1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога се плашиш дека ќе те одбие

Дискусија во 'Сингл' започната од MissBarbieGirl, 23 јануари 2012.

  1. MissBarbieGirl

    MissBarbieGirl Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Епа вака. Мојата сестра има 11 години и се заљубила у некојси таму со кој што тренира кошарка заедно, јас не знам каков совет да и дадам. Вика дека си се насмевнуваат еден со друг, он еднаш ја викал на цел глас по име за да го гледа и почнал да праи некои финти со топката за да и се направи важен, па некогаш си разговараат малце по нешто и не можела да ги разбере знаците дали и тој нејзе ја сакал или не. И плус таа сакала на него да му каже дека го сакала, но и било страв дека он можда ќе и речел дека не ја сака, па ќе им кажел на сите за да и се смеат. Имате ли некој совет, што да и кажам да и олеснам. Дека иначе сестра ми многу се грижи што мислат другите, така да нема да помогне нешто како "што ти е гајле што мислат другите?". Фала однапред :) Ако е дупла темава, избришете ја слободно.
     
  2. Dragana96

    Dragana96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    23
    11 години :^) јас мислам дека таа е сеуште мала за било каква врска или мување...Животот е пред неа...



    Ме интересира дали некој од вас добил ,,корпа,, т.е некој ве одбил?
     
  3. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Мене не, зошто никогаш не сум ни пробала и тоа ми донело многу несреќа во љубовта. Подобро да пробаш, па и да те одбие - живот иде даље, додека трескањето по тоа дека ништо не си ни пробал трае мноооогу подолго...
     
  4. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    11 години има девојчево,каков совет треба да и дадеш?! :^) 11!
    Наместо ти како постара сестра веднаш да и' ја оттргнеш таа идеја од глава,ти уште размислуваш каков совет да си и' дадела.
    Стварно неможам да разберам како на 11 години размислувате за дечковци.Вчера се родила,сега дечко ќе фаќа.Па знаеш што се може да и' се случи,таа уште од 11 години да фаќа дечковци? Таа е дете,буквално дете! :x

    Оди дади и' таму некоја кукла,нека си поигра како и секое дете.Детството ќе го бара,а за дечковци има време,преку глава ќе и' дојдат.Кога навистина ќе и' дојде времето за дечковци,нејзе се' ќе и биде проживеано.

    Најдобронамерен совет. :!:
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Претпоставувам дека сестра ти е 5-то одд, па тоа е бре симпатија девојче,а дечкото спортист очигледно дека сакал да се направи важен пред другарите па малку флертувал со неа :)
    Е убави се тие моменти :$
    Не ми е јасно што се плаши и за што да ја одбие. Таа него го мава за дечко или тој неа :?:
    И да ја одбие, кажи и дека е мала и љубовта е пред неа. Ќе и биде и срцето скршено, ќе тагува,....ама се тоа се животни искуства. Подоцна многу подоцна ќе свати дека не и е битна околината што ќе каже.
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Сестра ми да е 11 години најдобар совет што ќе и дадам е да фати книга и да гледа серии и да оди во парк со другарките, а поимот дечко ќе го заборави во наредните 5 години.
     
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    И јас се согласувам со девојките погоре,ма каков дечко какви бакрачи,на 11 години дечковци ќе брка она,рано и е бре,уште од сеа ако почне да се замара со тие работи кај ќе и биде главата за неколку години...остај ти,они нека си се смешкаат,нека си прават муабет,ама нека остане само на тоа,а не одма изјавување љубов и тие работи :^)

    А и што е до мене,јас мислам дека „сестрава’’ од 11 години воа го напишала.Нека ме поправи ако грешам :?:
     
    На ivonna48 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    145
    Љубовта не гледа години... Сите ние што пишуваме сигурно сме биле заљубени на таа возраст(она нашето беше тогаш симпатија, денес прерасна веднаш во дечко). Советувај ја сестрати дека е сеуште млада за дечко, дека животот е пред неа и ќе дојде ден кога ќе си рече "што направив"... Ако пак толку е заљубено девојчето а тој и возврати на чувствата немам друго што да кажам...освен среќно нека и е :) јас имам другарка која е во врска од 5то одд. и еве сеуште се заедно (8год.) и им е супер... Сепак, одлуката е ваша ;)
     
  9. MissBarbieGirl

    MissBarbieGirl Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Изгледа вие не ме разбирате. Сестра ми нејке момчето да и биде дечко, само онака да си се дружат како симпатии. Значи, сетра ми НЕЈЌЕ момчето да и биде дечко.
     
  10. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Eпа зошто тогаш да му изјавува љубов,ако не сака да и биде дечко ? :^)
    Добро,ај може не сфаќам,а ти совет можеш да и дадеш,да не прави ништо со дечкото бидејќи е мала,и да не му изјавува љубов.Се надевам ова е советот што го бараше!
     
  11. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    145
    Ако нејќе да и е дечко тогаш зошто се плаши да не ја одбие? Во тој случај дури и немора да му изјавува љубов...
     
  12. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    А да и кажеш на сестрати дека има 11 год и да иде да си игра со другарките , а не да брка дечковци
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Еве некои правила поврзани со темава ...

    Никој не се чувствува добро кога некој ќе го одбие за нешто, особено кога станува збор за одбивање од личноста на која не можете деноноќно да престанете да мислите. Во секој случај, доколку станете свесни за позитивниот и негативниот исход од таквото одбивање, ќе сфатите дека еден ваков неуспех не значи дека треба да се чувствувате посрамотено и потиштено. Сите луѓе во светот морале да се соочат со одбивање во некои периоди од нивните животи, па затоа прифатете го како составен дел од животот, исправете се гордо и почитувајте се себеси. Прочитајте ги овие 6 начини за справување со разочарувањето, кога некој ќе одбие да биде во љубовна врска со вас. Како да се справите со љубовно разочарување?
    1. Дистанцирајте се од проблемот

    Учењето како да се справите со одбивање не е лесна задача, но ако научите како да се дистанцирате од ситуацијата, може да се чувствувате многу подобро. Размислувајте на нешто друго, не дозволувајте да ве понесат негативни мисли. Запомнете дека без разлика што овојпат личноста која сте ја посакувале одбила да излезе со вас на состанок, наредната што ќе ја запознаете може ќе биде онаа вистинската за вас.

    2. Размислете зошто сте одбиени

    Една од најголемите лекции кои треба да ги научите кога некој од спротивниот пол ќе ве одбие, е да се запрашате себеси зошто тоа се случило. Дали можеби вие сте згрешиле нешто? Дали со некоја ситуацијата сте требале подобро да се справите? Ставете се себеси во чевлите на таа личност и помислете каква би била вашата реакција на ситуацијата. Заклучокот кој ќе го донесете од вашето размислување можеби ќе ви помогне да не ја повторите истата грешка во иднина, без разлика дали сте биле или не сте биле главните виновници што работата лошо се завршила.

    3. Бидете свесни за вашите емоции

    Не можете некого да принудите да биде со вас ако не сака. Понекогаш едноставно не постои доволно високо ниво на привлечност, можеби личноста која ви се допаѓа сѐ уште не може да го преболи бившиот партнер или едноставно сака да остане сингл. Секогаш постои причина зошто некој ви кажува „не“, а проблемот може воопшто да не се крие во вас. Искористете го времето за себе додека не се појави некоја нова личност во вашиот живот и размислете добро што е она што ве доведе до ваква состојба.

    4. Споделете го искуството со пријателите

    Постои причина зошто луѓето сакаат да имаат пријатели: за да имаат со кого да поразговараат за убавите, но и за неубавите случувања во животот. Јавете им се на вашите најдобри пријатели или седнете на разговор со вашиот брат/сестра и испразнете си ја душата. Ќе се чувствувате многу подобро откако некој ќе ве ислуша и разбере низ што поминувате.

    5. Останете активни

    Само затоа што некој одбил да излезе со вас не значи дека дошло крајот на светот. Без разлика што можеби ве фаќа депресија и во моментот мислите дека никој не ве сака, реалноста е поинаква. Има многу луѓе кои би сакале да излезат со вас, но можеби сѐ уште не сте ги запознале. Најдобриот начин да се изборите против деструктивноста е да останете активни. Редовно спортувајте, слушајте гласна музика, пејте под туш, излегувајте во град . Правете сѐ што ќе ви ги оттргне мислите од таа личност.

    6. Концентрирајте се на себе

    Да речеме дека вашето сценарио изгледало вака: веќе подолг период сте „затрескани“ во некоја личност и конечно сте собрале храброст да ја викнете на кафе. Притоа таа личност ве одбива и си заминува од вашиот живот оставајќи ве со скршено срце. Но, да бидеме реални, ова одбивање може и да ви го олесни, а не да ви го искомплицира животот. Ако таа не била вистинската личност за вас и вие двајца сте почнале да излегувате, секако после неколку месеци ќе сте сфателе дека не сте еден за друг и ќе сте биле уште поразочарани и со скршено срце. Наместо да очајувате, закажете си професионална масажа, отидете во сауна или на шопинг. Правете го она коешто најчесто ве разведрува и прави да се чувствувате добро во врска со себе. Сакајте се себеси и бидете сигурни дека тоа некој ќе го забележи и ќе го смета за секси.
     
  14. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    6.243
    Пол:
    Женски
    E da ne e ledno custvoto.dacse Dobie.korpa