледало, па тоа беа радости како на лото да сум добила. Не знаев да одам нешто најдобро, одев како да немам никаков осет на едната нога, буквално ја влечев. Така беше се додека не ми се собра тепихот и додека не се искршив убаво доле, па научив после да ги кревам нозеве фино лепо. И така.. почнав со 8ца, а најновите ми се 16ка. Претеризам, дури сега приметувам, ама пуст мерак, шта чеш.
Па за полуматура и тоа многу високи бидејки имав ептен мерак за штикли А сега како повеќе растам така го намалувам бројот на штиклата
Прв пат облеков накај трета средно мислам и тоа ниски, ниски, 2-3 цм можеби.Мама не ми даваше порано и повисоки Леле колку им се радував, се замислував џоа манекенка сум А прави штикли веќе летото за 4та носев и оттогаш речиси секогаш носам многу високи, барем 9-10 цм. Како мала не се двоев од штиклите на мајка ми и тетка ми кога беа на работа, може затоа и кога почнав да носам мои не ми беше проблем, ниту кривев ниту нозе ме болеа.
На полуматура.Мерак ми беше и си купив штикли ама височки (10цм-за мене високи ).И еве сеуште си ги носам.
прв пат на свадба,кај едни роднини, хаха имав само 13 год.хах потоа почнав од 2 година средно и тоа само кога искачав,и еве никако неможам да навикнам едноставно не ми е удобно ама никако,а ги обожавам и ги купувам и ми стојат нови.после 2 годините ги давам на некој
како шо ме држи сеќавањето, првпат на полуматура имав со полна пета, некаде 10 цм...и после тоа веднаш почнав да носам штикли, и тоа секогаш од највисоките, дека прилично сум ниска
За матура облеков прв пат и одев како по јајца. Не бев нешто особено среќна ко некои што едвај чекаат да се пикнат во високи потпетици. Лошата карма ме стигна - тоа лето си го превртев зглобот на десното стапало и кривев ко некоја бабетина. Одма штом оздраве, крвнички им се нафрлив и еве - љубовта со штиклите трае добри 10 години и кусур. Жена во патичиња и балетанчиња не признавам.
За матура прв пат ги облеков и тоа не многу високи нормални 5 6цм. и одтогаш си носам редовно само за вечерни излегувања и тоа повисоки 10цм
прв пат штикли облеков оваа година инаку многу ретко носам штикли,на излегување најчесто носам сандали или сум со патики converse
Прв пат облеков во 3та година средно со една минијатурна штикличка со цел да се вклопам во друшо не самоицијативно и со желба И ден денес не сум љубител на штиклите
Ееее беше тоа декември далечната 2008-ма. Ги купив за Нова Година, ама прв пат ги облеков неколку дена пред Нова Година. Црни чизмички до глужд со штикла (знаете де од оние какви што имаме сите ). Одтогаш па навака, секои наредни што ги купувам се се‘ повисоки и повисоки.