Секоја разделба со близок човек е тешка, и носи тага, болка, солзи, разочарување и милион неодговорени прашања. После било која разделба, веќе ништо не е исто како порано. Останува празнина во нас, чувство како дел од нас да ни недостасува, како некој да ни го откорнал срцето од градите. Спомените, и добрите и лошите, остануваат засекогаш, и колку време и да помине, кога ќе се присетиме на некои слики од минатото солзите навираат во очите и не гушат, ноќите се без сон, а деновите се тажни и празни. Тој некој, колку и да е далеку, ни недостасува премногу а сепак е врежан во срцето засекогаш. И таму останува.
Само јас си знам колку ми е тешко. Едноставно тешко ги прифаќам разделбите ИАКО тоа го кријам. Пробувам да продолжам понатаму, се смеам, опкружена сум со различни луѓе... Со тек на време, се' се среди. Одам по она: Надежта последна умира, па затоа и успевам повторно да застанам на нозе.
Во моментов кога ќе го чуеш зборот ....го нема...празнината веднаш се вселува во срцето...ја окупира и ја остава цел живот...е таа празнина не се пополнува,никогаш! На момент ќе заборавиш на нејзе,но секогаш ќе си ја носиш со себе,каде и да си ,таа е дел од тебе! За навек Во моментот кога се појави другар на татко ми ,знаев дека нешто не е во ред...Го кажа неговото име и...веќе знаеш...Но не си велиш...не не,не бил тој...тој-нема шанса...грешка е,друг е....го чекавме на ручек,доаѓа со скарата,ни рече да го чекаме...Клекнав пред неговиот другар и му повторував те молам кажи ми дека е жив,кажи ми .............тој ја наведна главата и пушти солза...мајка ми се онесвести а јас незнаев што да правам...Го зедов мобилниот да му кажам да си дојде...звонев и молев да се јави Ме зедоа да ми стават инекција за смирување и веќе се беше јасно....Тој беше убав како и секогаш,насмеан...Ама како ,како Солзите ми се тркалаат врз компјутерот кога се сеќавам...зошто не сакам да се сеќавам на него таков,не ,не ,не...Му ветивме дека ќе успееме во животот,му кажавме дека најмногу го сакавме го бакнавме за псоледен пат,и татичко го зеде црната земја...Но тој е секогаш во мене и во срцето мое...Тој беше посебен и премногу го сакам....а сега се извинувам но морам да се изнаплачам
Лесни разделби нема.. Разделбите само не прават посилни,ни го зацвртуваат столбот на животот и ни помагаат понатака да пребродиме проблеми,маки...да се соочиме со нив. Не постојат за да сфатиме колку некој ни значи,тоа може да го сфатиме и додека го имаме покрај нас,Таман работа да треба да чекам разделба за да сфатам колку ми значи партнерот. Ако не сум сфатила дур сум била со него, зошто воопшто сум била со него? тие ни помагаат во иднина да одбереме подобар начин како да реагираме во некоја ситуација. Тешки се...но сепак сигурно постојат ради добра причина!
мислам дека нема нешто потешко од тоа што четворицата луге што највеке ги сакав ме напуштија прво мајката на мајка ми, па мајката на татко ми(за неа ептен бев приврзана ми беше омилена баба) па таткото на татко ми, и на крај пред неколку месеци таткото на мајка ми(дедото што највеке го сакав)
за срека не ме напуштил никој до сега многу сум емотиивна па дури кога одам на некоја подолга екскурзија плачам ко будала .. некам ни да помислам на такви работи бидејки сметам дека е многу рано
Животот не е ист со некоја личност и без неа. Сум доживеала и смртни разделби и од оние другите. Кога те напуштаат. И овие другите се поболни. Барем за мене. Драги личности загубив релативно мала. И научив за живеам без нив, не велам не, ама не е исто. Годините минат, чекориш низ животот, доживуваш успеси и посакуваш да можат да те видат, да те гушнат. Доживуваш падови и пак посакуваш тие да се тука, да те гушнат за утеха... Тие имаа соништа, очекуваа многу од мене. Исполнувам, но некако бесцелно. Тие не се тука да ме видат. Дури и да ме гледаат од некој агол од горе, јас не можам да им го видам нивното задоволно лице. А за тоа живеев. Посебно за насмевката на баба ми. Таа жена која не знаеше да се жали, не знаеше да вика, не знаеше да се лути. Таа жена која беше спремна животот и душата да ги даде за мене. И ги даде, ама од жал по мене... А тој, дедо, посакувам да ги вратам годините кога му седев в скут додека неговите гулаби ми јадеа од рака. Посакувам сега да знаев дека е на дуќан, дека можам да појдам. Посакувам пак пред секое излегување да имам на кого да му кажам каде одам... И него го нема. Домот не ми е дом без нив двајца. Тие беа душата на оваа куќа. Сега е како безживотна палата. А оние другите разделби, кога напушташ и си напуштен, кога пред другите се преправаш дека личноста е мртва за тебе, а срцето ти плаче по неа... Тие ми се потешки. Знам дека таа е тука, на неколку часа патување од мене, ама ја нема. Мртви сме една за друга. А сепак, се уште ми фали. Каква е таква е, блиска ми е, преблиска, ја сакам... Можеби таа мене не, ама таа мене се уште ми е како сестра. Се уште не верувам дека најверојатно никогаш веќе нема да се видиме, да се изназборуваме, да се изнашетаме... Ми фали...
Тешкоо тешкооо.. Ме напуштија брачедиве тројца што ги сакав најмногуу на свет..И ми недостига нивв повеќееее... Кога ме напуштија денот многу плачевв што толку болии..и се уште не верував дека си замиина и ете си заминаa но ми помина една година и еве се гледаме преку скајп..но се уште ги мислам на нив.. сакам да ги видам во живо и да ги гушнамм силноо силноо и сакам да дојдет во македонија..НО МИ НЕДОСТИГЕТ!
.. .кога ќе ја почуствуваме тагата на нашата душа,тогаш и ќе знаеме што сме изгубиле.по наш или по туѓ избор......Некогаш го бараме она што го немаме, го зборуваме она што не го мислиме, го правиме она што не го сакаме и ги сакаме оние на кои не им значиме.......секоја разделба е болна,ако е намерна или ненамерна.......посебно онаа кога најмалку се надеваш дека ќе се случи ...... ... .Сe е чудно, сe е тешко. Солзите понекогаш сами доаѓаат и нe задушуваат без причина или можеби така ние си мислиме. Има денови кога и самите не се поднесуваме, а уште повеќе има денови кога и другите не можеме да ги поднесеме. Денови исполнети со болка и тага, денови исполнети со мрак и солзи. Денови кага ја откриваме мрачната вистина,дека разделбата и крајот е тука.....
Многу е тешко да изгубиш некој што го сакаш на пример јас баба ми (на таткоми мајка).Премногу бевме блиски како другарки си бевме се и кажував и секогаш беше тука за мене си одевме сегде,под рака и шетавме ах кога би можела да го вртам времето но неможам
Јас искрено, понекогаш сум толку емотивна што секоја ситница ме погодува и има денови кога ме фаќа огромна меланхолија. Во поглед на губењето на некој, сум имала доста искуства - сум изгубила толку многу блиски другарки и отсекогаш, и кога ми било најдобро, имало еден мал сомнеж колку ова ќе трае и дали воопшто на некој му значам. Можеби јас си ставам се при срце, а и немам некоја голема самодоверба, па затоа секогаш се разочарувам. Сум верувала премногу и сеуште верувам, иако понекогаш се прашувам зошто - кога секогаш ко знам крајот? Зошто повторно и повторно се потчинувам, секогаш се обидувам да оправдам некој друг и истовремено да се обвинам самата? А зошто и го дозволувам тоа? Сум била искрена, поискрена не може да биде, но зошто секогаш ги губам другите? А кога ќе видам, оние што се најчесто најгруби и за кои сите знаат дека воопшто не се грижат за никој, тие се најценети, тие се најсакани... Треба ли и јас таква да станам? Дали треба воопшто да не се грижам за чувствата на другите за некој да се грижи за мене? Сите ми велат ти си предобра, ти си срце, но поради само една грешка или ако речам или направам нешто што не им се допаѓа, наеднаш испаѓам најлоша. Моите грешки не се простуваат, иако јас морам да ги простувам грешките на сите. Јас сум многу толерантна, премногу, а сепак, кога доаѓа до мене, ретко кој е толерантен - веднаш сум обвинета. Тешко е да го знаеш тоа, а сепак треба да се однесуваш нормално. Знам дека малку забегав од темата, ама едноставно сакав да се искажам, иако прочитано во споредба со другите кои зборуваат за некои што не се веќе живи, изгледа толку безначајно...
Страв ми е! Се плашам. Ја сакав најмногу од тетките. Сила која и кога знаеме дека набрзо ќе починеме, собираме сила за нашите деца и се радуваме на нивната свадба. Колку е благородно да си мајка. Мајката се прави за своите чеда. Сигурно многу ги болело. Мене сеуште ме боли. Не сакам да постојат болести.
Јас изгубив многу блиски личности. Оттогаш помина многу време и се научив да живеам со тоа дека никогаш повеќе нема да ги видам. Понекогаш си размислувам како ќе беше да беа живи. Многу работи немаше да бидат какви што се сега. Криво ми е што не дочекаа да ме видат во бело. Кога ќе ја погледнам снимката од свадбата ми е чудно за тие двајца што веќе ги нема меѓу живите. Човек треба да се помири со судбината и да научи да живее без тие личности.