Не сум слушнала некои големи невистини за озбилни работи,туку онака за глупост некоја ... само ке си се насмеам бидејки не ме допира нешто што знам дека не е точно,не се замарам кога мојата совест си е чиста
Кога ке слушнам невистина,длабоко во себе вријам а пред луѓето само ќе кажам: повеќе среќа следниот пат со боље информации и едноставно на игнор ги ставам
Кога слушам невистини за мене тогаш знам дека сум чекор пред нив и дека сум им само обично тема за озборување. Невистините ги имало и ќе ги има. Никогаш не можеме да ги спречиме.
Кога слушам дека некој кажувал невистини за мене многу се изнервирам во моментот ама кога си помислам кој го кажувал тоа не се замарам
Косата ми се дига! Ме видоа од почеток мирно девојче, почнаа да зборуваат. Им покажав заби, и почнав за секој да зборувам! Сеа пак, со толку има одено, со вакви се дружи, со тој идела, дома се карале.. Само да се збори бе!
Колку и да се нервирам секогаш ќе постојат такви што измислуваат секакви глупости, моментално слушам некои празни муабети за мене и само јас знам дека тоа не е вистина но сепак се нервирам за тоа едноставно таква сум и таква и ќе бидам.
Се почесто и почесто почнаа со тие „невистини“ и мислам дека донекаде тоа мора да има и крај. Што е премногу некогаш е премногу! Секој има прватност и си живее како сака а тие работи ни малку не ги оправдувам. КОга и да слушнам такво нешто само игнорирам се трудам да не се грижам повеќе но длабоко во мене се нервирам поради таквите работи. Не дека живот од тоа ми се мења ама сепак многу грдо е така
Јас им викам „Не туку кажувај лаги за мене оти ако јас ја кажам вистината за тебе сите на газ ќе паднат!“. И не и викам на само туку пред сите викам
Па сеа зависи какви невистини , ако се некои добри за мене , ќе ги прифатиме и прошириме низ маааалооо ако се лоши , ќе се насмееме и тие ќе ги прифатиме
Што се невистини кажале за мене,ама од тоа што го кажуваат ни в од вистина ја нема. Можат само да зборат,тој што ме познава нема да им верува на такви бедни луѓе
не обрнувам внимание на такви работи но последниот пат стварно ме изнервира...колешка на дечко ми од факс( не се ни знаевме јас и таа а и тоа беше на почеток на прва год на факс) му кажувала на дечко ми cheetah girl вака cheetah girl така.. -.- незнам која и беше целта и што сакаше да направи( дали да не скара или слично) но не и успеа! кога измислуваат лаги за другите очигледно нивниот сопствен живот им е многу досаден
воопшто не се замарам а ако навистина ми значи нештото ке ставам орелски нокти и ке го докажам спротивното дека тоа не е вистина,мада во глобала не се ни интересирам што збореле и како збореле абе и онака си имам свои проблеми па уште да се замарам и кој што кажал нека си зборат ако немат друга работа ЗАД ДОБАР КОЊ ПРАШИНА СЕ КРЕВА