Доаѓа некој ваш близок човек и ви кажува некои муабети (невистини) кои ги слушнал за вас. Може да се околу работата, училиштето, семејните односи, бракот, врската со партнерот, нешто интимно...што и да е... Како реагирате? Дали ќе се изнервирате? Дали се правдате и превземате мерки? Дали ги барате оговарачите да ги дознаете и почнувате и вие да зборувате за нив? Или едноставно го знаете нашиот менталитет, па се насмевнувате и продолжувате напред?
Бидејќи знам дека не е вистина, не се замарам. Кога-тогаш вистината излегува на виделина. Така да.. монтирај насмевка за инат на другите
Се загрижувам единствено кога има вистина во сето тоа-во кажувањето. Тогаш навистина се замислувам и едноставно велам па вистина е па и да се зборува вистина е. А кога се зборуваат невистини тогаш НЕ МИ ЧУЕ. Не се замарам воопшто. Одамна имам сфатено дека на некои луѓе душевна храна им е озборувањето, кажување на невистини. Од една страна и ги разбирам. Толку се несреќни во својот живот што кога ќе кажат некоја невистина сакаат да се поистоветат со нас. И ние да сме ,,несреќни,,како нив. Но не ме погодува. Најбитно ми е дека ја знам вистината и таа ми е повеќе од доволна. Од друга страна пак луѓето и измислуваат најразлични причини за да го потполнат своето време, за да поседат негде на кафенце, да стекнат пријатели (лажни) и тоа е нешто во нивното функционирање што не би можеле да го промениме. Или прифатиги таквите или засекогаш постави една дистанца спрема нив.
Штом ме збори некој , тоа го прави затоа што е љубоморен,затоа што си нема попаметна работа во животот,затоа што е олош од човек во душа и сака да наштети некому....Кога слушам такви невистини,постапувам различно.Некогаш знам само да се насмеам и да преќутам, но некогаш кога тоа ги преминува границите на нормалата, нормално дека се соочувам со нив, но не за кавга.Туку да им докажам колку се мизерни и безвредни...дека безпотребно се трудат.А вистината сама ќе си дојде и ќе си се покаже,тие што ми се вистински пријатели нема да поверуваат во тие озборувања и готово. А тоа дека некој ќе ме изнервира, зависи од многу фактори, ако дента сум расположена, ништо неможе да ме онерасположи,а некогаш и трошка ми фали за да ми се качи притисокот. Зад добрите коњи прашина се крева.
Веќе преку глава, мислев дека сум отрпнала на овие глупости, но дефинитивно сум се излажела. Емотивна личност сум и никогаш неможам да ги сокријам емоциите , па да реагирам малку поладно на сето ова, ужасно ме погодуваат вакви работи
Мое е да им објаснам, а нивно да ми веруваат, па сеа како сакаат. Ако ми е некој небитен многу ми е гајле, воопшто не ме погодува.
Ако е невистина многу ќе ме погоди тоа, таква сум, и со стегнато срце ќе се обидам да објаснам дека не е така ама во себе ќе вријам и не знам како ќе се воздржам а ако не ми поверуваат а се мои блиски многу е веројатно дека ќе се расплачам, не можам против таа моја особина, а сакам да можев да се воздржувам. Ај па не е толку лошо, си ги плакнам очите(или можеби си ги уништувам )
Само им викам bitches,you make me famous и си продолжувам понатаму . Џабе е да се трошат зборови на оние кои немаат ни свој живот, зошто би им го правела јас задоволство да некој им обрати внимание. Битните луѓе ја знаат вистината за мене, никој не би им верувал на таквите attention whores. Впрочем се повеќе и повеќе се познаваат тие луѓе кои зборат лаги и глупости, за да бидат во центар на вниманието, демек они нешто дознале, кога на крај сепак се дознава дека се било лага. (зборев за женски род, кои озборуваат т.е кажуваат невистини, но се однесува и на машки род бидејќи и машки зборат.) Многу имаат заборено за мене и уште зборат (посебно оваа година, кога излегов од школката на срамот) ама i don't give a fuck.
Eдноставно ги игнорирам.. вистината ке се дознае на крај. Но сепак кога е нешто што многу ќе успее да ме изнервира реагирам многу бурно и ми доаѓа сите да ги искршам но некако се воздржувам. Кога ќе видат дека не ги рецкам некако стивнува целата приказна.. лажна приказна.
Трпение-спасение и достоинство. Нека чешаат јазици,иако моите родители ги боли многу повеќе,па реагираат жестокот. Ама им велам,на крајот правдата не можеш да ја истераш,никој нема да ти рече да измислив,да кажав така и така,зошто луѓето се кукавици. Живеам со тоа,а кога ќе дојде ден, тивко воочувам без да се расправам и се повлекувам,е тогаш нека се јадосуваат.
Јас кога знам дека ми е чист образот нема што да се вознемирувам околу тие невистини што ги кажуваат едноставно неможам да се замарам, не мислам да паѓам на туѓите провокации ма нема шанси... Кој што сака нека збори нивна работа си е тоа, мене ми е важно луѓето што се околу мене да ме почитуваат, а за другите што озборуваат што шират невистини не ме интересираааааама ич. :wink:
Колку е лесно да речеш дека не се замараш, но дали е навистина така? Голема утеха е дека вистината секогаш излегува на крајот и победува правдата. За жал многумина немаат свои животи, па живеат туѓи животи. Гледаат секаде да се мешаат и секој што е можно да го оцрнат. Пр. Спојлер На едно работно место во реномирана фирма влегов со договор за 1 месец, заменував работник кој поради здравствени проблеми беше на боледување. Во фирмата ми беше супер, камо среќа да останев, меѓутоа се врати работникот и јас си заминав. Тоа беше тоа. Потоа од мои роднини слушнав муабети дека `слушнале` од некој дека во фирмата не сум се покажала , па ме истерале. А, тоа немаше ама баш никаква врска! И кому и зошто јас да објаснувам дека не е така? Кои се тие зли јазици кои ме кудат и даваат лоша слика за мене кога утре пак треба да барам работа? Навистина има многу злобни луѓе кои може само да ти наштетат.
Ќе излажам ако кажам дека не сум се замаралА.Сега се трудам замарањето да го ставам во минато свршено време,и мислам дека успевам ..... Измислувале секакви работи-од симпатии,дечковци,па изневерувања па ова,она.....Но најмногу ме здоболеа работи кои ги измислуваа за татко ми,после неговата смрт Овие работи-од злобните јазици секако,признавам дека ме жежеа кога ги чув,и навистина не ми е јасно како можат,зошто???? Спојлер Така чув дека на вреемто кога тој бил директор дека многу крадел -па затоа Господ го казнил,дека многу бил задолжен па од нервози умрел,дека ние сме го нервирале дома,дека бил психички болен и какви уште не гадости Првата комшивка,кога дојдоа да ни кажат дека тој заминал од овој свет,и кога викнавме од болка,дојде и праша што е?Рековме дека почина....а таа рече-АААА,јас мислев да не ве тепал па да плачете..... Ете,некако поминаував низ сите тие сра*а,а на нив им посакувам некогаш за некој свој близок да чујат што зборувале тие,па да видат како е.........Сепак некои работи се осетливи,и колку и да се трудиш,сепак болат.... Денес,после толку многу работи поминати во животот,гледам дека отрпнувам и станувам имуна на таквата малограѓанштина.......
Ми кажа другарка ми пред некое време нешто што не го знаев за мене Па уште ме прашува, а знае дека ако е вистина ќе и кажам Само и реков шо ти е бе, ќе знаеше ти за ова. И толку не се замарам. Навистина незнаев дека имам дечко
Не се замарам, ни на крај на памет не ги ставам, не се правдам, немам намера да се докажувам, доволно ми е што многу добро се познавам себе си, а што ми овозможува да не им верувам или се докажувам на луѓето, дури немам сила за тоа.Ако имам нешто да им кажам, само еднаш би кажала и толку, не би се докажувала.Иако најчесто знам и ги претчувствувам овие работи, однапред, како незнам, интуција веројатно.На крајот на краиштата не може човек да ги спречи луѓето.
Ама ич не се замарам па поготово кога ќе разберам дека тоа го има кажано некоја небитна особа Многупати со другарките се си се зафркаваме на сметка на такви невистини за нас. Пред некое време на една другарка и беа измислиле дека оди со еден дечко па се смеевме сигурно тајно одат чим таа незнае
Нормално дека ме дразнат, онака малкуцка. А понатака оставам делата да говорат за тоа која сум и што поимот за мене претставува. Не сакам да се замарам со клевети на искомплексирани индивидуи кои дефинитивно си лечат некои свои деформитети со оцрнување на други. Тоа низок и подол чин на деградација. Едно е да споделиш мислење за некој со некој, ама да ширип дезинформации за кои ни самиот не знаш колку вистина има тоа е болно. Секој има право да каже мислење, се додека пред исказот стои Јас мислам.....а јас зна или Јас ТВРДАМ и да оцрнуваш, е одење во сосема друга насока. Срамота