Мерлинка , Офспринг и Хипица ...Поздрав до нив и до сите останати феминки! Ве ловам сите,чупалиња мои мили
Јас кога се зачленив на форумов не ни помислував дека олку ќе се зближам со некои од феминкиве. А не само што сакам да се запознаам, туку со некои од нив ќе си се запознаам. Една Прилепчанка едвај чекам да ја видам, потоа две водолии со кои не осеќам кога поминува времето, па може да ме фати 3, 4, 5 наутро дури да се разделиме Една Охриѓанка која чекам да ме однеси на Канео и да ми каже каде е тоа кукулето за и јас да го тестирам со еден скок. Кумата што ме прекрсти и направи сите овде така да ме викаат, затоа што ако е вака интересна на форум можам да замислам колку е луда во живо. Исто сакам и со две Росоњерки да гледам фудбал и да се изнавивам. Сите до една се прекрасни и уникатни
Има многу интересни ликови на форумов, со кои сакам да се запознаам. Со некои веќе средбите се договорени и едвај чекам да се реализираат Освен тоа би ми било мерак да си удрам една партизанска дружба со девојките кои се горе доле моја генерација - Анат, Ариел, Теодора, Нена, Лолита, Орхидеја, Жапче и секако и Мерлинка ја примаме во друштвото како најголем Ју носталгичар! Не замислувам со пионерските капчиња на ливада негде, море у парк кај Гоцета седнати и правиме, Дај царе војску! И пап слика во Вест - женски чијшто вистински идентитет сеуште не е откриен, во пионерски одела трчаа и го уништуваа тревникот во градскиот парк на Скопје
А што не спречува тоа да го оствариме. Знаеш кој добар штос ќе биде. Ејјј визулека добив! Замишњам пикник, со касетофон, не ЦД плеер не МП3 плеер него баш касетофон и од него ечи Чола и песната Друже тито ми ти се кунемо а после неа иде Брена и Ја сам југословенка.
Грамофон, Нена! Класика. Ги слушаш тоа пукаат звучничињата, пее ли пее Брена, не се предава, ни дожд, ни мрак не ја спречува да ја оживува Југославија.
И ја тоа мислев прво ама па треба и звучници мкнење не е ласно а вака касетофонче и пева Брена Миле воли дискоооооо!!!!!!!!!!!!!!
+ zapche,baguf4e,nena2010 и Phyramide,Unfaithfull18,wolf4e.. ненормално интересни ми се сите овие типки..
Паа вака: Lilit, Trendafilka, Zhap4e, Phyramide, Mims-89, SanjaKricher, Offspring, Sesilija, Wild.Child.. Има уште некоја, ама овие ми се некако посебни Мора да те насмеат тоа чудо невидено Mwah и до останатите феминки
Пирамид, Жапче и Мерлинка Што карактери ќе беа тоа.... Абе да ти е мерак да ги читаш,паметни, умни, модерни, уживам вака виртуелно а можам да замислам колку се пријатни и во живо, кога оние нивни умни досетки ќе ги украсат и со гестикулации бре, бре, бре... Нивните постови ми зрачат со позитивна енергија, Пирамид секое утро успева да ме насмее, и да ми внесе некоја посебна позитивна енергија , Мерлинка со нејзините саркстични коментари ме воодушевува, а и црниот хумор би ни бил заедничка тема , а она Жапчено „вмровско“ со исцрпните и содржајни мислења, верувам дека уста нема да затвори, ама ако барем се што кажува има смисла, вреди да ја слушаш