Дај ми пример за одмазда, потребна ми е токму сега Баш сега ми се случи таквно нешто, прибирам информации на кого му е толку досадно па измислува лаги, за одмазда ке видиме, сигурно ке ја има ама некако не ми текнува сега Од една 'другарка ' дознав дека сум била вљубена во едно дете од на училиште, а пак од комшивката дознав дека сум го сакала син и Има уште многу вакви примери, да не набројувам сега
Едноставно не се замарам, си ја знам јас вистината во мене и готово, не ме интересира! А ии вистината излегува на виделина
Многу ми е гајле,се секирам за тоа ко за ланскиот снег!Јас ќе си терам по патот , а кој му се јадат трици,нека гледа барем да се најаде,од мене нема да добие внимание и нервози да се засити
Доволно ми е што јас знам дека не е вистина, што имам мирна совест.. тие што ми значат ми веруваат доколку им кажам дека тоа не е вистина и тоа ми е доволно. Па на крај јас одговарам и јас си го живеам мојот сопствен живот, па што и да кажат другите нема да ме предомисли..
-кога бев тинејџерка се карав и се обидував да ја докажам вистината -кога бев во 20-тите тивко си патев и се нервирав -денес само се насмевнувам и продолжувам понатаму....
ме нервираат таквите фацишта (идиоти).. тоа се лица кој немаат шо да праат,лица на кој не им е интересен својот живот,лица кој мислат дека на тој начин можат да стекнат некои пријателства па на крај краева нека зборат шо сакаат битно тие шо ме знаат ме знаат каква сум а тие шо не ме знаат коа ке ме упознаат ако ме упознаат ке сватат дека таквите муабети се невистини а јас не планирам да изигравам џандар и да викам е ова не е вистина па шо ти ја знам шо едноставно брат игнор ајт делит и правец у канта ..... и да погоре убаво имаат кажано вистината увек излага на виделина ...
Зависи од лагата.Ако нема допирна точка со тебе нема ич што да се замараш.Можеш дури и да си се насмееш А има и такви од видот 'чула ама не разбрала' значи од мравка прават слон или е делумна невистина/вистина.Мислам дека од ова зависи дали ќе се замараш или не
некогаш се нервирам некогаш не се замарам ама баш ич ич ич.Кога ќе размислиш пак... сепак мислеле на тебе.
Порано многу се нервирав кога ќе слушнев лаги за мене.. Сега, знам дека тоа не е точно, оние кои ми значат се блиску до мене и знаат дека е само измислица и не се замарам многу... Не се обидувам да докажам како е лага и тако даље, едноставно ставам на игнор и продолжувам.. Едно време и на дечко ми му трескаа за мене но кога јасно му посочив дека нема ништо вистина, и дека воопшто не допира до мене сега и тој ги става таквите на игнор.. И право да ви кажам УБОО МИ Е!
Искрено ме нервираат такви луѓе, кои немаат свој живот и своја работа, па се мешаат во туѓи животи, едноставно одвратни ми се и неможам да ги поднесам. Но, од друга страна пак, ги жалам затоа што се стварно греота и незнаат што да прават со себе, освен да измислуваат невистини за другите. Кога дознавам некоја лага која е поврзана со мене од некој близок, прашувам дали сака да му објаснам дека не е точно, ако сака му објаснувам, а ако не сака, му кажувам да не ме замара и да си верува во невистините доколку смета дека се точни. А ако доаѓа од некој небитен едноставно не му се замарам му кажувам да си гледа за себе и да си го живее својот живот ако воопшто го има. Иначе, секогаш се обидувам да дознаам од кого доаѓа тоа и кога дознавам само кажувам.. тешко тебе.
Во ваква ситуација сум најнервозна и ми иде да убијам некого ама сепак јас си ја знам вистината за себе и нема да се опседнувам што ќе мислат другите
Не се замарам воопшто,животот ме научи на многу работи а една од тие е дека на човекот неможеш да затвореш устата.
Порано колку се нервирав а сега донекаде ми е мило, бар ме спомнуваат и се замараат со мене а јас со нив ич. Па многу ми е гајле, искрено ме заболе.
мн се нервирам на накви работи.уфффффф ама веке почнав да не се замрам нека си зборат ако немат друго работа..и да се нервирам нема устата да им ја затворам
Тогаш само се изјаснувам дека тоа не е точно и малку избувнувам... Ама после има секакви луѓе, зошто да ги мислам, не ми е гајле за нив! А следниот пат кога ќе се видам со нив, ќе им кажам на пријателски начин зошто така прават.
Никој не може да ја знае вистината што ја носиме во себе, така што сметам дека луѓето само имаат потреба да си ги испразнат своите празни мозоци со тоа што еден цел ден ќе оговараат некого. Ако умееме да уживаме сами во нашата вистина, тешко дека ќе ни смета невистината, всушност дали таа и ќе дојде до нас.
Се научив да не ме погодува тоа што ќе го каже некој. Отрпнав на човечкото лицемерие и лажење. Дури ни комплиментите и убавите зборови не ги сфаќам здраво за готово. Многупати се докажало дека некој баш и не го мислел тоа што го кажал за мене, така што се навикнав да не се замарам со нечие мислење за мене. Битно ми е најблиските да ја знаат вистината за се', а другите и онака не се важни.
Што правам кога слушам невистини за мене..па... хм.. Воопшто не ме интересира мислењето на `тие` луѓе кои немаат попаметна работа од зборување на невистини.Ич не ме погодува тоа што зборуваат за мене..напротив понекогаш ми е мило што ете некој се преоптоварува со мене..и воопшто што сум му во мислите..
Бидејќи работам со доста луѓе, повеќето се и генерациски постари од мене, научив дека секој, без разлика на возраст, искуство, може да си каже она што мисли, па тоа да го дофилува некој трет, да си додаде некој пет, и така да се создаде клопче од невистини за било што, а не само за човек, карактеристики или пак некаква ситуација. За мене невистини не знам дали имало или пак ќе има, од проста причина што ги занемарувам луѓето во широк лак, со кои само работам. Чест на исклучоци. Но, навистина немам време ниту енергија да мислам што кој како кажал за мене. На крајот на краиштата, не сум тип што се впушта во инстант релации, па затоа и многу од колегите ме сметаат за резервирана. Комуникацијата ја сведувам на нивото кое ми е потребно, и не се расфрлам со интимата, зошто знам колку лесно се џвакаат туѓите проблеми особено за вампири што немаат своја крв, па цицаат од туѓата. Не фала, живејте си во темнина, мене тоа не ме занима. Според мене, си имам јас своја искрена средина, луѓе со кои творам, живеам, љубам, и не ми требаат зајадливи и лицемерни опркужувања, но нејсе, животот е таков, и се фрла и во тие ќошеви, па треба да научиш како да се справиш со истите. Имам брдо познаници кои сигурна сум дека не ме ценат, ниту ме сакаат, но тоа е нивен проблем - не е мој. Ниту барам да ме сакаат сите, ниту може тоа некогаш да се случи. Затоа мразам патетични упикувачи во туѓите животи, луѓе кои постојано кенкаат и глумат жртви и очекуваат внимание, а притоа не забораваат да серат за вас! Таквите ги осеќам, енергетски, и никогаш не сакам да сум во контакт со нив. Ако зборуваат - слободно! Карванот ќе пројде, а кучињата ќе лаат. Важно е да знаеш сам кој си и колку вредиш, сигурно нема да те погодуваат невистини, зошто си свесен дека не се точни.