1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога ќе не напуштат...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Saraa, 29 март 2010.

  1. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Тука ќе зборуваме за тоа како се чувствуваме кога некој ќе не напушти, без разлика дали ќе замине од овој свет, без разлика дали само ќе се разделиме и секој ќе си продолжи понатаму во животот...
    Баш ме интересира како вие тоа го доживувате и некои ваши искуства поздрав4е јас почнувам прва....се надевам ке има што да рочитам
     
  2. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Сите ние сме изгубиле некој, и после тоа ни било тешко, јас сум изгубила некои личности кои ми значеле и кои сум ги почитувала многу. Животот продолжува во секој случај, болно е да се соочиме со тоа што некои луѓе ќе ги нема во нашите животи повеќе и болно е тоа што едноставно навиката тие луѓе да ги има до нас, веќе исчезнале од нашите животи. Кога не се покрај мене луѓето кои нешто ми значеле и кога ќе останам без нивното друштво јас плачам, си размислувам дали можеби нешто сум порешила, каде сум погрешила или пак размислувам како можеле тие луѓе тоа да го направат, тажна сум при секоја разделба, меѓутоа најболно е кога некој ќе си замине од овој свет и кога треба да се соочиш со фактот дека тој човек повеќе не е меѓу нас... Многу детално размислувам за се што ми се случува,од кога се разделивме со дечко ми, неможам да престанм да мислам каде е нашата грешка неможам да продолжам со животот понатаму, тешко ми е и едноставно неможам да се најдам во целата ситуација и луѓето околу мене,само се надевам искрено дека мн брзо се ќе помине и дека ќе можам да продолжам понатаму, немам волја за ништо толку сум си повлечена во себе, толку сакам да сакам и да сум сакана, и да ми се случат некои работи, ама изгледа од толку што сакам не ми се случуваат, ез него сум, а со толку мн луѓе околу мене и како да немам никој, незнам како ќе преболам што го немам до мене. Тажна сум и некако безнадежна, ете така главно се чувствувам во моментов.
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Се чувстувам пред се празно... како да ми се крши некој дел од мојот живот...паѓа парче од мозаикот... некако не е потполен...
    Кога дедо ми замина од овој свет бев многу тажна.Бев малечка,но премногу го сакав и сеуште го сакам и цело време бев со него... неможев да се освестам дека го нема,неможев да го допрам,да го гушнам,да му речам здраво,а тој да ме погали со неговите раце и да ме гушне цврсто... времето лечи се... се помирив со вистината... меѓутоа сеуште доаѓаат солзи по моето лице кога ќе се сетам...Но се сеќавам кога ми велеа:„Душо,немој да плачеш,дедо ти сигурно не би сакал да те види расплакана...“ верувам дека ме гледа,дека е блиску и дека се радува на моите успеси... барем би сакала да е така... Меѓутоа тоа е ... животот тече...како и се мора да има свој крај... ќе го видам некогаш...Ах колку би сакала сега во моментов да го изгушкам и да му кажам колку ми фали...
     
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Ова ми е тажна тема, одвај можам да зборувам и кога прочитав ми текна на моето мало сонце, братучед ми кој замина прерано од овој свет. Како ми беше и како ми е и сега:ептееен грдо, со самата помисла дека последно ги видов неговите сини очички и дека бев сведок на таква трагедија ме прави уште потажна и побесна на се ;( Таман имав 13 години, незнаев кај да гледам ,кој да слушам, дали да верувам дека го нема или не, да чекам да ми викне пак или не ;(
    Многу тажно премрежје!Уште и кога ќе ги видам неговите родители целосно се скршувам. Иако сме сите свесни дека животот продолжува...ама мислам дека сепак тој е се уште со нас... а чувствата се искажуваат на различни начини...и тогаш плачев и сега плачам...ама и морам да се смеам, животот е тоа, тажни случки, радости, мора се да се сподели!
     
  5. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Исто се чувствувам јас,но во мојот случај се работи за баба ми ;(
     
  6. simona.a

    simona.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    Ахх темава е баш ко за мене моментално... болна сум, расположението ми е тапа раскинавме со дечко ми и сега сме во фаза на смирување, па се осеќам напуштено и тажно... ама нај нај нај празно и ужасно и никакво чуство на светот е да го изгубиш својот родител... мојот татко почина пред 11 години а јас бев мн мала, и иако тоа што ме уверуваа тогаш е точно, дека никогаш нема да го заборавам, дека тој не сака да ме гледа тажна и дека се со тек на време нема да помине, но ќе биде мн подобро од ден во ден сепак... не е фер.. :( знам како се чуствуваат сите што изгубиле некој сакан, и мој совет е дека времето е најдобар лек и ги лечи сите рани... среќно напуштени душички :(
     
  7. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Јас сум многу емотивна личност и разделбите секогаш тешко ми паѓаат. Изгубив многу драги личности од кои за среќа имам убави спомени и често се сеќавам на нив. Не зборувам само за они кои се починати... ми недостига и личноста со која имав огромно другарство уште откако знам за себе, ја чувствував поблиска и од сестра, но веќе 2 години не контактираме, ми заби нож во грб. Имаме толку спомени заедно, што понекогаш посакувам никогаш да не се случи тоа што се случи.

    Секогаш чувствувам некоја тежина и празнина во градите, не сакам да зборувам со никого, давам отсечни одговори кога некој нешто ќе ме праша. Не се преправам дека се е во ред - го мразам тоа.
     
  8. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    99
    Различна е ситуацијата кога ќе се разделиш од некој и кога ќе загубиш некој. Прво кога раскинуваме со дечко или се разделуваме од некоја личност, постојат милион причини за тоа и тоа го правиме свесно и со наша желба. Штом прекинуваме некоја врска без разлика дали љубовна или пријателска, значи имало причина за тоа, нешто не било во ред што не дозволувало да функционира врската нормално. Е сега тешко е нормално и камен да чуваш дома 10години, па кога ќе го фрлиш ќе ти фали, но тоа е на почетокот додека се навикнеш да живееш без таа личност. Никој не е повреден од самите себе, за да паѓаме во депресија и да си го разнишаме здравјето затоа што некој не оставил или сме го оставиле. Во тие моменти најдобро е да размислиме зошто се случила таа разделба и да се навикнеме на тоа.
    За разлика од овие ситуации, кога ќе изгубиме некој од овој свет е многу потешко и поболно, затоа што тука не станува збор за наша желба, туку за виша сила. Тие болки се подлабоки и потрајни, но сепак времето лечи се, не за џабе се рекло... Таков е животот и мораме да се навикнуваме на се што ни дава и одзема, се додека сме на овој свет.
     
  9. Katja.efremova

    Katja.efremova Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    89
    Болно ми е да зборам за ова...единствено сметам дека вистински ме напуштаат оние кои веќе неможам да ги видам,добрам,гушнам...Кога бев 15 ме напушти една од моите најдобри другарки...неразделни бевме...еден ден замина на оној свет,болно ми е што неможев да и кажам збогум и што не ја гушнав ма незнаев дека ја гледам последен пат...хмм бев и последна личност што воопшто ја виде..таа вечер кога се испративме од излегување...кога ми соопштија престанав да дишам,се загушував и се изгубив, одвај ме освестија...плачев секој ден и секоја ноќ,престанав да јадам да спијам,кога излегував единствено излегував за да се присетам како беше кога на тие места одев со неа....секое место ме потсеќаше на неа...бев скршена,болна,тажна,разочарана и гневна затоа што си замина што неможев да и кажам колку ми значи...ама знам дека таа знаеше...деновите кога склопував очи да одморам ја сонував.... и така цела година....поминаа 4год....и ден денес иако сум среќна и весела се прашуввам колку ќе бев среќна таа да тука..иако тагата веќе не ме обзема секој пат кога ќе се присетам на неа уште ме болат спомените,кога го мирисам парфемот и ги гледам сликите само се смешкам на убавите моменти....најмногу ме боли кога ја видам мајка и..кога ме гушне и ми вели земи ова земи она исто како нејзе да и го давам...е тогаш срцето ми се крши...нејкам да знаете како е...сега често одам на гробот и седам и некогаш зборувам и се чувствувам како да ме слуша...и кажувам како ми е сега..колку пораснав и созреав од нашето последно видување...ја гледам сликата на надгробната плоча и мислам дека ме гледа...тогаш ми се враќаат сите слики од минатото,сите моменти и дружби...болно е кога ќе загубиш некој засекогаш...секој ден живеам со надеж дека ќе се сретнеме некаде во задгробен живот..тоа ме одржува ме прави да бидам весела и покрај болката која засекогаш ќе остане и милион среќни моменти неможат да го избришат тоа шо се случи..може само да ја ублажат болката и да направат да не мислиме постојано на тоа... :(
     
  10. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    8.122
    Пол:
    Женски
    Кога ќе не напуштат не останува ништо освен споменот.Но,споменот редовно доаѓа во пакет со болката,не може едно без друго,па не знаешдали воопшто вреди таков спомен,обременет со болка и горчлив.Па понекогаш со намера да се заштитиш од болка,се трудиш да го потисниш споменот,да го запреташ некаде длабоко во потсвеста.Сепак,и покрај сиот напор,нешто секогаш ќе успее да се протне и да исплива на површината..нешто,ни добро ни лошо,а болно и убаво во исто време.

    И стануваш свесен дека ти недостига.Ти недостига пред да заспиеш,а уште повеќе кога ќе се разбудиш.Ти недостига кога си со други,а уште повеќе кога ќе останеш сам.Ти недостига кога зборуваш,а уште повеќе кога молчиш.Ти недостига кога се смееш,а уште повеќе кога си тажен.

    И стануваш свесен дека тоа е како да имаш жива рана која никогаш нема да можеш да ја излечиш,туку мора да научиш да живееш со таа болка до крајот на твојот живот.И боли,но издржуваш,само заради тоа што така мора.........
    ;( ;( ;(
     
  11. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Се наближува Велигден...Ми недостигаш бабо.Знаеш,во последно време те сонувам,се прашувам како ќе беше сега да си жива.Ми фали да ме гушнеш,да ме разгалуваш.Ми фали се што е поврзано со тебе.Прости ми ако некогаш сум те повредила,не било намерно.Бабичке,секој спомен на тебе ми е болен.Бог те зеде кога најмогу ми требаше.Велат,времето лечи се....Не чувствувам дека е така....Болката е иста како и на денот кога си замина.....Секогаш кога грешам,се чувствувам како да те изневерувам.За некој ден ќе ти дојдам на гробот,ќе ти запалам свеќа.Дај ми знак дека си покрај мене те молам..... ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
  12. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    ;( се наежив. Не може да се споредува раскинување со смрт. ТОА Е ПРВО И ОСНОСВНО! И многу ме нервираат искрено си кажувам кога ги ставаат овие две работи во комбинација. Јас сум имала во фамилија 4 смртни случаи, и нема шанси да споредам со раскинување или некој да ми пека и плаче дека раскинал, незнаејки каква е другата болка.
    Смрт е нешто што не се преболува, секогаш ќе ми биде болно, тешко, секогаш ќе плачам по нив, па со таа болка живеам од 5 години.
    Кога раскинувам, не велам дека не ми било тешко. Сум плачела што се вика сум кубела коси, ко да е само тој, но сум се освестила дека ете не ни идело, дека некој друг ме чека, дека ќе ми биде поубаво. Дека тоа е минливо, ама само еден моќе да ми биде татко, неможам да го заменам, неможам да најдам друг, еден ми е брат, ни брат друг неможам да најдам.
    Само се молам таму каде што се татко ми и брат ми да се срекни.... ;(
     
  13. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    71
    И јас во фамилијата имав доста смртни случаи и тоа се едно по друго. Пред 2,5 години цело лето бев по гробишта :( потоа т.е. пред година и неколку месеци загина еден многу добар другар. Последниве 3 години ми се исполнети со такви случаеви. Тогаш се разделив и со мојата голема љубов, мислев дека нема да издржам. Немаше ноќ а да не плачам. Се ми се собра. Сега повторно се вљубив, но ете пак ме остави љубовта :( :( А јас сум премногу емоционална личност и премногу се врзувам со сите околу мене. Но ете немам среќа. Сега ме теши тоа што ќе слушнам дека моите другарки се среќни во љубовота, на некој начин тоа ме исполнува иако среќата не е целосна. Среќна сум што тој што го сакам барем е на овој свет и можеби е среќен во љубовта ( неможам тоа да го тврдам). За жал во животот се случуваат вакви работи, а ние сме создадени за да исполниме некоја цел на овој свет. Како и да е порано или подоцна сите ќе не нема. Мора да се соочиме со се и да продолжиме понатаму.

    Премногу ми недостасуваат личностите што ги изгубив. Премногу ги сакам!! ;( ;( ;(
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    :( ..me pogodi ova..koga najmalku ke se nadevas ke ti se slucat mnogu ubavi raboti..veruvaj vo toa
     
  15. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    71

    Се надевам ;) Барем надежта последна умира.....
     
  16. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Пред Нова година дедо ми почина .. најмногу го сакав .. секогаш ме бранеше .. кога јадевме сите и не сакав јас да јадам , скришно ми зимаше од чинијата , најдобар беше .. секогаш на моја страна , секогаш бев најдобра и најмила за него..Неможев да поверувам дека веќе го нема .. Неможев ни свеќа да запалам на погребот бидејќи неможев така да го гледам .. Еве ни сега неможам да поверувам дека кога ќе отидам задутре кај баба ми , он нема да биде таму за да искочи од негде и да ми рече кај си ти .. Ми фалат неговите лекции за неговите животинки.. Неможам ете да отидам кај баба ми и да преспијам , неможам сама да отидам .. Празно ми е , болно ..Татко ми ми кажа дека он ме гледа и ме чува .. дека нема зашто да се плашам .. Но неможам .. И татко ми , што го сакам најмногу ..не е тука .. го гледам еднаш во 4-5 месеци ..Се прашувам .. зашто баш тие што најмногу ги сакаме , не се со нас..
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Вака,кога се работи за напуштање,мојата реакција на тоа е зависи од тоа колку ми значела личноста.Едно си сватив во животот било кој и да е,дали е тоа пријател,другар,дечко,дека некои остануваат а други заминуваат,затоа што сите ние имаме различни животи,некогаш ке ни се вкрстат патиштата,а некогаш не.Сум почуствувала како е кога некој ке те напушти на некој начин,некој што сум го чуствувала како дел од мене,барем јас така сум чуствувала,тоа е едно чуство на празнина.Колку било вистина незнам,можеби се лажам,ама нема врска,веќе нема никакво значење.Поради тој факт што го знам и што го осознав дека некој останува или заминува,сум смирена доколку замине или остане,затоа што станав страшно свесна за тоа.Најважно е секогаш било кој човек во нашиот живот што ке се појави,да го прифатиме таков каков што е,ние да бидеме добри спрема него,да имаме разбирање за него,затоа што незнаеш во животот кој ке ти тропне на врата и велам да бидеме добри затоа што незнаеш дали ти ке бидеш тој што ке тропнеш на нечива врата.Животот понекогаш изгледа како кога некој ке ти дојде дома на гости и во зависност од тоа како ке ги примиш или испратиш гостите,така и ке се чуствуваш без разлика ако тие останат или си заминат од твојот живот.
     
  18. FuriousBaby

    FuriousBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Болно е...имав другарка која ми беше како сестра...заедно бевме од бебиња 24/7. Постојано заедно, секаде. Една вечер пред 4 години бев излезена пред куќа со братучедите играв жмурка кога дојде мајка ми и ми ја соопшти страшната вест. Другарка ми починала во сообраќајка заедно со мајка и :worried:hock: Јас во тој момент не знаев што правам...некои моменти ми се скратени не се сеќавам...сега се трудам да не идам на места што ме потсеќаат на нејзе и не сакам да правам муабет за тоа...бегам од вистината...сакам да верувам дека е уште тука, на овој свет и дека ке се врати некој ден и дека се ова е само еден кошмар... ;( ... исто така многу ме погоди смртта на Тоше ;( ;( ;(
    *Why can't we get all the people together in the world that we really like and then just stay together? I guess that wouldn't work. Someone would leave. Someone always leaves. Then we would have to say goodbye. I hate goodbyes. I know what I need. I need more hellos!*
     
  19. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Оф премногу ми е болна темава за да пишувам ;( ;( ;( ;( ;(
     
  20. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    71