Многу сеееее Во секој случај има доста интересни ликови кои привлекуваат и се специфични по интересните ставови и мислења, а тука се и оние со доообра смисла за хумор Се препознавте Епа тогаш може да се запознаеме
Значи еве ја мојата листа засега Марамка затоа што е срце мило, а и плус онака да идеме во шопинг за чевли Кате21 затоа што секогаш е тука да помогне и да советува и многу ја ценам. Мимс ми е исто многу мила и баш би сакала да ја запознаам. Дузи, едвај чекам и официјално да ја запознаам а се надевам ќе се случи што поскоро. Она ми е еден фул пакет како треба да изгледа еден пријател, ама баш. Фби ми е синоним за женственост, амбициозност , прекраснотија една мислам дека би имале многу заеднички муабети. Сеси затоа што е Сеси секогаш искрена, директна, а доста реална. Едноставно од типот на луѓе кои најмногу ги ценам, секогаш е тука за тие што ги цени и сака. Имаме ми се чини доста заеднички полиња на интерес И некое Штипјанче би сакала да запознаам, нив баш си ги сакам Заборавив гарант некој, ама ај ќе се сетам пе ќе се дополнам Тие засега
Јас сакам, ама стварно сакам лично да ги запознаам неколкуте исклучително драги девојки од тука со кои се дружам малце повеќе по другиве социјални мрежи (една всушност ) А сакам да ги запознаам плус и Гордана и Кенди, и Тедимече, и Енца...и свите баш
Ами ај јас да ја обновам листата ... Лилит - Дај бе забога да се видиме веќе еднаш, заедно со тоа цветот бодликав, од кога ми се наканувате на гости и никаде ве нема Боависта и Бланка - Ехееее има неисцрпни теми на разговор со нив... Енца69 - Зашто е кул суштество, рулз и и се восхитувам Мимс - Со неа би трачареле до бескрај и назад Дејзи - Зашто ми е многу мила и симпатична Вајлд и Багуфче - За да им плеснам по една васпитна кога ми припаѓаат во депресии . Теди Мечето - За да ја изгушкам домаќински Бројчето - За да и шлакнам и неа васпитна зашто ја нема на форумов Реинбоу - Ама знам дека нема да сака пошто е проклето мистериозно суштество Милки-Кенди - онака, незнам зошто, интересна ми е Тања6 - Зашто многу ни оди муабетот... Нена2010 и Фемина90 од истата причина како за Тања6 Лакримоса бееее - иако ја имам еднаш видено, ама срам ми беше да и се избацам Ете така
Сакам. Лилит Дали е експлозивна и шармантна или е молчелива и мистериозна, ќе дојде ли со цвет на реверот како знак за препознавање или со по една вАспитна ќе ме (не') реши, ако некогаш се решиме за средба... останува прашање на време. Ливинг Глам Сакам да си пружам раче, а ќе го пружам и лиценцето и оките за шминкање. Георгина Зашто си е црна овчичка. Слично ко и јас. По дома. Лакримоса Зашто нема срање кај девојката. Ми изгледа забавна, кул и интересна.
Mех! По намќор поглед ќе ме познаеш,нит ќе те тепам,може морков ќе ти дадам ко Ештон на Натали у ноу стрингс атачд! Ај да се натовариме у воз Скопје-Велес!Ха!Три у едно! Освен мајнен дамен (пф,врска неам од германски) погоре,би уште многу,ал нејќам да именуем,за да не ми речат после пристрасност,ал имам по течение на Вардар од сам Вруток и после прекутрупа накај југозападно ептенски!
Ај јас ќе направам едно списоче кого би сакала да запознаам доколку се решам на ова (Никогаш не се знае) Ариел, ОзбилнаЖена, Ана и Лолита, баш си мислам дека убав муабет би си направиле Ми служат како пример и секогаш со задоволство ги читам. Ни една листа не поминала без Трендафилка, па нема ни мојава Мерак би ми било да си седнеме и конечно да го видам ова толку интелигентно девојче. И Жапче, на почетокот некако ме нервираше ама сега не пропуштам ни едно нејзино мислење. И со ЛивингГлам би сакала да си седнам, сметам дека имаме за што да си поприкажеме Офи, веќе се чувствувам ко да ја знам, ама убаво би било очи во очи да се видиме. А Лилит.. Па би сакала да ја запознаам, ама мислам дека нема да ни оди муабетот, такво чувство имам Заборавив некој со сигурност, ама ќе ја дополнам листава некој следен пат Тедимече ја заборавив(смајлиштосивлепувашамар)
Сите Феминки се посебни, секоја на свој начин. Инаку, долга е листата на тие што сакам да ги запознаам, но еве дел од нив: Вајлд Чајлд - една од помладите Феминки, секогаш интересна и забавна за читање. Дејзи - исто како и Вајлд, имаме доста заеднички теми за разговор. к.и.м - позитивна личност, која знае да те расположи. Кенди - уметничка душа, весела личност. А и сме имале слични ситуации во врска со пријателството и љубовта (забележав во едни нејзини постари мислења, во една тема). И мноооогу други Феминки, ова се само дел од нив.
^ Во листава ја додавам и BeYourself! После анализата што ми ја направи, баш би сакала да ја запознаам, бидејќи знам дека е харизматична и креативна девојка!
Прва на список ми е Љубам-да си удриме по една фотосесија. Па Мерлинка, Жабана, Кенди и Билката. Ме интересира тој изум на форумов наш! Ја заборавив и МацаЛав и Елена!
Ех ако почнам ќе ме фати ноќ а и изгрејсонце .... Сум немала можност да кажам па еве сега да ја искористам ...Јас сум навистина позитивно изненадена од феминките , толку начитаност , изживеаност, посветеност .... Можам слободно да кажам дека 90 % од тука се модерни женски , жени како и да е ... Со огромно искуство , со стил и став кон се и сешто . А тоа секогаш е за Верувајте ми ретки се ваквите .Сум имала контакт со мноооогу од различни возрасти и се тоа... Ама со еден збор се ОГРАНИЧЕНИ Мојата листа ... Напоменувам ги има уште овие помножени со 5 ама морав некои... Трендафилка - Нема што не е кажано ја ценам како посебно важна личност за форумов доколку би ја немале гарантирам и фемина не ќе беше тоа што е Боависта - Да си направиме муабет за фудбал онака машки ми фали таква личност Миме 87 -Што ми беше најголема подршка кога ми беше најпотребна и ме спречи да направам глупи работи и да повлечам потези за кои немаше да си простам цел живот .Фала ти по не знам кој пат Лилитот Зошто е лилитот уникатно , откачено , суштество со страшно добра смисла за хумор. Уникатнба во секој поглед ... Не остануваш рамнодушен или ја мразиш или ја сакаш мислам дека тоа ја следи и во реалноста ... Таков лик е Сефора -Имаме заедничка љубов -Челзи и да ме поднаучи да се нацртам зошто поима немам кул откачено девојче но сепак дама . Не се сомневам дека таква и ќе остане Офи -Искрена до коска не се двоуми во лице да ти каже се што мисли тоа е РЕТКОСТ. Мимс 89 - Секогаш коректна . Да даде совет да помогне , ги обожавам нејзините постови посебно СДК некои постови ми останле врежано во мене ..Дефенитивно би сакала да ја запознаам Кенди , крејзи лејди , Вајлд , Блонд, Виножитката,Marama, Merilin monro ...... се само дел ...