Значи пукам од нервози!!Абе од такт ме вадат тие оговарања.И стварноми е и мене глупо што правам така,ама то е то Навистина сакам да бидам од оние луѓе кои не ги интересира што другите зборуваат за нив ама неможам.Ете таква сум
... .....правата вистина за нас ја знаеме само ние самите и никој ама никој нема право да суди за нас... одсекогаш сум била свесна дека сите под ова небо сме различни и не сме исти така да постојат луѓе со свои мисли и погледи на другите.....на луѓето не можеме да им ја затвориме устата,и никогаш да им докажеме ова или она...едноставно тоа им е во крвта....да се занимаваат со туѓи приказни и животи а на сметка на тоа,своите да ги запоставуваат...да,до сега сум слушнала многу невистини за мене,и само со насмевка одмавнувам со раката,не се трудам да побијам ова или она што е кажано за мене....немам намера да се правдам за мене на друг......јас само пред себе си и господа си одговарам за моите постапки...не ми е гајле ама воопшто за муабети...за среќа така ги воспитав и моите деца,така да како да одскокнуваме во нашата околина и дури се чудат зошто не оговараме,гледаме како друг ова или она прави и сл глупости....пресреќна сум со моите најблиски и секогаш трошам енергија и време на нив а не на други... .
Поради тоа што тие невистини доаѓаат и ги шират небитни лица кои воопшто не ми значат - само се смеам
Пффф... јас да Ви кажам, некогаш па и обожаааааааааавам трачарења. Дознавам работи за себе кои ни јас не ги знам ... ма ништо од тоа не зеам при срце, луѓето секогаш ќе си зборат и секогаш ќе веруваат во тоа шо сакаат да веруваат!
Дека се нервирам се нервирам. Ама и не го покажувам тоа. Се правам дека не ми е гајле. И така озборувањето кратко трае.
Па слушам и ќе слушам не можам на сите да им затворам устата кој сака нека зборува за мене нека го искажува тоа што го мачи у стомакот али интересно е и чудно кога слушаш нешто за тебе а ти немаш поима
Прво се стаписувам, па се збунувам, занемувам, па потоа едноставно ќе речам Не е вистини, ќе ги гледам со „зачуден потсмев“ ако ме разбират.. Ќе се свртам и ќе продолжам, после пооолека ќе се завртам и ќе пратам еден убиствен поглед на оној кој зборел и главата горе.. а после некое време се одбаздувам, но не на ист начин..
Пукам од нервоза и ми иде да ги задавам тие личности но сепак останувам смирена и бројам до три и си велам не вреди зарадти такви личности животот да си го упропастиш и се смирувам пополека
Веќе сум навикната .За жал многу рано се соочив со слушање невистини за себе , уште во основно и тогаш многу се тревожев и не ми беше јасно како можат на невидено и нечуено луѓе да зборуваат и сакав да му докажам на светот дека тоа не е точно , ме револтираше целата ситуација . Сега само си се смеам , што се не сум се изнаслушала , ама мирна ми е мене совеста , а оние што измислуваат ги жалам , не е лесно да си искомплексиран , да се осеќаш помалку вреден и да не си среќен и се разбира да не ти се дешава ништо интересно у животот
Порано не се ни обидував да објаснам зошто сметав дека објаснуваат само тие кои се виновни, потоа почнав со кратко објаснување зошто, од прости причини што сакам да им е криво зошто верувале во лагата и потоа еден мој пријател повторно ми ги отвори очите велејќи „Остави ги нека умрат глупи.“ и од тогаш не ме засега што зборуваат. Нивна работа, ако немаат попаметна работа нека шират невистини за мене, важно мене ќе ми е мирна душата знаејќи ја вистината.
Порано на секој начин пробував да се оправдам,да докажам дека не е вистина и сл. Ама што било порано - во минато е,сега ич не ме боли што зборуваат па нек зброуваат енивеј тоа е невистина.НЕма ваљда да си го упропастувам жживотот заради некои кучки (најобично таквите оговараат)
Ако треба да реагирам на вакви моменти,што би правела кога нешто длабоко ќе ме повреди поврзано со мојот живот Секако дека на блабатање од овој тип не би се трудела да објаснувам Важно ми е да ме исполнува тоа што го правам,животот е еден и не би сакала да се оптоварувам со исповеди пред другите. А знам дека токму љубопитните имаат темна дамка во биографијата,па копаат и таму каде што неизмерно посакуваат да пронајдат нешто,секако водени од замислата за личноста што им пречи
Во последно време дури ме гледаат и кај што не сум била никогаш и ме гледаат со личности кои воопшто не сум ги видела. Се навикнав на тоа, не се замарам веќе, уште тоа ми фали. Порано многу се нервирав за тоа, се замарав, пробував да објаснам, да се оправдам на секој начин, ама сега веќе не. Не ме интересира веќе, глава нека кршат. Мене мирна ми е совеста, доволно ми е што знам дека тоа не е така...Си имаат некој проблем со себе луѓево, тоа е...
Никогаш не се замарам затоа што другите зборуваат некои работи за мене кои воопште не ни ги знаат.Го знаат само името и прзимето а мислат дека знаат се...ама дојди такво време каде што лугето не гледаат за нив туку се мешаат во животот на другите...сепак тие само и то го можатт................
Постојано. Не се замарам повеќе. Сеедно ми е, што сакаат нека кажат. Се знае дека се е лага. Криво ми е тоа што најдобрата другарка поверува на една невистина за мене, после тоа се скаравме. Но сега сме океј повторно.