Сите! Предлагам, напролет да напрајме еден настан во паркО и да се извидиме кој сме-шо сме. Да си кажиме в сурат, се' шо сме рекле едни за други на форумов Oh how fun it would be
уште отсега си наточена да се караш/карате. А јас ако те видам само би те гушнал. Две ме нервираа на форумов едната е банирана, другата и заборавив како и беше никот.
Би сакал да го запознаам @staycalm. Интересни мислења има на форумов. Исто така и со @daylight. Многу работи и совети споделува за кои јас сметам дека се доста интересни и корисни.
Што збориш тетко Wild сите ќе се скршиме од ќотек ако се сретнеме сите... Јас со слама под облеката ќе дојдам
Будало едно Нема никој-никого да тепа. Не се секирај. Јас на пример, можи дроб да те напрам по темиве, ама после немам проблем да си седнам на кафе и муабет да си попрајме за површни работи
Како што се разбеснати сите со кавги на секоја можна тема, ништо чудно и во живо да продолжат. Спојлер Саркастична сум.
А тетка, некој ако се пушти да ме тепа, ќе ме одбраниш ли? Оти повеќето како што се напалени овде, ќе сакаат салата да ме направат од тепање ако ме видат Најарно со пушка да дојдам јас, сите да ми се плашат.
Тогаш ништо тетка Wild... И јас се плашам од насилство, затоа и нема да дојдам. Не дека некој го заболе дека јас нема да дојдам, но за секој случај јас да си кажам За да не резервирате без потреба место за мене де.