1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога чекаат на вас за помош на тест/испрашување

Дискусија во 'Образование' започната од Strumfeta93, 21 декември 2010.

  1. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    сум се нашла и во двете ситуации,иако во последно повеке практикувам препишување :D имам испробано секакви тактики ,и да не се заречам до сега само еднаш ме фатиле :angel: иначе секогаш му кажувам на другите,и да имам научено и да немам...ако немам ке им дадам од моите ливчиња :)се имаме и менувано со тестови и му имам решавано,ама тоа беше кога не препишував :D сакам да им помагам на лугето во секакви ситуации и не ми претставува проблем да им кажам дел од моето знаење или незнаење :D никогаш во животот учењето и препишувањето не ми претставувало основа за љубомора :) работата е -снајди се ,па живеј ;)
     
  2. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Редовно си учам и немам проблем, а кога доаѓа испрашување или тест, околу мене се собира одделението :D . Му поткажувам и на тетсови и на испрашувања и немам ништо против, ама има некои досадни, никогаш не учат. И на крај многу се нервирам кога некој што не заслужува ќе добие иста оцена како мојата (пак со моја заслуга). Ама за тоа сама сум си крива. Но, како да ги одбиеш и да се направиш наудрен кога ти го знаеш прашањето, а го гледаш тој целиот се препотува, гризе усни, крши прсти .. :D Не се плашам дека ако на некој не му кажам и ќе ми се налути, туку им кажувам од што сакам да им помогнам.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Немам чекано на друг никогаш во животот.И нема ни да чекам.Но едно со сигурност знаам колку и да учиме и да си ја маваме главата од ѕид секогаш оние кои препишуваат ќе имаат исти и повисоки оценки од нас.Во државата наша образованието е не фер.Деца на директори и на угледни лица имаат повисоки оценки иако ние "обичните смртници" учиме по 4 саати на ден,да не зборувам пред тест колку треба време.Искрено кога ќе ме прашаат на тест некои од соучениците молчам.Се правам како да не ги слушам,ги игнорирам.На тест гледам само за себе.Можеби е себично од моја страна но после цела вечер учење а некој книга не фатил и бара да му кажам е не му кажувам што сака нека е.Нека ми се лутат колку можат да се лутат,еден ден,еден месец па и цела година.Ќе им помини.
    Имаше случај во 8 мо, на најдобар другар му го решив тестот,и кога ни ги кажа наставникот оценките,тој имаше 5ка а јас 4 ка.Од тогаш паметот ми дојде и молчам цело време.Учам само за мене,а не за друг.Нека си го загреат столчето веќе еднаш.Не сум гоогле да знам се :)
     
    На AnnaSSnape21 и esperanca им се допаѓа ова.
  4. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Често ме прашуваат да им кажам на тест, ама подоцна ја сваќам грешката -кај што се крајно неблагодарни и не сакаат на тебе да ти кажат, јас ја губам концентрацијата и крш некогаш правам некој тест. Тапа е тоа. Многу.

    Не сакаат да си го помачат задниот сегмент, додека ја се убивам од учење? Епа, не кажувам, гајле ми е.
     
    На Primavera и esperanca им се допаѓа ова.
  5. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    6.712
    не учам многу мнгу ( се гледа - редовна сум тука ) па затоа и несакам да замарам некој да ми кажува на тест да го деконцентрирам и да ми кара во себе ..познавам дека што се утепуваат од учење и сеа ја да им идам на нерви ,дај кажи ми ова кажи ми она ...
    подобро ќе се јавам доброволец ако сум тапа ќе изваам една 3-4 зависи :) и тоа повеќе се поштова :) :)
     
  6. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Значи тоа многу ме нервира, јас цел ден да се отепам од учење, некој да си ужива по кафиња, на фб, и после јас сум должна да му кажувам на тестот, зошто во спротивно сум себична. :| :|
    Прифатливо е, на пример, некој кој исто се отепал од учење, ама на нешто запнал па ако знам и можам, да му помогнам, да го подбутнам или пак некој кој секогаш учи, еднаш не научил и ме замоли за услога да му помогнам. Тоа е пријателство, а не искористување! А тие паразитите што добиваат оценки со туѓ труд, :clap: :clap: може ќе им се посреќи во животот па така ќе си добијат и работа :)
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  7. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    И мене исто така ме нервира бидејќи јас додека сум учела сите они се шетале играле на комјутер, но сепак најчесто им помагам на тест и испрашување(воглавно само на добри другари и другарки). Ама најммногу ме нервира кога ме прашуваат на тест додека пишувам. Затоа од сега им кажувам дека кога ќе завршам само да ме прашуваат. Вчера еден другар не фатил книга и таков го гледам како тресе глупости на тестот и ми падна жал и му го свртев листот и се препиша хаха. Досега само на едно дете му немам помогнато зашто претходниот ден ме исповреѓа и ме понижи пред сите и после др ден на тестот:,, Еј како е ова како е она``.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.904
    Допаѓања:
    81.173
    Пол:
    Женски
    Од многуте "пријатни" искуства со поткажувањата, решив едноставно да ги игнорирам овие желните за помош и да си се сконцентрирам единствено на мојот тест. Значи ми се има случувано да кажам стварно ако некој има потреба, ама еве на пример девојчето што седеше до мене на последниот тест по математика нон стоп ме прашуваше како се разложува ова а она а ова варијација е или комбинација..и ајде ми стана жал кажав, нели може да му се случи на секој, па дојдов во ситуација и јас да прашам, а оваа дотичната не ни погледна во тестот само кажа НЕ ЗНАМ, и продолжи да си пишува. Епа, можела она така - можам и јас! Не дека сум злобна, далеку од тоа, ова за мое лично добро и за мирни 45 минути на часовите наменети за тестирања. ;)
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    ауууууууууу да, мене така една личност ме има наречено пошо не сум кажувала на испит. А шо е најважно, сеа таа истата личност е у стил „кај си срцкаааааааа“...мореее срчка да те изеде :rofl: :lol: а ја сум нешо у стил talk to the hand :devil: :rofl:
     
  10. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Секогаш најпрво се сконцентрирам врз мојот тест. Доколку има простор да му помогнам на оној на кого тоа му е потребно, му кажувам, но доколку нема - не ризикувам. Многу ми е мило кога ќе помогнам на личност за која знам дека тоа го заслужува, но криво ми е за оние ситуации кога сум помaгала на личности кои тоа воопшто не го заслужувале. Памет за другпат! :devil:
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Се случувало да решам на некого и цели тестови, да одвлечам внимание додека тие препишуваат,... јас како нешто во стилот, не разбирам од фотокопирот :D никогаш не сум отишла неспремна на тест, барем не на најавен, и никогаш нема да ги оправдам тие што викаат немав време да научам... колку учење треба бе за една двојка :^)

    Седиме по четворица во редица - заради компјутерите - и обично тие до мене ми се така подобри другарки, па си помагаме меѓусебно :lol: другарка ми од лево учи речиси како мене,... и со неа се надополнуваме... а таа од десно е повеќе забушант, ама нејзе ја опремувам со ливчиња, ем за неа, ем за мене ( за сваки случај :rofl: ) Прво го решавам мојот тест, потоа тоа што не знам соработуваме, организирано мафијашки 8)

    На тие што им покажувам, им покажувам затоа што јас сакам,... затоа што ми се нашле и мене некогаш, за било што,... и затоа што ми се другари/другарки... има специфични расни говеда во класот, кои и да ме отепаат од молење, само викам - многу е долго, нема да ме чуеш :devil:

    Еве пример, минатата недела кога правевме тест, јас решавам, и сите во радиус од 2 метра решаваат по мене... :D а многу ме иритираат кога ќе препишат нешто од мене,... па ќе испадне неточно... и ќе речат, леле па грешно си ми кажала.... па сестрице, напиши сама ако знаеш подобро :^)
     
  12. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Кажувам кога можам и не ми е мака што ќе имаат незаслужена оценка, за тоа сами нека се грижа. Ама многу ме нервира на пример јас сега решавам задачи и тие ме чукаат, ми викаат. Па, не можам да се сконцентрирам така, се бунам! :@
     
  13. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Доаѓаш во училиште спремна за тест, до сабајле си учел, а некој/а друг/а ти вика: Денес тест ке правиме? :^) И цел тест те подбуцнува, те довекува, го врти тестот да препише и на крајот оп - вади добра отценка. :^)
    Секој нареден тест си велам готово овој тест сама ќе си го решам, нема на никого да кажува, нека се потрудат и тие малце, а сепак на тест од една страна пак ми е жал и се чувствувам виновна зошто не сум им кажала, а пак од друга страна зошто не учеле, зошто дома само јас сум тупела глава за на некого на готово да му сервирам?
    Ама ете таква сум, колку да викам дека нема следниот тест да кажувам, да препишуваат и сл, меко срце - ке дадам повторно :D
     
  14. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски

    Најлошо е кога капак на се ако не има дадеш да препишат, одма, стануваш дел, од клубот предавници, бибалици итн. Таква ни е државата, да имаше работа за секој колку што му фаќа глата, немаше ни да се малтретираат на ваков начин, ниту да се тепаат со сила за отценки, не е ссекој способен да заврши факултет, ниту пак средно, секој со своите интереси, не сега кој стигна магистер стана ипосле, стресови заради отценки, па препишување, па лоши отценки, па казни. Ова мора да се смени кога тогаш.
     
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Револтирана од влерашните и денешните случувања орам повторно да искоментирам на темава и овде свечено и јавно да ветам дека никогаш повеќе нема да кажувам! :)
    Правиме тест математика и две девојчиња седнуваат до мене за да им кажувам, иако бев јасна дека прво решавам за мене, а потоа за нив. Е добро, почна тестов, јас уште пишувам име и презиме а таа ме праѓува колку се -3+5. :o Аман си реков, кога стигна дотука...ајде и кажав и цело време ме прашува некои такви задачи. Го решив јас мојот тест и ми вика ајде сега и мојов. Се сменивме, ама звона и немаше време да и решам нешто. Кога ги добивавме тестовите имаше 20 единици, една 2, две 4 и една 5. Меѓу едииците беше и таа. И секако, кој бее крив? ЈАС!! Да бе, јас бев крива што таа не разбирала математика и што не научила. Е тоа беше крај, си реков. Веќе кажување нејзе нема!!!
    Денес господата единичари правеа поправен, а јас и другите двајца со 4 и 5 си решававме други задачи, кои ни ги издиктира проф. за да не им поткаживаме на другите. Друго девојче, кое на претходниот тест сакаше да препише од мене, ама не ја оставив, денес ми ја зеде тетратката, ја напиша задачата и ми вика „На, реши ја!“ :^) Со кое право? Ни молим те, ни ако сакаш... |(
    Ајде и решив две, другарот до мене и реши една и веројатно ќе има двојче.
    Ни мене ни нему фала не ни рече.
    Ми прекипи, готово е! Повеќе поткажување, пишување домашна и сл. НЕМА ШАНСИ!!
    Кој сака повеќе од еден, си има книга и тетратка, мозок и памет, очи, па нека си го загрее дома столчето, а јас да учам за некој друг, no way, no more!!
     
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Абе да, ми се дешава да прашам некое прашање, ама не за секое, ко некои. :^) :!: И ств. е глупо коа ти си учел, и некој доаѓа и ти збори цело време, те прашува, те деконцентрира и не решаваш за себе, туку за него. Или те издава ако препишуваш ако не му дадеш и на него. :@ Шо сум му ја дужна на некој да му сервирам. Иначе еднаш ми се деси да му кажувам на другарот од мене... и он доби највисока оцена у класот, а ја 3. Значи се изнервирав! :fubar: :swear: :o Али таква сум личност шо неможам за било шо да каќам не. :?:
     
  17. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Кога имам научено и некој ме праша едноставно не можам да го одбијам и да речам незнам или немам напишано а го знам прашањето.Понекогаш така си мислам,јас дома сум се утепала од учење и на крај некој што воопшто не фатил книга добива иста оценка како мене.Ама не можам да не кажам.Плус тоа знам како е ако немам научено и ако прашам некого да ми ја сврти главата и да не каже.Затоа кога имам научено кажувам за да кога немам научено и тие мене да ми кажат :lol:
     
  18. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Оооооо малку ли ги има такви...
    Учеш и потоа не и кажеш или и кажеш но не слушнат се лутат и те укривуват дека заради тебе не знаеле оооо... ;(
    И на крајот подобри оценки од мене изваде ;(
     
  19. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    На последниот тест ми се случи да седам во прва клупа со една школска која и знае и незнае. Прашањата која таа ги имаше јас ги знаев а тие што јас ги имав знаев 3 од 5 другите 2 таа ми ги кажа а тие што таа не ги знаеше јас и ги кажав. Кога знам би помогнала секогаш, бидејќи знам дека и мене некогаш ми кажуваат кога се случи да не знам. Но секогаш тоа го добивам од оние од кои и очекувам затоа и на нив им возвраќам на ист начин. Но тие кои не кажуваат а сакаат да им се каже, многу тешко да добијат некој одговор (иако грев ми е да не им кажам па пак кажувам кога гледам во каква ситуација се). Како и да е нека си бидат свесни дека јас не патам заради тоа што ќе им кажам, и не патам за нивното НЕзнаење.

    А на една школска и се случи пред 1 недела да правиме тест, таа имаше тотално се научено. Со таа што седеше ништо не знаеше. Оваа другата и го реши целиот тест и исто и нејзиниот. И на крај таа што не знаеше извади 5 а таа што знаеше 4. Тоа е.
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Сум поткажувала, ми поткажувале... ми се случи во втора средно да правиме финален тест математика, а јас поштено си имав двојче... ми требаше барем преодна оценка да поминам и на мое големо изненадување, едно шмизличе од првата клупа пред мене ми го грабна тестот, ми го стави нејзиниот пред мене, го реши мојот и пак ги смени. Се случи во рок од минутка и пол, изнапиша што можеше и го врати.
    Јас целата во прашалници, добив четворка. :D

    Животот ми покажал дека некогаш помошта доаѓа од оној од кого најмалку очекуваш.
    И јас сум се трудела да помогнам, со ливчиња, со мимики, гестикулации и во средно и на факултет.
    Kарма.
    Па што, зошто да не си помогнеме ако можеме.
    It's all part of the fun :P
    ;)