1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога чекаат на вас за помош на тест/испрашување

Дискусија во 'Образование' започната од Strumfeta93, 21 декември 2010.

  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Дали ви се случува кога имате испрашување или тест дома седите учите, го исклучувате компјутерот и се посветувате на книгата, а вашите другарки т.е. школски ви велат ,,Eх кој сега ќе учи, ќе си седам на фб и така не можам ништо да научам" дрн дрн и секакви оправдувања само за да не ја отворат книгата.

    Утредента пред часот ти си повторуваш, а нив ѓи фаќа паника ,,Леле да кажуваш не знам ништо,, бла бла и кога ќе дојде ред на мира да си го пишуваш тестот тие те довикуваат, боцкаат и ти го одвлекуваат вниманието. И како да не им поткажеш кога веќе знаеш, а и сакаш да те остават на мира.

    Или пак кога ги прашуваат им дошепнуваш и те опоменуваат. Ако не им кажеш потоа се лутат и ти замеруваат. Имам една напорна другарка што воопшто не сака да учи. Книга не отворила ми се чини од 5то одделение. Си седи по цел ден на фб и не се замара(мислам со учење а со други глупости ги има еден куп). Сигурно сум научила, па ќе и кажам утре. И кога доаѓа ред да се стават оцени и двете си добиеме иста оцена, едната добиена со голем труд а другата со никаков. И ајде има ли правда, треба ли да се помага на таквите ученици (сепак другарки најдобри). Преку глава ми доаѓа, служиш како мемориска картичка. Косата ми се крева кога доаѓаат таквите часови, ми се чини ќе полудам. Можеби не требаше тема да отворам за ова, но сакам да прочитам ваши искуства и мислења. Ако темата не поттикнува дискусија од мене одобрен е клучот :*
     
    На palavoto.devojce и lovely-pretty-girl им се допаѓа ова.
  2. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    И мене ми се десило да не бидам спремна за колоквиум, па да седнам до или позади некој што знае, но никогаш не сум била толку напорна ко што знае некој да биде, едноставно знам како е да седиш по цел ден дома и да учиш, а некој да шета по цел ден и после од тебе да зависи :envy: Бидејќи ти е другарка/ки ќе им кажеш дека ти не можеш да им служиш како мемориска, треба да сфатат дека нема да можеш цел живот да им помагаш. Секој може да седне и да научи доколку сака, но таа пуста мрза не дозволува, барем кај мене :$
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш сум кажувала. Гледам да напишам за мене, ама не ми дава срце да не поткажам.
    И јас сум се нашла во ситуација да не знам, па да се распрашувам наоколу и знам како е некој да ти сврти глава, а имал можност да ти каже нешто што би ти помогнало да го поминеш тестот.

    Ама на крајот да знаеш дека секогаш излегува на виделина кој го има знаењето. За тоа да не се секираш. Ти ќе бидеш таа што кога ќе се запише на факултет нема да биде како падната од Марс, а башка да не ја спомнувам навиката за учење. Таквите ученици, како во твојов случај што не се замараат, не поминуваат добро. ;)
     
    На Hayley, Independent.girl и sesilija им се допаѓа ова.
  4. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Колку пати ми се има случено тоа не паметам више |( . Такви другарки имам 2-3. Секој тест да им кажуваш, а дома не можеле да повторат. Цело време кажи ова ај плс уште ова, а на крај скоро цел тест да им го кажеш. Па јас не сум дојдена ваш тест да решавам :!: .Преку глава ми е од тие работи, ама се ај да не се замериш, да не се налутат, ама еден ден ќе ми пукне филмот и нема да биде на арно! :!: :lol:
     
  5. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168
    Немој да се секираш за тоа кој со колкав труд ги добил оцените, ти гледај си да си го тераш својот живот и да си успееш, а ако вложуваш труд како што викаш тогаш тоа сигирно ќе ти се исплати. Тие што се влечат на туѓ труд, ќе заглават кога-тогаш.
    Инаку што се однесува до деконцентрирањето, знам како ти е. Ти се обидуваш да напишеш нешто, а само името си го слушаш од 5 места во училница. Така ќе им кажеш на другарките уште пред тест, дека ќе им кажуваш откако ќе го напишеш својот тест, па после ако треба и цел реши им го.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Да да, свесна сум за факултет и кој како ќе помине, но како што вели Тенисбејб скоро цел тест да им го кажеш, е па колку и да знам не ми се поткажува. За оценките криво ми е ептен. Ми се случувало да не знам и ептен во краен случај да прашам некој и сакам да кажам и да помогнам на некој што учел, а навистина нешто не знае. Но некој само на тебе да си чека е па ми иде во момент да убијам некого. Те третира како будала. Па седни прочитај барем еднаш да имаш претстава барем за што се зборува, а од збор до збор да цитирам, долемо време ми одзема. Најмногу ќе се исќефам кога професор/ката ќе ме премести (бидејќи сум од подобрите ученици, па да не поткажувам) да седам сама во клупа, ехх.. раат си терам.
     
    На palavoto.devojce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Секогаш сум учеле никогаш не сум чекала да препишам од некого и ден денес на магистерскиве има такви што ништо не фатиле да прочитаат, а особено оние мамини и татини миленичиња, размзени деца претеруваат со тоа дај да препишам или кажи па кажи. Не дека не им давам да препишат или не им кажувам ама понекогаш од такт ме вадат и ништо не кажувам и недавам да препишуваат, јас сум седела до 5 сабајле да учам, а тие си спиеле и дошле со цел да препишат. После излегувал неписмен кадар, епа? :devil:
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Па не дека знам се и дека секогаш се учам за тест . Едино јазиците што ми одат . Годинава сум во нов клас и правевме англиски тест и другаркава вика на сред тест ајде да ги смениме да ми го напишеш :^) Јас ни 2 ни 3 одење во последна клупа . Да ти го напишам? А тој ден дознав дека зборела за мене во школо . И вчера ме изнервира многу ама премногу . Правиме италијански тест во понеделник и јас овде јавно ќе кажам дека што и да ме праша јас грешно ќе и кажам .
    Многу мразам така кога ме искористуваат . Златце , сонценце само кога им требаш за нешто . Крај краева ако не ти одат јазици , ајде гитла на математички смер . Мене никој нит ми помогнал , нит ми го напишал цел тест .
    Со еден другар лани на тест .. ме прашува имаш ова ? викам не а ти ? вика па кажи ти нешто па јас ќе ти кажам :D Многу фер , ти мене јас тебе :lol:
    За таа горе што кажував ако сакате мислете дека сум лоша ама од почетокот ме потценува , ме омаловажува . Не се карам , ама ќе и вратам ;)
     
  9. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    125
    Ова најмногу ме нервира, особено од личности кои никаде ги нема и доаѓаат само да седат околу тебе кога имаат корист да им поткажуваш. Уфффффф, колку ли пати се имам нервирано на оваа тема, ама јас па едно такво што сум, и да не го знам некој му кажувам, на сите и кажував уште од основно, колку пати и единици во дневник сум добивала за поткажувања :@ . Јас си учам и искрено ретки се биле ситуациите кога не сум знаела и сум барала помош, секогаш сама се обидувам да напишам нешто е сега ако не можам може да прашам некој, ама без напорност :) . сега, на факултет искрено не се замарам толку со сите, бидејќи сме поголема група, па може да кажам само на некој ако ептен си живеам, останатите користољубиви колеги ги игнорирам :rofl:
     
  10. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас немам ништо против тоа, сум се нашла и во двете ситуации.....и да препишам и да поткажам (искрено радо поткажувам). Зошто да не поткажеш ако можеш, биди кул докажи дека даваш помош и дека не завидуваш........Верувај твоето знаење ќе излезе на површина :) , преписот трае неколку минути, а знаењето ќе ти остане ;)
    Ако дадеш да препишат, другарките ќе ти бидат благодарни, а сепак нема да го украдат твоето знаење ;)
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Фби во право си, поткажи на некој кој навистина му треба твојата помош во одредени ситуации, но не и некој што те искористува и веќе му преминало во навика да чека од тебе. Ќе ти биде смачено. Тоа океј дека знаењето ќе ти остане, но некој да те деконцентрира па и да биде виновен што ќе добиеш пониска оцена, е тоа не го оправдувам. Потоа се жали ќе добие казна од дома, епа заслужена ќе биде. Ништо во животот не е лесно, пушти Боже одозгора јас долу само ќе чекам. Седни научи и не ги замарај тие околу тебе.
     
    На palavoto.devojce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
    Ако тоа толку те нервира кажи им само на мира да те остават да си го решиш тестот, дека така побрзо ќе го решиш, па ќе имаш време да им помогнеш. Или ако ти досаѓаат нема ич да им помагаш.
    Бори се малку за себе, не дозволувај да те јадат на таков начин.
     
  13. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Тоа е веќе друг муабет, мислам дека си се поставила премногу меко со таа твоја другарка !!! Биди малку построга, па дури кажи и се што мислиш ;) Ах сум била сведок на многу такви примери, само што биди храбра и уште пред тестот извести ги дека нема да препишуваат од тебе ....... :*
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Сум кажувала секогаш кога сум имала можност. Ме гњавеле неколку пати, ама после ги научив вака: Остајте ме прво да си го решам тестот, па ако имам време ќе ви кажам ок? Ок.
    Пак гњавеа, ама помалку.
    Лелеее а еднаш во средно ги пишував одговорите по англиски на една огромна гума која прошета по неколку клупи и професорката ја фати :tmi: . Ама не ме казни за среќа. На тестот добив 5, а на гумата ми напиша огромен црвен 1 и ми ја врати :lol: .
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ехее не само за на тест! Еве ние на факултет работиме секојдневно вежби со реченици и на госпоѓите им било мака сами дома да си ги решаваат вежбите, па ајде дај дај да препишам. Особено една има, абе стално ме лови со поглед за да седне до мене, па во последно време гледам да ја избегнувам и да седнам на друга страна. Иначе кога знам - кажувам, не ми е проблем. Само ги замолувам да ме остават прво мојот тест да си го решам. После тоа нема никаков проблем. Од секогаш сум била таква, уште од основно и искрено немам срце ако знам да не кажам некому (се разбира некој што заслужил) затоа што (како што кажа Реинбоу) знам како е кога ќе ти ја свртат главата, а знаат.
     
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.305
    Mногу се јадам кога знам нешто а нема да му кажам на некој на тест. ( Ова важи за тие што навистина учеле и заслужиле да им кажам, и од збунетост подзаборавиле нешто! ) Ама ич не сум снаодлива. Ни за препишување ни за поткажување. :lol: Прво, зашто еден единствен збор ќе ми рече и одма ме деконцентрира и се заборавам што сум сакала да напишам :fubar: Второ, многу ми е страв да не ме фати наставничката и затоа ни препишувам ни поткажувам. Ако ептен ме замараат ќе им кажам еден збор и овие уште па што, што и ме клоцаат под клупа! Еејј, кога ќе им станаам! :@ А, па еден кецаш од мое одделение порано, сега среќа не ни се наместени така клупите, на тестови се гледаше да препише од мене, да му кажам. Значи дете, си решавам тест, ме деконцентрираш, не туку ме буткај со тоа лактот и само ејј, ејј, сс, сс, како е ова, како е она?! Па што не си научил бе? Туку си доаѓаш у школо и чекаш на мене? И ем заради тоа, ем зашто ич не сум снаодлива со поткажување, никогаш не сум му била од голема помош, а богами и на други. :lol: Ама ако, така им е. А мене најлесно ми е да им поткажувам на другарките кога се на табла, зашто тогаш наставникот/та незнам зашто ама упорно цело време гледа во нив, а они се вртат кон мене и јас се им шепкам, среќа што ме разбираат.. Јас ништо не би разбрала, ко што сум глува целата.-.- :lol:
     
  17. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
  18. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Ахх, многу добро ми се познати таквите, значи нема ништо друго што го мразам повеќе од такви напасти..
    те молат да им поткажеш "Леле ништо незнам кажувај ми те молам!" Кога им требаш се другарки, фини, а утре не постоиш за нив.
    Порано секогаш им поткажував затоа што едноставно не ми даваше срцето да им речам не, ама добро ги научив некои и сега не ги рецкам повеќе, како што сум можела јас да седнам и да научам можеле и тие, не ме интересира!
    :!:
     
  19. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Мене многу ме нервира кога ме гледаат дека се потам, се мачам да напишам, да се потсетам и уште те буцкаат од сите страни кажи, кажи. Абе чекај човече ме деконцентрираш да напишам ќе ти кажам, не се секирај. :fubar:

    Или пак што имам една колешка, абе стои професорката пред мене и објаснува нешто таа се врти и ме прашува да и кажам прашање со одговор долг пола страна. И сега јас и викам чекај малку. А таа упорно се врти вика, абе ајде седмото седмото.

    Затоа го решавам колоквиумот и одма излегувам. Во ред е да му кажам некогаш ако знам, но доколку не ме кошта ништо. Па и неразбрани се . Ако можам ќе им кажам, ако не не. Еднаш така заради истата колешка ме избркаа од колоквиум. И тогаш што. Затоа кога седнувам седнувам понастрана од тие таквите. Па нека се лутат ако сакаат. :x
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Јас искрено многу се нервирам така кога ме прашува на тест другарка ми ..
    Не ми е проблем да и кажам кога знам дека и е тежок тој предмет и не може убаво да научи, а се труди ..
    Пред тестот секогаш и викам остај ме мојот да го решам прво после тебе ќе ти кажувам и таа уште не сум го решила првото прашање ме прашува. |(
    Или ме прашува, а професорката мене ме гледа -.-'
    И после ако сум и го згрешила одговорот НЕНАМЕРНО ќе ме криви мене, ќе ми вика не сакаше да ми кажеш точно да не добијам поголема оценка од тебе .. :@