Искрено се немам сеуште запознаено со штикли не дека не сакам да носам туку неможам да си најдам број 34
Ах е јас 14 cm. штикла облеков на полуматура, а прв пат купив 12 cm за нова година.. у седмо осмо одделение.
Леле, јас изгледа сум најстаромодна овде... Моите први штикли, всушност не ни беа штикли туку налани. Ги добив на подарок од баба ми кога завршив трета година средно. Сеуште ги носам бидејќи се преубави. Кафени се со златно цветче. Не се дружам многу со штиклите, повеќе сакам ниски чевли, балетанки, сандали и сл. Имам само неколку пара штикли кои не се многу високи, а и ретко ги облекувам.
На полуматура носев лично мои, ама предтоа таа година еднаш-два пати бев на родендени со едни ниски на мајка ми.
Во трета средно, малце старомодно знам ама па у наше време така си беше И тоа за Нова Година , прилика ипол - special event да не речам Беа антилоп црни, до над глужд чизмички (шпиц нели, тогаш тој палеше и гасеше, а јас бев по најнова мода ). Абе ги утепав од носење прво дома, по цеели денови, од нозе не ги вадев дур да ги сефтосам, па нели оти гардероба за НГ се купува неколку недели унапред, сега вие замислете Мама ми рече оти многу ми е изразит шпицот, али кој ја шиша бре, па изразит ако не е, каков да е? И така јас блеснав на новогодишната ноќ, упицана, ушпицана, ушлицана и тако даље и тако ближе
Крајот на втора т.е. летото(за искачање во диско) и тоа ги позајмив од роднина и од тогаш немам ни еднаш облечено. Се патичиња .
Во втора средно - пред две години Пред тоа не ни размислував за штикли како на пример овие генерации што се сега уште на полуматура со штикли ..понапредни се малце Мене не ми е криво што во 2ра почнав да носам , ако се прашував јас воопшто не би носела ама ајде излегуваме по кафичи нема смисла . Првите штикли што си ги купив беа обични црни салонки и лакирани 10ка Јас си знаев како одам на нив , прво дома во салонот се вежбав и нозете ме болеа бааги време . Уште си ги чувам во плакарот за да ме потсеќаат на тие времиња
Втора година средно, за Нова Година...Нивното следно носење-следната Нова Година ...Дури во четврта почнав да си носам стално за излегување...ама затоа сега можам и да спијам со нив
Паа мислам дека бев 2ра средно, значи 16 години, незнам дали е рано или не?! Значи 6 години носам штикли
На полуматура носев балетакнки! -.- .па ова со штиклите беше покасно! некаде средина на прва..кога сестра ми праеше свадба! тоест не беа баш штикли..онака штиклички! малечки беа..ама може да се рече дека се штикли!! па после опнав штикла 12ка.. која нема шанси пак да ја носам никад поише! ии паѓав по пат на секоја секунда..среќа што другарка ми беше тука да ме држи! и трет пат вчера облеков чизми на штикла! и тие највише ми одговараа!
Минатата година, од 7 за 8, при крајот на летото Па тоа беа ниски штиклички во кои бев заљубена, и кои се на мамичка Ги носев за свадбата на братучед ми, но не издржав до крај. Летово само еднаш облеков за свадбата на други блиски роднини, и толку. Инаку сеуште немам свои штикли и не носам.
Од мојте 17 год ,трета средно беше мислам ,и од тогаш еве веќе 7 години сме си неразделни пријателчиња