Е па порано се нервирав,ама сега .....НЕЕЕЕЕ.....Моите блиски ,оние кои ги сакам и знам дека искрено ме сакаат ме познаваат толку добро и имаат доверба во мене што знаат до каде можам да одам и која ми е границата. И да слушнат некој тн.трач нема да поверуваат! А за другите ,воопшто не ми е грижа. Нека си зборат ама што сакаат и колку сакаат.Знам дека им е тешко кога ќе ме видат,знам дека им е тешко што сакаат да дојдат до некои информации за мене и за мојот живот,ама не можам да им помогнам. Нека им биде тешко,а јас пак ќе си останам таква каква што сум и ќе им задавам тешкотии во животот
Јас сум навикната да слушам невистина за мене особено во школо. Ние сме три најдобри другарки и има едно девојче со кое сите три сме смртни непријатлеки. Секој ден си измислува по нешто ново еј филмче си направи девојчето. Ама сепак ние многу многу не ја рецкаме гледаме да ја избегнеме за да не дојде до физички пресметувања иако сме девојчиња бидејќи таа е таква до сега се има испотепано со пола школо. А воедно и со две од нас се има истепано. Слободно можам да кажам дека има психички проблем ама не сакам да коментирам повеќе иако има уште за зборување.
Кога слушам невистини се газам од смеење. Интересно ми е да видам до колку им е развиена фантазијата на некои личности. Значи за невистини воопшто не се нервирам. Се нервирам кога ќе слушнам вистини кои сум ги доверила само на понекои, а тие решиле да споделат со некој друг. Тогаш се вадам од кожа.
Се замарам и тоа многу. Таква сум по природа, осетлива, и во овој случај длабоко се навредувам, а понекогаш и Потоа се обидувам да откријам од каде доаѓа коренот и кој е иницијаторот за невистината.
Паа не се замарам ама и не ми е сеедно. По природа сум таква да се однесувам спрема сите така како што се однесуваат спрема мене али има исклучоци.Не секогаш враќам. Паааа... ги игнорирам сите невистини и трачеви што ке ги слушнам. Причината за тоа е-ако забележат дека се нервираш и се замараш со тоа ке се радуваат дека ја постигнале целта и ке придилжат да зборуваат глупости. Па затоа најубаво е да си седиме на страна, да ги слушаме глупостите на глупачите и да си се смешкаме.
Свашта се прича мало се зна, воопшто не им замерувам на луѓето што немаат свој живот па мешаат прсти во нечии, најблиските знаат која сум и што сум, за другите и не ме интересира.
Мене повеќе не ме интересира кој што мисли за мене, воопшто не се замарам кој што рекол и зошто рекол. Тие што ме знаат ме знаат, тие што не ме знаат да сакале ќе ме запознаеле на овој или оној начин, а не да му веруваат на секого.
рекла-газела ... такви работи не им се замарам нека си зборат како и да е на лагата и се кратки нозете
Искрено и не се замарам луѓе без работа па оговараат. Мене ми се важни мислењата на мајка ми, татко ми, брат ми и дечко ми, а сето останато не го ставам во мојот дневен ред. Такви луѓе одсекогаш имало и ќе има па затоа нека повелат и нека си се сладат и нека сркаат од сопствените лаѓи.
Јас сум овен ,типичен. Пред другите се правам дека ми е гајле ама длабоко во себе се нервирам,но не покажувам пред другите.
Кога ќе слушнам некои невистини многу се нервирам и веднаш избувнувам..во тој момент сакам да дознаам од каде потекнале, па кој би можел да измисли такво нешто, а подоцна ќе испијам едно какао ќе си размислам и смирено продолжувам напред, но со голема ЖАЛ за оној на кој не му е интересен својот живот па се замара режирајќи туѓи животи. Не викам дека не се нервирам длабоко во себе, ама си викам САКАЈ МЕ ИЛИ МРАЗИ МЕ СЕКАКО МИСЛИШ НА МЕНЕ!!!
Воопшто и не мислам, не се трудам да си го замарам мозокт за небитни ствари ... па оној кој нема по паметна работа нека мисли како да ме плукне ... сепак ме знаат каков човек сум,па гајле ми е , си сфиркам јас.
едноставно не се замарам некој немал попаметна работа па земал да вади трач муабети за други без да се погледне самиот/ата себе
Премногу се замарам ако слушнам некои работи за мене кои не се вистина,ме повредува тоа,и се трудам на секој можен начин да докажам дека лагите кои се шират не се вистина.Некогаш успева некогаш не -Зарем толку луѓето немаат некоја попаметна работа што шираат лаги за други, се со цел да им се наштети
Кога ќе слушнам дека некој кажал нешто за мене ама тоа го кажал некој мој близок одма го прашувам ако сум нервозна избувнувам ако сум смирена смирено зборувам да дознаам што се случило.А ако е некој подалечен не се замарам.
Јас лично не реагирам на такви глупости, бидејки знам дека се невистинити, и блиските дома и моите пријатели знаат дека е лага, така да не се замарам многу многу
Ма ич не ги резбарам.Кој што сака нека дрнда ич не ми е гајле. Тоа го прават луѓе што си немаат работа...
Не сум слушнала зошто пробувам да ги затнам ушите-воопшто не ги слушам затоа што не сакам да ги слушам,и воопшто не ме повредуваат зошто се НЕВИСТИНИ НЕЛИ?