1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога чекаат на вас за помош на тест/испрашување

Дискусија во 'Образование' започната од Strumfeta93, 21 декември 2010.

  1. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Отсекогаш сум поткажувала на тестови и испрашувања, но само на оние кои навистина го заслужиле тоа. Не поднесувам личности на кои им требам само 45 минути неколку пати во годината и обично избегнувам контакт со такви. И јас сум била во ситуација кога сум била неспремна за тест, па ми поткажале, но сепак јас не сум од оние кои замараат и не ги оставаат другите да си го решат тестот. А ако некој ви се лути бидејки не сте му кажале НЕ СЕ ЗАМАРАЈТЕ ;)
     
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Ауф што имам една другарка... Сите што седат до неа се испоклоцани (буквално ). Кога ќе стане да одговара, а не знае, за да и поткажат ги клоца под клупа со нозете ... Освен во некој краен случај ретко и кажуваат. Иначе поткажувам, а и ми поткажуваат. :$
    Ама мразам кога некој ме лаже дека го нема прашањето или се прави дека пишува. :@
    Барем искрено нека каже : Нема да ти кажам и крај.

    Еден тест од поткажување го извадив 5ка, ама еден надевајки се на поткажување го извадив 3. Така да како ќе ви се погоди. :!:
    Кога најмалку се надеваш тогаш ќе ти поткажат ( најзнајачите ), а со другарките секојдневно си поткажуваме, ама тоа не се важи. :P
     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.148
    Секогаш сум кажувала. И сега на испити кога можам помагам. Сметам дека така не ми го земаат знаењето. =)
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Не ми е проблем да кажам ако можам и знам, ама кога се без усул и тебе не те оставаат прво да си напишеш, туку само те деконцентрираат е тогаш збеснувам, па ми иде и погрешно да кажам :D Откога ќе средам за себе, не ми е проблем, ее по цели задачи сум решавала и сум диктирала теорија.
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Е веќе чекаат ќе дочекат. Така квалитетно се имам зезнато неколку пати, ама тоа е кога се прави човек мн паметен и фин, кога сака да помогне .. Што ми е најмногу мака сум се зезнала за луѓе кои подоцна сум сфатила дека воопшто не вредат.
    На колеги кои ми се блиски, за кои знам дека вреди никогаш не се штедам, кажувам, подавам ливчиња, како знам и умеам помагам, но само на оние кои се вистински пријатели.
     
  6. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Многу често ми се случува ова, посебно за време на тестови. Кога можам, кажувам на сите и поради тоа “се тепаат“ кој да седне до мене на тест. Не ми пречи да кажам, на нив ќе им помогнам во моментот, па ако се тие доволно совесни и одговорни, ќе научат. Ако не, на нивна штета е, не моја.

    Многу ме нервира кога некој веднаш штом ни ги дадат тестовите ќе ме праша “Абе, абе, абе првото како е?“ Океј, ќе ти кажам, чекај за мене да си решам прво. Имам еден другар, ама буквално на мир не те остава да решаваш. За тестот ликовно само ме буцкаше и клоцаше одпозади за да се свртам да му кажам, а гледаше дека јас само едно прашање имам одговорено. |(

    Исто така, се нервирам и кога знам дека некој цел ден се шетал, се шлаел по улици и книхата не ја допрел, а бара помош. Но кога знам дека некој учел, но не можел да запомни или едноставно се блокирал пред писмена, не ми пречи да поткажам. Па добро, луѓе сме, на секој може да му се случи.

    Сум се нашла во ситуации кога мене требало да ми се поткаже, но многу ретко сум добивала повратен одговор. Тоа е трагичното - ти ќе поткажеш и после кој те ферма, како да не постоиш. :@

    Единствено на сестра ми и поткажувам ако и треба помош ПРЕД да го решам мојот тест. Криво ми е да добие помала оценка поради мене, а сум имала шанса да и помогнам. :)
     
  7. EffyPink

    EffyPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    12
    Уф стварно се некат досадни.. Имам една другарка, редовно се паѓаме иста група и како ме нервира кога размислувам за некое прашање и ќе ми рече ај кажи ми го. Па чекај бре глеаш дека за мене не знам да го напишам.. Или во тек на час коа ќе има некое рандом прашање.. Еј еј како е, па да знаев ќе кренев и јас рака! :@
     
  8. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Некогаш ако знам поткажувам :) ама тоа баш и не ми се допаѓа бидејки јас сум можела цела тема да ја учам и главата да ме боли :@ а некој едноставно ништо нема да научат и од други што ќе им кажат ќе извадат поголема оценка од оние кои цело време учат :@ бидејки се збуниле од многу учење...Така да поткажувам многу ретко и тоа само на оние кои мислам дека се трудат да дојдат до одредена оценка ама се збунуват а на оне кои не фаќат книга нема шанси!! :clap: :D
     
  9. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Секогаш кога знам им поткажувам на тие околу мене. Ама некогаш стварно знаат да бидат напорни. Јас почнам да решавам и одеднаш некој ме глоѓа од позади со пенкалото или ме бутка по столот или тој до мене што седи зашто седиме по броеви не како сакаме ме бутка, шепоти само, и?!?! тоа што сум планирала да го напишам виснало во воздух.

    Еднаш стварно се изнервирав :@ и пред тест убаво им реков ме деконцентрирате и да сакам да ви кажам не можам, остајте ме да напишам после ќе видиме кој кому ќе му поткаже а вие прво пишувате што знаете.

    Пред некој ден пак ми вели една сокласничка, реши си ги твоите задачи после на друг лист моите ако сме во иста група и потпиши ме мене. Молам? :fubar: сигурно! МОрав да и` кажам дека не можам, можам да и` поткажам за некое поенче плус да добие а цел тест да и` напишам додека она си се шета а јас решавам дома, аха.
     
  10. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Леле колку ме нервира ова, ми иде да земам сите да ги испоколам околу мене. Во клас јас сум најдобра по англиски, и сите до еден мислат дека можат да ме користат кога се прави некој тест. Имав порано едно две "другарки", кои секогаш пред тест англиски, онака нападно демек ќе ме испотепаат, ми се дереа да седам до нив на часот и да им кажувам, или ќе ми кажат "немој да си каснела утре на англиски тешко тебе"(јас за инат секогаш каснев, ќе си дојдев на последни 15 минути, ќе си го решев тестот и ајде чао). Го трпев тоа некое време, се дур не ми пукна филмот. Си седнав јас на прва клупа, кој фати место до мене фати, кој не је*ига. И ете ти ги двете кокошки буквално ми се дерат од позади ДОАЃАЈ ВАМУ ПОДХИТНО КАКО ЗНАЕШ И УМЕЕШ. Јас само се свртев ги погледнав и си продолжив да си решавам.
    И не само по англиски, кога и да има некој тест сите ме сакаат и сите ме молат. Порано дозволував, ама се освестив, па не сум ја будала да дремам дома да учам, некој ќе си ужива и после оп, 4 и 5 сакаат.
    Сега кој и да ме праша им го кажувам тоа, па можат да молат колку сакаат. Јас ако немам научено никој нема да мрдне со мал прст да ми каже. Идиоти.
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Да бе, јас не можам тогаш на себе да си помогнам не па на некој друг. Нека се лутат до утре сите. Никој не ризикувал за мене...шо сум ја, Мајка Тереза? :lol: :devil:
     
  12. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Јас по 4 теста англиски секогаш решавав: мојот, на тој до мене и на тие зад мене. Им кажував - дури не го решам мојот тест нејќам глас да слушнам. Тоа го почитуваа и обично за 15 мин завршував со мојот па си ги менувавме. Ама сум го правела тоа зошто ми се другари и ти го ценат тоа и нормално и тие ќе ти се најдат по некој предмет.
    Сега на факултет има такви што по ходник муабет не ти прават, а кога ќе полагаме пред тебе зад тебе се и колешке јас до тебе зад тебе да ми кажуваш и јас само си се смешкам и секако нема кажување - нејќам да наебам за Никој.
     
  13. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Сум се нашла и во двете ситуации, ама многу почесто јас поткажувам. Ич не ми е тешко, само имам проблем со контрола на гласот, па дури и кога шепотам, пак сум гласна :lol: Па затоа најубаво заврти го тестот накај тој што не знае и нека препишува колку му душа сака :) А инаку, јас до сега секогаш сум чекала усно да ми кажат некое прашање, бидејќи не гледам убаво, видот ми е слаб :D И се нервирам кога некој ќе ми го сврти тестот накај мене, а јас пуста ништо не гледам и немам начин како да го кажам тоа :lol: Само еднаш успеав да познаам што има решено еден колега кој седеше позади мене, ама заради тоа што полагавме во предавална, бевме залепени до зид и можев комотно целосно да се подадам наназад :D Колегата не го ни знаев. Полагавме менаџмент. Ама пусти малер јас, се вртам еднаш, гледам прашањата различно одговорени од моите. Прашања за кои јас бев сигурна дека ми се точни. И разочарано си заклучив дека колегава не ми е баш сигурен за да препишувам од него. И ај си викам, барем јас да помогнам, го настранив мојот тест за да може тој да гледа. И на крај, гревниот, веќе готов со решавање на тестот, ме прашува: “Може да одам, или ако сакаш уште да гледаш, да останам?“ :rofl:
    На сета мака едно смеење кога ме фати :rofl: Ама се воздржав и само му реков: “Оди“ :lol:
     
  14. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Сум се нашла и во двете ситуации. Сум била и јас таа што помагала на тестови, но и јас сум барала помош од други. Мислам дека во поткажувањето на тест или испрашување нема ништо лошо напротив на некого му помагате да се извлече, но секако во границите на нормалата. Секој може нешто да подзаборави на тест, што е нормално, а и на вас може да ви се случи тоа и вие ќе побарате помош од друг, така што никогаш не треба да одбивате на некого да му помогнете, секако дека пред тоа си гледате за себе.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    секад помагам колку можам и знам, ако знам зашто да не помогнам бе??? мрзам такви подмукли, се знаат, ама за инат бе, ете за инат нема да ти каже, имам една таква дури и со рака крие да не видиш! јао молим те, немора да криеш со рака, стави си го стомакот на маса, и ништо нема да се глеа :devil: мрзам такви бре! за мене тоа се подмукли створења и крај! не зборам за тие што навистина ништо не знаат, и затоа не кажуваат, него за оние што знаат и не кажуваат! чим сум успеала да прашам кажи ми тоа и тоа...значи не сме кај строг професор, нели? ;) ама ајде тоа е! господ и дал памет, ама ништо друго не и дал! плус, ни памет не и дал де, препишуваше од ливчиња( не и беше учено)
    ама баш ми е гајле! а оние послабите студенти, секогаш, ама секогашшшшшш ми помагаат, ливчиња, книги ми фрлаат! срцки се, затоа и јас на нив колку можам им помагам, материјал им праќам на меил (зашто сум вонредно, па ми праќаат професорите, и на крај на пораката пишува, немој да праќаш на редовни) ама ако, коа ми помогнале, и јас ќе им помогнам
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Не чекам да ми поткажат, туку јас сум таа што поткажува. Но, не секогаш. Често глумам дека не слушам, дека гледам во професорот/ката дали тој/таа гледа на кај мене (а тогаш најчесто тој/таа ќе погледне во мене и ете, не можам да кажам хехе) или велам дека не знам.
    Ако некогаш не сум сигурна дека се ќе запомнам од лекцијата, лифче и пенкалце до мене и си пишувам. Потоа си ги спремам и си препишувам.
    Многу сакам кога некој ќе ме праша нешто, ама ми вели ако нешто не знаеш прашај ме. Јас тебе, ти мене! Ферски.
    А снобови кои те сакаат најмногу на свет дури да помине тестот, а потоа кој те е*е мразам. Не ги ни сметам за другари/ки!
     
  17. number1

    number1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    па нема ништо чудно тука, нормално е вистинските пријатели меѓусебно да си помагаат ;)
     
  18. AnnaSSnape21

    AnnaSSnape21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2009
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Многу од нас имале или како мене се уште имаат такво искуство. Колку сакаат нека се лутат јас не кажувам на испит :@ :!: .Ретко се тие исклучоци кога ќе му кажам на некого затоа што знам дека на тој колега/таа колешка стварно учи и едноставно нешто му се десило во моментот па не му текнува или не можел да научи. :!: Иначе и јас сум се нашла во такви ситуации, па ги знаете оние муабети од оној тип еј абе не се секирај ќе ти кажувам и на крај ништо (ке те зезнат). Така да оттогаш си решив да не кажувам на никого, се лутеле или не.
     
  19. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Јас сум одлична ученичка....и секогаш учам, никогаш не одам не подготвена, некогаш ми се случува да се збунам од многу учење, ама така да не научам ништо и да чекам некој се да ми каже не можам, а и мене ми се случува многу често кога испршуваат или правиме тест се да се вртат на кај мене да им кажам. и ќе им кажам бидејќи некој ти се налути ако не кажеш.....ама мислам дека тоа е голема грешка се да чекаш на некој, бидејќи никој нема цел живот да оди по тебе и да те спасува. Тој што си наичил ќе си знае и секогаш ќе се снајде, а тој што не научил ќе си остане глупав и сите ке го џиткаат :D
     
  20. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Најчесто секогаш сум подготвена, но некогаш кога нешто не сум можела да запамтам(се случува, луѓе сме) седам до најдобриот ученик на училиште, така да се снаоѓам некако :D