Si velam sama na sebe deka imalo raboti koi ne sum gi znaela za sebe nesto u stilot : dobro jutro komsii , sta je novo kod mene
Ме радува тоа што некој помислил на мене макар и на негативен начин. Прифатете ги сите оние невистини како комплимент, бидејќи самиот тој преку тие измислици го критикува својот досаден живот.
До скоро се нервирав, срце дур ме болело кога ке слушнев невистинити за мене, но сватив дека позади добар коњ секогаш се дига прашина и сега не се замарам други што мислат или кажат за мене отворено признавам дека ф.ф ми го сврте животот за 360 степени човек може да научи многу од членовите на ф.ф. Ве поздравувам со песнава
Кога ќе чујам некоја невистина за мене, фино лепо го будам режисерот во мене, им ја надополнувам приказната со сочни детали, пикантерии, дури некогаш сама си пуштам стории за мене, чисто да видам до кај ке стасаат и во која форма. И така проверувам кој ми е пријател. Најжалното е што за некоја година ќе заборавам што сум се филмала Кучињата лаат, караванот си врви бре
Толку се изнаслушав. Да можам книга да напишам со приказните. Блесава работа... Порано се секирав, сеаа не им се замарам.
Во минатото мразев кога ке слушев нешто па и се праспрашував кој, што, како и зошто...но сватив дека тоа се само луѓе кои немаат друга занимација па се занимаваат со такви работи
Плaчев зoштo ми е билo кривo штo е лaгa. Сегa сaмo се нaсмевнувaм и не се зaмaрaм. И тaкa лекa пoлекa гo бaрaм извoрoт и сум гo нaoѓaлa aмa џaбе е. А јa oд мaл грaд бргу се ширaт ,,нoвoсти,, К a т a с т р o ф a. Некa си гледaт рaбoтa. Амa тaкa знaм сум пред нив, мoжaт дa ми гo гледaaт зaдниoт дел. Кхм Акo и е тoa рaбoтaтa требa ич дa не ги плaтaт не се дoбри вo ниеден случaј. Нa измишљoтини.
Кога отидов на претходното работно место на интервју наидов на неколку колешки од факултет кои веќе претходно се вработија во таа компанија. Уште на самото интервју ми рекоа дека ќе бидам примена и договоривме и датум кога да започнам. По неколку дена ми се јави еден познаник од истата таа компанија и ме извести дека токму тие колешки изнакажале куп измислици за мене пред шефовите со цел да ми ја расипат работата и да ги предомислат да ми откажат. Да напоменам дека не сум имала претходен проблем со нив на факултет, баш напротив им имам помагано како многу појак студент од нив. Веројатно тоа им беше во знак на благодарност. Но што е тоа е, пуста љубомора. Лажеле како не сум била вредна, не ме бивало... И сето тоа затоа што беа свесни дека ќе се покажам многу подобро од нив. Чуството не беше воопшто пријатно да знаеш дека некој те оцрнува на таков начин и оние кои не те познаваат стекнуваат неубава слика за тебе. Но сепак почнав со работа и набрзо докажав дека тие не се во право.
На ливада порта не се става. На народ уста не се затвора. Така да од едното уво нека ви влезе, од другото нека излезе. Јас не се замарам, кој што сака нека збори. Вистината секогаш излегува на виделина.
За вакво срце како мене можат најниско да ме симнат само на лева или десна комора или срцева артерија да ме направат ништо подолу.
Да ме болеше порано кога ќе слушнев од некаде шо и како збореле, плачев и не сакав да излегувам од дома. Не се знаев доволно себе си како што треба,немав самодоверба, па често и им верував во нивните го*на. Побитно ми беше што мислат другите отколку јас што мислам, немав свое јас. Која будала, нели?! Сега пак е обратно побитно ми е што мислам јас за било што отколку другите. Секако дека ми е битно што мислат моите блиски кои мн. добро ме познаваат. Сега ако ме интересира шо се дешава во мојот живот ќе ги прашам гомнојадачите и се ќе ми кажат, дури и тоа шо не се сеќавам дека ми се десило. На крајот им давам марамче за да си ги избришат гомната шо им останале на уста пошто многу се стрвни и несмасни. Колку време губиме на вакви ствари едноставно не вреди!
Се нервирав многу и се обидував да објаснувам какви се луѓето и со која намера зборуваат ама веќе се навикнав едноставно игнорирам се смеам и решен проблем секое чудо за 3 дена т.е. 3мин де.. Ај убав ден.
Па во последно и не им одавам многу значење на тие работи. Пошто колку и да се објаснуваш луѓето само пак ќе го слушнат тоа што сакат, а не тоа што ти ќе се обидуваш да им објасниш.
Уффф таквитее за на бесилка се Исто и јас имам слушнато измислици за мене Ама не се замарам бидејќи чиста ми е совеста ништо не сум сторила така да нема потреба да се замарам Само ми одат на нерви таквии некултурни луѓе како може толку плитко да размислуваат дури жени возрасни мажени (како да се тинејџерки жалости) кажуваат невистинити работи да расипат врски и пишуваат (на фб ) на млади момчиња Во таа ситуација бев Woww Шокирана Не ја личи бе срамота! А што е најтрагично лаги кажува се понаша како 10годишно дете Неможам да им се начудам на паметот! Мене од лажен профил би ми било срам така да постапам и скраја да е неможам ни да се замислам во таква срамотна ситуација. Срамота! Како прво и основно тоа понашање према мене е многу ниско, самата помисла е одвратна да се пикаш каде не си пожелна а најмалку да расипуваш и уште помалку па да се брукаш како некоја сељачка што оговара, која не си го средила својот живот па ја интересира за други кој и што прави А штом толку ја интересира кој и што прави тогаш е завидлива и злобна и веднаш да превземе мерки да се вплетка некаде и да измисли нешто тоа им е како хоби. Па и да е нештото така! Што ти е гаље? и да е и да не е срамота е такво понашање Мене искрено многу ми е страв од такви луѓе бидејќи не сум таква како нив и не се дружам со никого само дома седам аманн само да не ги гледам! Подалеку од мене, бидејќи ни правам лошо некому ниту пак сакам да ми прават И си стојам на страна од таквии и дечко досега сум немала од мојот град(мал е сите се знаат меѓу себе очи си вадат) Неќам, не фала, да си имам работа со овдешни ороспии што се тепаат за машко(абе ми се вмешаа што не ги ни чепкам си имам дечко од страна веднаш му пишаа лаги му изнакажаа за мене грев си носат сега на душа. Јас само дома седам, немам ниту пак сум имала друштво и притисната од секогаш сум била строги родители имам) А што ќе беше од тука да имав некој? Налет се не се свесни дека се во многу глупава ситуација таквиите на тој начин што: Едно изиграва ку*ва со тоа што има таква храброст да расипе и да се меша а при тоа кога го прави тој курвински чин зборува за курви и други прави дека се такви а во момемтот не се гледа себеси дека се поставува како лесна (аа што ако расипе да не мисли дека таа ќе се намести?И како може да се брука за некој кој е во врска а и не и мава рецка? Не ги сваќам ваквиите стварно) плитко размислување! Како прво и основно не се гради и неможе да се гради среќа врз туѓа несреќа! Кратко и јасно
Шо и е гајле на мачката што мислат глувците за неа? Измислиле и ќе измислуваат. Имало и повод, пред нив сум била. Емотивец сум и не дека ми е сеедно ама имам поголеми проблеми од замарање за трачеви. Не се замарам кој што мисли за мене. Кого го интересира вистината може да ја дознае од мене. Кого не, може да верува во што сака. Сами одлучуваме во што ќе веруваме.
Веќе го даде одговорот. Сите знаеме во генерала да кажеме „од едно уво влего, но од друго излегло“ но во генерала не е така. Тие што најчесто го говорат ова и честопати знаат да се нервираат најмногу за вакви работи, и тоа е нормално, мислам кој сака да кажува невистини за него? Никој. Затоа и се нервираме повеќето, тие што не трпат неправда ќе се нервираат секогаш...