Би сакала да ги запознаам @Rama @Dream-Girl @Reina.Gitana Шират само позитивна енергија на форумов, не сум ги приметила да се расправаат, ниту да дискриминираат некого. Верувам дека вашите пријатели се многу среќни што имаат пријатели како вас.
Фала на убавите зборови мила и јас би сакала да запознаам мило и приземјено девојче како тебе П.с никој не е совршен, сум имала и јас жолти минути, како овде, така и во реален живот
Засега има две личности кои би сакала да ги упознаам, машко и женско, ќе си дадам малку време пред да ги откријам затоа што постои веројатност да ми расипат утисак во меѓувреме а нејќам да си го повлекувам зборот.
И јас ти благодарам на убавите зборови. Прекрасно е чувството кога си добра личност во мислите на некој, макар што е и виртуелно тоа. И секако, ако и ти сакаш да се запознаеме, можеш слободно да ми пишеш.
@WildMk мислам дека треба еден ресторан и "свадба" со 500 гости да си напрајш. Сите со тебе сакаат. Или автограми на плоштад.
Од многу личности би се разочарале кога би ги запознале во живо, затоа задржете си ја имагинацијата што ви ја создаваат во виртуелниот живот.
Заборајв на поклоно. Ми текна само дека треба да ги наранам и да ги напијам Блесна стипсата во мене, со најсилен сјај
Абе и црвен тепих и сите медиуми присутни, тоа папарци штракаат, камери снимаат, директен пренос во сечиј дом. Некогаш сама себе не сакам да се знам, не знам зошто другите би сакале да ме запознаат?
@koritsaki @buba4e89 @Billy Idol Јасно и убаво ги објаснувате нештата преку мислењата. Ми се допаѓа како ги доловувате опширно но сепак во кратки црти вашите мислења, а и секако тоа дека де се потпираат на пред знаења и факти. Верувам дека и надвор од форумот сте такви личности. Има и други такви членови овде што би сакала да ги запознаам но овие 3 члена најчесто ги имам читано во моите најчесто посетувани теми па затоа таков впечаток ми останал.