Hipster, Phyramide и Тinkerbelll (со девојката со пицата ) Hipster ми е многу културна, фина и урбана тренди девојка. Секогаш е спремна да даде совет или да помогне ако може. Има сличен вкус како мојот, се гледа дека сака козметика и парфеми Богами, добро знае што е убаво и квалитетно, а јас почитувам почитувачи на убави и квалитетни нешта Phyramide ми е многу приземна, пријатна, принципиелна и секогаш средена девојка со убав речник Имам впечаток дека со неа би можела да зборувам на секоја тема Многу е мила, тоа можам да го заклучам од нејзините мислења, а и секогаш има убав збор за другите феминки. Tinkerbelll, пак, исто така е фина, културна девојка. И таа како Hipster е добар познавач на квалитетна козметика и љубител на парфеми Сака да е средена и дотерана и заклучив дека за многу работи имаме сличен став
Ајде и јас да пишам, покусо да не останам :geek: На листата (која листа Анабело) ја додавам и нашата ни Џинџер. Крајно прибрана и приземјена девојка, со гледиште на работите кое тотално се поклопува со она моето. Каква коинциденција, таман го пишав ова, ете ти ја таа над мене Едит Долго го мислев де, 2 реченици да сврзеш е макотрпна работа
Среќичќе ептен сум среќна што се запознавме конечно, се забораивме на кафе за малку метлите ќе ни ги дадеа да зачистиме Љубам ми е особено интересен лик на форумов, пред некој ден ја читав и препознав навистина интересни особини, башка уметник е девојката
Комшивки сме, комшивке? И тебе ли те разбуди тоа кучето што лаеше после 2 по полноќ цела ноќ низ населба? Може, може... ако ми го дадеш бебенцето твое на гњаважа (штипкање и бацување).
Mоментално сакам гуитар да ја запознаам. Да и дадам неколку камења поклон да си ги наполни џебовите да не лета толку.
Srcekrsacka Ова створение мора да го запознаам . Има работи на кои би сакала да ме научи на пример мува да не ме лази кој што збори и какво мислење има за мене