Не можам да не се замарам. Таква сум и се си земам при срце. Ама не се правдам, никогаш. Оние чие мислење ми е важно ме познаат добро и не веруваат на гласини. За останатите што мислат ич уво не ме боли. Ама сепак, не ми е сеедно кога слушам невистини за мене и за моето потесно семејство. Криво ми е зашто го валкаат името. Ова е чест случај откако почина дедо ми. Секој си кажува по нешто, а всушност врска нема како било ни што било. Тоа е, дали ми е криво или не, дали се замарам или не, никој не прашува. Народот секогаш ќе зборува...
Порано дозволував повеќе да ме погодат ваквите ситни души, понекогаш и директно се соочував, ама увидов дека нема баш големо фајде од истото, бидејќи оној кој е способен да измисли некоја одвратна и девалвирачка лага, нема ни ако е притеснет да ја говори вистината, туку ќе запаѓа во уште поголеми лаги, така да нема ефект обидот да дојдеш до нормално расчистување на сметките со такви. Инаку нормално дека многу повеќе повредуваат измислени лаги и приказни за оцрнување, отколку погрешни впечатоци околу тоа како некој ме доживеал. Последниот пат кога имав вакво сценарио, се случи на личноста која на толку болен начин се обидуваше да ми наштети на работно место, да и‘ се случат толку немили настани, а јас притоа бев нем сведок и тоа без да мрднам со прсте, така да правдата се задоволи и сатисфакцијата ми беше огромна, што не презедов ама баш ништо, а го видов и доживеав падот на личноста, без да паднам на нејзиното ниво - длабоко под земја. Всушност мене лично ме погодуваат длабоко и суштински само несогласувањата настанати со блиските луѓе, овие попатни нискости на народот немаат баш некоја посебна кој знае колкава јачина врз мене.
Никогаш немам слушнато дека некој ме оговарал или се замарал со мене, дека кажувал невистини и погрдни зборови. Немаат дојдено до мене такви муабети досега, а и мислам дека не се ни замара некој со мене, пошо реално нема за што да се замара, немам некои си непријатели или луѓе што ме мразат, т.е. не познавам и не сум дознала дека има некој таков. Единствени муабети што дошле до мене се дека повеќето луѓе што ќе ме видат само еднаш си мислат дека сум диганата и зборуваат дека сум дигната, дека никој несмеел да ми пријде, а тоа нема благе везе. На таквите коментари возвраќам со тоа „нека дојдат да ме запознаат па да се уверат„. Тешки зборови за мене сеуште не сум слушнала, а и кога би слушнала би реагирала со истото, да ме запознаат па да коментираат, не би се замарала со такви муабети, битно ми е да луѓето околу мене знаат каква сум.
уф тоа би ме изнервирало вкрај,иако до сега не се има случено такво нешто,сепак ја замислувам ситуацијата,ке изреагирам премногу бурно ,таа особина кај мене ме нервира многу,сакам посмирено да реагирам
Па, не се замарам. Ипак, нели се невистини и кул сум. Никогаш не би стапнала толку ниско за физички да се пресметам со некој ниту пак да реплицирам на невистините со други невистини за дотичниот/та. Од мој асепект тие кои тоа го направиле не засулужуваат внимание затоа што веќе ни се јасни нивните комплекси кои ги ублажуваат со навреди за лична сатисфакција кон некој. Bitch, you took it WAY too low!
Малку ме нервираат, ама не дозволувам да ми влијаат! Знам дека секогаш ќе има такви што зборуваат, за кои туѓите животи се побитни од нивниот сопствен. Тоа е жално, за нив... А јас не се замарам многу, сепак самата си знам што е вистина а што не е. Дури не се ни обидувам да докажувам, едноставно не сакам да си го трошам времето на такви глупости.
Тоа значи две работи: 1. или дотичната личност(и) од која произлегла лагата нема попаметна работа во животот па се замара со мене (од причина што и сум антипатична или ми завидува на икс работи) Овој случај е најчесто дело на другарки, познаници, пријатели или непријатели, или 2. личноста е со премногу плитки и прости сфаќања дотолку што не може да разликува реалност од имагинарност па си носи свои заклучоци врз основа на неосновани сомнежи и одтаму произлегува невистината пуштена во етер за мене. Ова може да се случи дури и од поблиски личности (фамилијарни). Во првиот случај ќе се насмеам и си викам во себе - ох која мизерија постои на овој свет! Крај! Не патам од комплекс да се правдам на такви личности. Во вториот случај, ако се работи за семеен човек, се борам сo сите внатрешни сили да се спротиставам на неправдата која ме боли и рани! Ако не ми веруваат, кажувам се што имам, плескам се што мислам (сурово, на мој начин) и си одам. После нема шала, нема добри односи, нема дружби. Никогаш нема да те ценам исто пак, се е чиста формалност (ако воопшто ја има!). Она што важи во секој случај е - кој не ми верува на моите зборови, дела и способности тогаш нема што да бара во мое друштво и близина! (Ми се случиле и двата случаи, сум постапила како што реков).
Не се правдам во никој случај. Никако. Само ги сожалувам таквите луѓе кои креваат толкава врева за нешто што не е дел од нивниот живот. Било да е вистина или лага, не се заматам ич.
На луѓето неможеш да им ја затвориш устата. Станав имуна на такви малограѓанштини. Чист ми е образот и знам што правам во животот. Им се ситам кога ги јаде јанѕа и им препишувам на тоа дека нема што да прават во животот па се замараат со туѓи. Јадни се во секој поглед
Да баш, на луѓето неможеш да им ја затвориш устата! Ми се има случено ова и едино што ми доаѓа е да можам да ги грабнам да ги згазам како бубашваби! Крајно изреволтирана од плиткоста на мозоокот на луѓево!
Ми се случувало тоа и обично се смеам или им завидувам на тие малограѓани колку се тоа они „подобро информирани„ за мојата личност, навики и интереси од мене. Од една комшивка дознав дека студирам во странство и тоа во луксузни услови - ми го разубави денот!!!
Кога слушате невистини за вас... Не се замарам. Ако некој зборува невистина за мене значи уште не ме заборавил
Му давам по еден нокаут Што можи да направам одам и ги опоменувам ако му се случи по 2 пат нема трета шанса
Порано се преоптоварував со тоа, така што ми се случувало со маки да заспијам навечер. А сега од кога сфатив дека и онаа која ми беше „најдобра другарка“ можеше на секаков начин да ме изневери и да збори невистини за мене воопшто не ме засега тоа што го зборат. Ги занемарувам туѓите коментари и лаги така што забележувам дека се помалку невистини се зборуваат за мене.
Не памтам кога се случило такво нешто, некоја невистина така да сум чула, стварно баш размислував и ништо во моево одлично сеќавање...нормално како и секој, ни јас не сакам да слушнам невистина за мене. Ќе дознаам од кого е, и ќе го уништам истиот, во моментот кога ќе ја слушнам почнува одмаздата.
Кога ќе дојде тоа до мене веднаш одам до тој што ја кажал невистината и пепел го правам! Прво смирено, ме интересира причината а после.. Да.. кога сум лута баш знам да навредам
вчера разбрав дека сум му се пуштала на еден човек кој само еднаш сум му рекла здраво...сум сакала да бидам со него??? само си се изнасмеав на глупоста
Беснеам во себе, планирам одмазда ама никогаш не ја реализирам, но како и секогаш доаѓаат моите 5 минути да го симанм дотичниот на земја или веќе некој пред мене ја завршил работата. Се смирувам и вразумувам дека такви луѓе мора да постојат, со нешто да се оддржаваат во живот, истите тие не шират невистини само за мене и за други. Класична патетика! На крај целиот тој бес кај мене се сведува на сожалување кон тие луѓе.
Невистините и тоа како можат да го повредат човека. Многу ми било криво кога моите блиски ќе поверуваа во нешто што некој ќе го измислеше за мене. Таа недоверба и верување во туѓи лаги никогаш нема да ја заборавам.