Прво ќе пробам да средам и сите да ја дознаат вистината. Ако неможе, тогаш одам на игнор. Нека зборуваат што сакаат, важно јас и моите блиски си ја знаеме вистината. А за таквите кои озборуваат и шират невистини само ќе кажам дека немаа свој живот.
Што би рекла Офии од пуста мака си ги корнам влакнава од вагина.. Како не.. секогаш постоеле и ќе постојат моми/момци ака тетки/чичковци збрани како пред коперација у сред село. Игнор анд ви ар хепи!
А, ме пецнува на почеток кога ќе дознаам. Не дека пуштам бебешка сирена и прскаат солзи на сите страни додека устата се криви во некоја чудна модернистичка Калиопи варијанта али, повеќе си ја чешкам главата и си викам - е што па јас?! Е од кај сега ова? Невистини можат да искочат од уста на некој кој знае за мене, толку колку што јас знам што број прслук носи Боки13 и кога Грин Пис конечно ќе го вратат назад во морето. Повеќе би ме дрмнало тие невистини да ги шири некоја блиска личност. Ова другото, пиши пропало, пролазно и битно ми е ко вчерашниот дожд у Лондон. Го има на тони и досаден е веќе. А и брзо преврнува. Е на таквите, ако ми биле некако присутни у животот, после кратко време откога ќе помине благото пецкање, праам ЧАО и смешкајќи се се потсетувам на омилениот ми чика Вајлд кој рекол - worse than being talked about is NOT being talked about! Така да у себеси им викам онака, фала! И - повелете, пополнете си го празното време И вртам грб
Кога слушам невистини.. се чудам на некои како може до толку да им работи фантазијата и да смислуваат некои работи што ни врвен режисер не би ги смислил. И не ме погодуваат самите невистини, ме погодуваат што има луѓе што веруваат на тоа. Ај да измислуваш работи,не е ништо ново со оглед на тоа какви се луѓево денеска,а и најчесто тие што го прават тоа не ми се битен фактор,така да не им замерам. Но каков човек треба да бидеш за да веруваш на се што ќе чуеш,и да формираш слика за некој врз основа на тоа? А слушам доста. Го знам и изворот. Ама секој извор кога-тогаш пресушува, така и на овој ќе му дојде денот.
Порано многу се напнував, но сега сфатив дека нема зошто. Сите што ме знаат, знаат што е вистина а што е лага.
Им залепам шамар бидејќи тоа ме многу нервира... а се случи пред неколку дена ! Па и кој рекол ! Најголемите глупаци !!!!!!!!!! ЦЦЦЦЦ! Ме нервираат!
Kога ќе слушна невистини(трач муабети) прво што ми паѓа на ум е I'M FAMOUS Не ги регистрирам многу,затоа што тие што треба да ја знаат вистината ја знаат уште од претходно,а останатите што сакаат нека си зборат.
Порано се замарав, ама веќе не. Ако се нервирав за секоја глупост што ја слушам за мене (а ги има прилично многу) ќе требаше да ме сместат во лудница веќе. Кој што сака нека збори, јас си знам каква сум и оние што ги сакам го знаат тоа .. А другите .. не се ни битни
мммм.....паа, искрено, малку ке ме нервира тоа, зошто се мешаат и измислуваат?! и потоа - па добро ке си речам I'M FAMOUS ( ) Знам дека таквите немаат друга работа, и знам дека тоа што го кажале е НЕВИСТИНА па кога-тогаш вистината ке излезе на виделина и околу тоа не се нервирам многу многу......
oфф.. колку ги мразам тие трачарии.. бдч.. коа ќе слушнам дека пак јаделе бурек збеснувааам еј.. ненормалнии.. само афери да се вадело -.-'
Јас знаете како велам некој кога зборува или ако слушнам, невистина за мене па луѓе значи кога некој зборува за тебе значи дека вредиш!
Сосема нормална работа стана секој за секого да зборува, измислува, трачари, незнам веројатно е тоа некој тренд или синдром кој што си го пренесуваме едни на други.. јас искрено го избегнувам таквиот популарен ''синдром'', а за мене што веќе се немам изнаслушано, од други луѓе дознавам кај сум била, што-како сум правела и со кого сум правела, и да не беа тие немаше ни да знам нели дека сето тоа сум го ''правела'' Како и да е, сега развив еден т.н. имунолошки систем на сите такви сра*а што ги слушам, а и нема поента за нервоза кога тие што измислуваат само си докажуваат колку боринг им е нивниот живот, па ете затоа прават сценарио за мојот.
Ехх.....Небива многу ми е гајле. Не се замарам бре. Ги игнорирам. Им велам БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО или Е ДОБРО ДЕ, ЗНАМ ДЕКА СУМ ИНТЕРЕСНА, МИЛО МИ Е ШТО СИ ПРАВИТЕ СО ТОА ДА ВИ БИДЕ ИНТЕРЕСНО или БЛАГОДАРАМ ШТО МЕ СТАВАТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО, СРЦКИ СТЕ . Бре луѓе, немаат што да прават па ете разнесуваат невистини. Мене тоа ми е сммешно, баш интересни работи кажуваат. ШТО СЕ НЕВИСТИНИТИ!!!! Но, интересни се. Си прават да им биде инересно. Е добро де, остави ги, игнорирај ги, ТОА СЕ БАБИ/ДЕДОВЦИ НА СЕЛСКИ ПАЗАР, САМО ЗНААТ НЕШТО ДА ЗБОРУВААТ. СРЦКО, ПРВО СРЕДИ СИ ГО ТВОЈОТ ЖИВОТ ПА ПОТОА ЗБОРУВАЈ ЗА МОЈОТ! ПОЗДРАВ!
Кога бев помала многу се замарав за тоа кој што кажал за мене,што помислил и сл.Со текот на времето сфатив дека колку и да си добар пак нема да им чиниш на некои луѓе и од што немаат сопствен живот решаваат да се замараат со туѓите.Сега ама баш ич не ми е гајле кој што кажал.Доволно е да имаат добро мислење за мене оние кои навистина ми се битни и драги,а за другите уво не ме боли