Секогаш во средно на мене чекаат, се надевам нема да биде така на факултет. Таква ми е околината, сите што седат околу мене не се замараат многу со учење. Битно муабетот ни е погоден па во близина си седиме, ама кога ќе дојдат тестови тогаш на мене паѓа товарот. Имаме во класот девојчиња што учат доста, ама далеку седат од мене па немам шанса некој нешто да ми поткаже. Тие се повеќе, не би сакала така да ги наречам ама бубалици Јас си учам ама и се зезам, не се замарам а они се тресат пред тестови. Особено на англиски и математика, често се случува да решава и туѓи тестови, колку 2че или 3че да извадат.. не може да му иде на сите тоа. Не ми е проблем да поткажам, за возврат пак тие се задолжени ако на нешто не се сеќавам да ѕирнат и да ме потсетат па терам јас
На секој тест чекаат на мене да им помогнам.Обично пред да имаме тест повеќе сум нервозна од тоа што ме замараат, отколку од тоа дали сум учела или не.Не сум бубалица, ама редовно си учам и нормално, имам време за фб, за другарките, за себе...А другите, се вадат на тоа како немале време или ги мрзело, или не знам што...Се нервирам многу кога некој без никаков напор и со препишување ќе добие иста или малку помала оценка од мене, но сепак мислам дека на крајот се дознава кој стварно учи, а кој е паразит(без навреда до тие што се такви на форумов, ама така е )....
Најмногу се нервирам кога на тест некој ми вика да му го кажам 1во 2ро или 10000то прашање. Од такт ме вади. Па чекај малку јас уште во мојот тест се немам видено па камоли да му кажувам. и што после кога ќе ве чуе професорот кој е крив...ЈАС.
Секогаш ме нервирало ова. Па добро бре, треба ли и јас да напишам. И дур не напишам не кажувам на никого. Не сакам мојот труд друг да го користи.
Е ова го мразам. Па јас не учам за тебе бе будало, за мене си учам. Чекај прво да си завршам за мене работа. Па ако можам ќе ти кажам. Ти кога ќе ми помогнеш мене, или дали некогаш си ми помогнал/а? Никогаш. Како паразити! Секогаш поткажувам на "другарчето од клупа". Секогаш седам со некоја што е со знаење токму спроти мене, да знам дека некогаш ке ми поткаже било на тест или испрашување, и обратно. Барем ако ме фати професор, да знам НА КОГО сум кажала. А не да туфкам после леле заради овој бее... Spoiler помогни ми, ке ти помогнам
седам со мојата НАЈдобра другарка.И секогаш јас редовно учам,а таа не учи и очекува од мене. - Нема како да и кажам дека неможам да и кажувам,неможе некој да учи цело време а друг да седи пред компјутер.. Како е најдобриот начин да и кажам,а да не ја навредам?Голема лутка е.
И на мене чекаат, сите Јас да учам да се мачам, тие на готово да си чекаат и пак иста оцена да имаме ! Најмногу ме нервира тоа Ама уште повеќе ме нервира тоа што имам утре тест, лекциите се околу 20тина и никако неможам да ги научам
4 година сум средно и тоа чекање да им кажам баш ми е интересно. Не ме иритира напротив мило ми е што можам да помогнам дури и сум се борела за повисоки оценки на оние што не учеле. Јас си учам за мене и тоа знаење не може никој да ми го земе или да го поклонам на некој. па школски се гледаме на писмена во среда
мило ми е,ама некогаш немаат осет, гледаат дека пишуваш и велиш почекај само да довршам мислата да не ми избега не бе не, упорно ајде бе,лелеее види ја ,дај бе кажи....итд Инаку секогаш кога сум можела ја да сум готова и тестови сум менувала за да помогна, зошто сум махерче за менување на ракопис
Понекогаш ми шетаат по нерви со буцкањето, шепкањето и молењето... Но, секогаш пружам помош. Сум била и од другата страна и знам како е да ти свртат глава. Зашто да не поткажам кога знам, кога можам да помогнам да се добие двојче и да се помине тестот? Освен, ако е некој од оние самобендисаните- Како да не, зашто да учам? Е во тој случај не реагирам, затоашто го пое*ал времето на фејсбук наместо да прочита барем нешто.
Секогаш сум им помогнувала на другите, но мразев кога немале осет. Не поминале ни 5 мин., мојот тест/тетратка е празна, а треба ним да им кажувам!? Отсекогаш сакав прво јас да си напишам, и никогаш не станував, туку чекав да им помогнам, па и тие да завршат. Имав 2 немили случки на факултет: -едната, до мене седеше колешка која појма немаше од Француски, јас и` го решив цел тест, а на крај јас паднав, а таа положи и тоа со сите поени. Да бидам искрена многу ми беше криво, а истовремено и неправедно. -втората, и` помагав на истата колешка со шепотење и мене ме истера асистентот и тоа со речиси празна тетратка! Ваква бев: . Истата колешка положи. Ми беше криво затоа што учев, а и сите прашања ги знаев. Таа колешка гледаше по секоја цена да препише и да положи, никогаш не и` беше гајле за другите.
Секако дека помагам кога знам,дури и тестот го подавам.Никогаш не кријам од другите прашања кои ги знам.Има некои што не даваат ни да зирнеш а тие многу ме нервираат не се колегијални воопшто.
Кога можам помагам, затоа што сакам и мене да ми помагаат Го тргам тестот лево десно, да ми ги видат одговорите. Само еднаш ме изнервира една колешка, позади мене седеше, само што ги добивме тестовите, почна да ме мава по столчето. Е тогаш се заинатив и ништо не и покажав
Зависи кој како се покажал и како заслужил,но кога ќе се подзамислам сепак на крај попуштам и на сите им покажувам.Но ако некој ме има налутено тогаш ќе му помогнам ама со мера...
Со оглед на тоа што се паднав во многу слаб клас, на прсти можат да се избројат тие што учат( меѓу кои сум и јас). Косата ми се крева кога ќе треба да правиме некој тест. Клупите ни се споени, така што по 4 седиме во една редица.. А околу мене и пред мене никој не учи и секогаш е истата песна. Уште не сум го погледнала тестот, а сите околу мене почнуваат да ме прашуваат- "еј кажи ми го ова, кажи ми го она прашање" , па дури и тие што не се моја група. Јас сакам да си го решам тестот, па потоа ако ми остане време да кажам на другите, али многупати ми се има случено да немам време да го решам мојот тест заради другите. Многу се нервирам кога после тестот, си им кажала некое прашање, па уште се лутат,малку им било,не зборат... Ден пред тестот, оговараат, види ја оваа "само учи" а на тестот те молат... И секогаш имаат по некој коментар, многу си безобразна, не ми го кажа она, а ти се реши.Мака ми е од таквите, јас сфаќам дека не можеш понекогаш се да научиш, ама за една 2 да не можеш да научиш и да замараш кого стигнеш - НЕ МОЖАМ ДА ГО СВАТАМ!! И дента кога ќе се делат тестовите, кога ќе добијам 5, згора на се - се љубоморни, и секогаш јас излегувам виновна за нивните единици, затоа што не сум им кажувала.. Седиш дома, учиш, се подготвуваш за тестот, додека некој седи дома на фб и не се замара со училиште и после " Ти си крива за мојата единица"
Секогаш кога можам кажувам, зошто и мене ми кажувале, ама уште пред да почне полагањето велам остајте ме прво јас да напишам, па после има време, ќе ви кажам. Сум останувала и откако ќе го завршам мојот тест за некому да помогнам. Кога прашувам јас некој да ме потсети, гледам да не сум досадна и напорна. На крај краева никој не е должен да ризикува заради мене. Во средно другарката што седеше до мене цело време ме боцкаше "Кажи кажи, побрзо!" што мене многу ме деконцентрира. Ни за мене ќе напишам ни нејзе ќе и кажам. И ме нервираат тие што се лутат ако не си им кажал се од збор до збор. Толку е времето, можам само да те потсетам или да ти кажам во кратки црти. Кога да ти го издиктирам прашање што јас пола час сум го пишувала? Ако не си научил не ти е никој крив.
Јас не чекам на никого, нема што некој да чека на мене. Не е дека никогаш не сум поткажала нешто некому или не сум помогнала, но еве тоа не ми преминало во навика
Многу ретко кажувам , ако веќе сум спремила ливчиња гледам да ги препишам прво јас да напишам се , па после да ги дадам на тој што треба
Јас кажувам само на оние за кои сметам дека некогаш и тие ке ми кажат. Имам една школска одлична е и секогаш кога правиме тест седнува сама. Немој случајно да каже на некој нешто. Океј ја научивме и не ни бараме од неа да кажува, ама она што највеќе ме нервира е тоа што кога таа незнае нешто се врти наоколу и бара да и кажеме. И мене срце не ми дава да не кажам нешто кога веќе го знам и ѝ кажувам. После колку се покајувам јас си знам ама тогаш ете неможам да ја одбијам.