Инаку зошто си мислела дека сум женско искрено немам појма. Мило ми е доколку ти се допаѓаат моите мислења. Се трудам да бидам само реален и објективен. Имај пријатна и убава вечер.
@Lara 27, @fina erika, @stevemila @0ли @monik55 @@Verba и би сакала кафе со вас, иако не пијам ама би почнала @Bubce38
А како ќе процениш кон кого ќе бидеш искрен? Имам слушнато дека има членови кои си правеле групи на фејсбук демек за дружење помеѓу членови, а всушност се работи за трачарски групи, оговараат други членови Како ли им се губи време. Така што има сешто. Но еве јас имам позитивно искуство. Запознав три мајки на мали деца (од темите на мајките ) со кои имам убаво пријателство.
Не проценувам веќе . Бидејќи нема да доаѓам на форумот и искрено гајле ми е кој е искрен, а кој не е искрен. И баш поради тој ендемски вид кој само знае да провоцира и да омаловажува. А тие што оговараат немаат друга работа и немаат свој живот и затоа го туркаат носот во туѓиот живот односно каде што не им е местото. Мило ми е што што си имала убаво искуство . И еве ќе напоменам уште еднаш дека овде има квалитетни и паметни членови, ама поради одредена багра односно ендемски вид се гуши форумот. Среќа што не почнале да се шират во темите кои уште се позитивни и не успеале и таму да направат збрки. Имај пријатен и убав ден.
@RAF Camora За постот погоре, посебно за ,,ендемскиот,, вид. Во право си. @Kitten Ова, озбилно се дешава? Групи на фб , поточно за оговарање членови. Дното го пробушиле, дефинитивно. Ова е мизерно и за лечење. За запознавање членови- Имам и јас неколку феминки и баш ми е драго поради тоа. Убаво е да шириш пријателства со ,,нормални" луѓе.
@makedonkamak знаеш дека се разминавме пред неколку дена кај Сити Центар? скоро сум сигурна дека беше ти со малата.Мислев да те застанам и да ти речам ејј те поздрави Алекс ама срам ми беше ма
Може си ме видела, бевме минатат недела два дена во Сити на кафе, на тераса бевме.Оти не ми се јави? Од кај не позна хехех по играчките во чашата со вода што ги редеше мојава?
по косите тебе бо бојата (специфична) а те видов и овде а нејзе по локните после видов овде имаше ставено слика од кафето..и си потврдив дека вие бевте