Прво се инасмејувам на невистините...и после објаснувам ако ме сватат и веруваат добро ако не не вистината излегува на виделина секогаш....
Многу се нервирам.. мразам ко зборат нешто што не е последно беше сега за велигденот, братучедка му изнакажала на татко ми дека не сум прибрана дома, дека имам дечко, дека ме гледа по дискотеки до 3-4 сабајле а ништо од тоа не е точно апсолутно ништо... ми се идеше да и одам и сешто да и кажам
Како ги дожиувавате „озборувањата’’ лично за вас од другите? Прашањето е јасно - Како ги дожиувавате „озборувањата’’ лично за вас од другите? „Бла, бла, бла...Оваа вака, оваа онака, оваа била со оној, онаа знаеш што правела со овој овде со прекидачот под нос, а онаа што се лизнала на сред кафич...“ - Истото темпо, без престанување, постојано и постојано...Нови озборувања, муабети, секој ден, за секого. Сте биле ли жртва на трачери, трачерки, кои пробале да ве „оцрнат“ на овој начин за било што, за самите вас, вашата врска, нешто во врска со вашиот партнер, или нешто сосем друго? Имате ли доживеано и како се справувате? -Целиот ден (а може и подолг период, недела, месец..) го минувате во нервоза? -Плачете, се нервирате, за тоа што мислат другите за вас (пр. дека сте безорбазна, невоспитана, па дури и лесна ) ? - Или пак сте сосема оладени и воопшто не му ја мислите? Да подискутираме бидејќи, такво време што другите „знаат“ но и зборуваат за нашиот живот повеќе од нас самите. Па, сметате дека треба да си земаме при срце или...?
Како ги дожиувавате „озборувањата’’ лично за вас од другите? Факт е дека сите озборуваме, нема никој толку совршен и да не го прави тоа. Така да, сосем нормално ми е ако слушнам такво нешто..Не се притресувам многу многу...А доколку од тоа ми зависи некое животно прашање, се соочувам со сите вмешани, па тој/таа кој озборувал нека каже јавно пред сите...Немам од што да стравувам.
Како ги дожиувавате „озборувањата’’ лично за вас од другите? А што ако незнаеш кој го започнал озборувањето, само случајно преку некој твој близок доаѓа и до твоите уши? Што тогаш?
Како ги дожиувавате „озборувањата’’ лично за вас од другите? Ништо само ќе ми е мило што мислат на мене
Како ги дожиувавате „озборувањата’’ лично за вас од другите? Исто како што пишала девојката погоре, нема да изигравам светица и да лажам дека јас не оговарам. Сигурно сакала/нејќела за нешто ќе прокоментирам, некогаш повеќе некогаш помалку. Така да нормално е да очекувам дека некој истото го прави и за мене. Ако е нешто сериозно тогаш можеби би презела некоја „акција“ ама ако е обично кафе-озборување тогаш апсолутно не ме интересира. А и факт е дека најчесто тоа сите го правиме од љубомора, така да на некој начин е точно тоа дека колку што ти е тешко што некој кажал нешто погрешно/лошо за тебе, исто толку треба да ти е мило затоа што значи дека имаш нешто што тој не може да го достигне, па на тој начин си олеснува.
Како ги дожиувавате „озборувањата’’ лично за вас од другите? Нека озборуваат,сите тоа го правиме. Е сега,многу лоша варијанта е кога те озборуваат а незнаат да го прават тоа,мислам озборувајте бе,ама немојте да бидете толку лоши во тоа Те озборуваат шуш буш гледаат во тебе и пак си продолжуваат,немаат некои луѓе искуство,тактика им фали
Како ги дожиувавате „озборувањата’’ лично за вас од другите? Кажи cigarce навистина, не е до искуството мене ми стои, до нешто друго ќе е . Можеби до глупавоста хм.. Немој да ме гледаш кога ме озборуваш, немој ! Навистина е лошо. Не дека се чувствувам лошо,ама некако многу нападно делува. А за тоа како ги доживувам, би рекла никако, бидејки порано се замарав а сега не.
Како ги дожиувавате „озборувањата’’ лично за вас од другите? Имаше еден случај со една девојка шо покрај тоа шо се дрзна да ме опише физички,каква сум била шо сум била, па и психички успеала да ми нареди разно-разни епитети. Се истрескала така фино пред еден мој близок другар, па детево ми кажа и од тогаш стално ја заебавам онака, не сум и кажала дека знам ама за се нешто ја заебавам. Сите оговараме, ама да си признаам јас ретко кога го правам тоа, и никогаш не сум рекла види ја оваа, или онаа, или како може ова или она, сфаќам дека секој си има право да си прави што си сака со себе, и тоа не е моја работа. Ниту пак било чија. Не можам исто да поднесам муабети од типот : Види ја како се облекла, можела ова со тоа она со тоа, ми се случило и за тоа да ми замерат, сигурно. У секој случај не си ставам многу при срце вакви работи, нели, тој што стварно има став и сака стварно да си каже мислење ќе ти каже тебе, не да кажува импресии за тебе на другите. Убоо е друг да кажуваш каков е, а ко ќе дојде ред за тебе тогаш буцка нешто, буцка на душичката
Како ги дожиувавате „озборувањата’’ лично за вас од другите? Нека озборуваат ако немаат попаметна работа освен да се мешаат и замараат со туѓиот живот и да зборат недолични работи а себеси не се погледнале кои мизерии се уште имаат лице да оговараат некого. Многу пати сум слушнала се и сешто а нема ништо вистина од тоа ,а во некогаш и било точно ама ништо страшно и нормално дека ќе изрегирам некако но неможам на луѓето устата да им ја затворам нека продолжат да оговараат да се замараат со други а не гледаат себеси животот да си го средат. Одамна веќе почнам да ги игнорирам тие "муабети" така да мене ми останува да не се замарам кој што кажал си го живеам животот и не ме интересира ништо повеќе. Каква сум таква сум, таа сум си. Дали се облекувам вака онака или незнам ти како моја работа мој живот како сакам ќе се облекувам и што сакам ќе правам од никого не зависам и на никого немора да му се правдам за ништо и да му објаснувам.
Како ги дожиувавате „озборувањата’’ лично за вас од другите? Ма ич не се замарам,дури си се ладам со нив. Еве годинава кога почнавме нашколо,прва година средно и имав така неколку машки другари,си игравме танго на забавите од школото што ни беа организирани и се вртам ги гледам девојчињава од класов се собрале гледаат накај мене и другаров и нешто шепотат.И после одам на масава и они ми викаат ау ЦИА дечко имаш,и им викам да бе,ехе уште малце една година ќе правиме,многу се сакаме Оговарам да,ама не често,некако досадно и глупо ми е да се замарам шо направила онаа,како,со кој направила,шо сакаат нека си прават,нивни живот,нивно право.
Како ги дожиувавате „озборувањата’’ лично за вас од другите? Се согласувам со сите вас девојки, но таквите го*нојадци ги има насекаде и секако си работат според професијата нели, јадат го*на за секого и сешто, ем неможеш ништо да направиш ем ти е криво што измислуваат за тебе... Но што е - тука е, и јас од сега нема да се замарам.
Како ги дожиувавате „озборувањата’’ лично за вас од другите? Во право си. Сите кажуваме дека нема да се замараме ама сепак пак се замараме нели ? Не јаде нешто одвнатре зашто воопшто некои прости маси се осмелиле да не споменуваат и да бидеме мета на озборувањата
Како ги дожиувавате „озборувањата’’ лично за вас од другите? Јас се нервирам само кога ме озборува некој близок,а за другите не се замарам
Како ги дожиувавате „озборувањата’’ лично за вас од другите? Токму ова сакав да го кажам. Пробуваш да не се замараш, но сепак нешто одвнатре те гризе „Но, зошто баш мене да ме зборуваат како (погрден збор)?“